Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
2Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
КултураПијанистката Мимоза Ќека одржа целовечерен солистички концерт во РимМакедонската пијанистката Мимоза Ќека одржа целовечерен солистички концерт во рамките на Музичкиот фестивал Темпието ,,Concerti del Tempietto’’ во Театро Марчело во Рим, Италија, што се одржува традиционално секоја година.На интернационалниот фестивал учествуваа повеќе од 150 музичари од Италија, Франција, Шпанија, Данска, Холандија, Естонија, Литванија, Латвија, Украина, Словачка, Македонија и Турција. Ќека, на концертот што го одржа на 18 септември, изведе дела од Т. Зографски, К. Дебиси, М. Равел, Ф. Лист. Концертот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Мимоза Ќека (1994) започнува да учи пијано на петгодишна возраст, а основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје. Во 2015 година дипломира на Факултетот за музичка уметност- Скопје, на одделот по пијано, во класата на проф. м-р Тодор Светиев и станува член на Сојузот на Музички Уметници на Македонија. Во 2017 година магистрира на Одделот по музичка интерпретација – пијано под менторство на маестра Лилија Зилберштајн. Активно настапува одржувајќи целовечерни соло - рецитали, и тоа во Музејот на град Скопје, во соработка со КИЦ- Скопје (2013,2015,2017), во рамки на фестивалите ,,Кавадаречка културна есен 2016’’ ,,Златна лира (2012, 2017)’’ ,,Есенски музички свечености (2012,2014) ’’,,Денови на македонска музика 2013’’, концерти на вокално- инструменталниот оддел при ФМУ- Скопје ,,Musica Viva’’, концерти во чест на Франц Лист, Гоце Коларовски, Интернационален фестивал и натпревар на млади пијанисти <<Festival international de piano „Jeunes Talents“>>2015 во Монтрон-ле-Бен, Франција; Сиена летен Фестивал на класична музика (2015,2016,2017), Фестивал на Франкофонијата ,,Солеј’’ 2017 во Созопол, Бугарија, каде ја претставуваше Македонија со целовечерен соло рецитал. Особено се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЕРМС организира свеченост по повод денот на рударитеПо повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.Тагови: Денот на македонските рудари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00
МакедонијаАнгелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупувањеВо изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи, три се се уште активни, четири се под контрола, а 24 се изгПожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00
МакедонијаМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-БлацеМицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. За изградбата на автопатот пред околу еден месец во владата договор потпишаа ЈП Државни патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни европски коридори - 8 и 10 , што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираа тогаш од владата. Автопатот ќе го гради компанијата Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР. Автопатот е со должина од 10,5 километри. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter