3Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност
Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
1Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
3Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра
КултураПијанистот Шкељзен Бафтијари настапи во Центарот за култура во КичевоМладиот пијанист од Тетово, Шкељзен Бафтијари синоќа настапи во Центарот за култура во Кичево, во рамки на манифестацијата „Празнични денови и ноќи". Тој пред малубројниот аудиториум имаше успешен настап на пијаното што пред 18 месеци го донираа печалбарите родум од овој регион. Бафтијари беше задоволен од настапот во Кичево и очекува повеќе гледачи во наредните гостувања. -Третпат настапувам во Центарот за култура во Кичево.Третиот настап го сочинуваа Соната број 23-„Апасионата" од Лудвиг Ван Бетовен, „Либурн Јуполи-Маја" и Унгарска рапсодија број 2 од Франц Лист. Единствено на овој концерт недостигаше малку повеќе публика за да се подобри вкупниот впечаток од ово настан , што за нас музичарите е од исклучителна важност и ни дава повеќе инспирација да дадеме се од себе.Очекувам со секој нареден настап во Кичево да има повеќе публика, како и во мојот роден град Тетово, да се зголемува бројот на љубители на сериозната музика, што единствено може да се забележи во главниот град, каде што постои далеку подолга традиција за присуство на вакви концерти, истакна пијанистот Шкељзен Бафтијари. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Фокус“: Во Скопје е запален автомобилот кој го користеше екс-судијата Ѓоко РистовВо скопската населба Тафталиџе ноќеска целосно изгоре патнички автомобил, кој, според неофицијални информации што ги објави Фокус, го користел судијата Ѓоко Ристов.Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 02:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на територија на карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. „Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, патничко возило „сангјонг“ и деловен објект.. Огнот бил изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје. “ велат од МВР. Ѓоко Ристов е поранешен судија во скопска апелација, против кого се води судски случај за пронајдените 350.000 евра заѕидани во семејната куќа во неготино.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаМисајловски во увид на градежните активности во касарната во ЌојлијаМисајловски во увид на градежните активности во касарната во Ќојлија, градежни инвестиции на армиските објекти низ повеќе касарни.Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон менување на состојбите може да се види и преку објектот во касарната во Ќојлија каде се врши целосна внатрешна реконструкција – прозори, врати, подна облога и реконструкција на сите санитарни јазли во објектот. „Моментално присутни во сите касарни...Се работи и во Велес, се заменуваат покривите насекаде во касарните, правиме нови капацитети во Прилеп согласно модернизацијата, посебни капацитети за тие возила, исто така за артилеријата итн. Се надевам дека набрзо и во Штип ќе дојдете да видите дека целосно направивме таму целосно нови објекти, но продолжуваме и со нови технички документации за следната година“, рече министерот. Додаде дека приоритетите се поставуваат од страна на Армијата и дека ќе се инвестира согласно одбранбениот буџет кој ќе продолжи да расте. Министерот истакна дека во моментов се работи, а ќе се започнат активности и на дополнителни големи инфраструктурни зафати низ сите армиски касарни, како и Воениот стадион, Военомедицинскиот центар, Домот на Армијата, Воената академија. Изминатиот период реализирани се дваесетина инфраструктурни проекти во вредност од над 3,1 милиони евра, додека во фаза на реализација се пет проекти во повеќе касарни со вредност од над 850.000 евра. Во овој момент идентичен проект како оној во касарната во Ќојлија се реализира и во велешката касарна. Во Ќојлија, министерот ги посети и припадниците на Инженерскиот баталјон кои се стационирани во оваа касарна. Армиските инженерци неодамна добија и нова инженериска механизација пристигната во рамките на првиот пакет поддршка преку Европскиот мировен фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурностМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата на планот за производство, тековното и инвестициското одржување, како и следната фаза од ревитализацијата на хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“. Особено охрабрува податокот дека „Глобочица“ веќе има реализирано околу 80 проценти од годишно планираното производство, а само во првата половина од годинава во македонскиот електроенергетски систем испорача 120 GWh електрична енергија – речиси 19 проценти повеќе од планираното. „Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива повеќе сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети, затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем“, истакна министерката Божиновска. На средбата беше презентирана и третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“, која започнува ова лето. Најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, каде се предвидени капитални зафати – замена на генератори, ротори, лежишта и блок-трансформатори, модернизација на хидромеханичката опрема и други активности што ќе ја зголемат сигурноста, ефикасноста и работниот век на постројките. Паралелно се разработуваат и нови развојни проекти, меѓу кои „Глобочица 2“, „Шпилје 2“, пловечка фотонапонска електрана на акумулацијата „Шпилје“, модернизација на регулациониот систем за автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, како и други проекти што ќе придонесат за зголемување на домашното производство на чиста енергија. ХЕЦ „Глобочица“, која е пуштена во употреба во 1965 година, повеќе од шест децении претставува еден од столбовите на македонската електроенергетика. Од почетокот на работата до денес има произведено над 10.500 GWh електрична енергија, а преку досегашните ревитализации нејзината инсталирана моќност е зголемена од 34,5 на 42,5 MW. Министерката Божиновска нагласи дека вложувањата во ваквите капацитети не се само инвестиции во инфраструктура, туку инвестиции во енергетската безбедност, економскиот развој и енергетската независност на државата. „Хидроелектраните се нашата домашна, чиста и стратешка енергија. Тие ја намалуваат зависноста од увоз, обезбедуваат стабилно производство и претставуваат еден од најсилните столбови на зелената енергетска транзиција. Затоа продолжуваме со инвестиции кои ќе обезбедат овие капацитети сигурно да произведуваат и во следните децении“, порача Божиновска.Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook