Пијанечко-малешевска свадба во Делечво - Канал 5

Пијанечко-малешевска свадба во Делечво

Облечени во народни носии и со домашна ракија, шарени бонбони и погача, тргнаа „канариите“, членови на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, да ги канат делчевци на традиционалната свадба со што почна годинешното 10. издание на културната манифестација Пијанечко-малешевска свадба.

Пијанечко-малешевска свадба во Делечво

На денешната прес-конференција, Зенил Реџепов, кореограф од КУД „Гоце Делчев“ истакна дека со чинот на канење на гостите почнува имплементацијата на свадбарските обичаи со што Делчево оваа недела ќе живее како пред повеќе од половина век, кога се практикувале старите свадбарски обичаи во регионот.

- Главниот дел од манифестацијата ќе се одржи в петок и в сабота, во центарот на Делчево, а оваа недела ќе организираме семинар за изучување на македонските и пијанечките ора. Потоа следуваат подготовките во домот на младоженецот и невестата, по што на ред е месењето на погачата-плетеница. Бидејќи станува збор за јубилејно издание, сакаме пред сите наши сограѓани и гости да ја изведеме традиционалната свадба на сцена и тоа ќе се случува в петок вечер на летната сцена во Делчево, рече Реџепов.

Во сабота, додаде, е главното дефиле на младенците, играорците, приемот кај градоначалникот, додека сите играорци водени од невестата ќе го играат големото свадбарско оро.

- Се е подготвено за традиционалната свадба. Се очекува да пристигнат илјадници гости кои ќе бидат дел од оваа манифестација. Целта е да ги сочуваме од заборав старите свадбарски обичаи. Направивме истражувања на теренот за да откриеме и сочуваме дел од обичаите кои се уште се памтат кај постарите, рече Реџепов.

Годинава свадба со обичаи останати од старите ќе направат Милена Параскова од Пехчево и Драган Аговски од Берово. Освен свдабарските обичаи спакувани како туристичка понуда од регионот, на сцената во Делчево ќе настапат и 15 фолклорни друштва од земјава и странство во рамки на 40. Меѓународен фолклорен фестивал „Делчево 2016“.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и Општина Делчево, а организатор е КУД Гоце Делчев Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посета на претставници од Амбасада на САД во Општина Куманово

На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.

Посета на претставници од Амбасада на САД во Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Фатос Аќифи, денеска имаа средба со претставници од Амбасада на САД во РМ.

На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.

Во пријателска атмосфера гостите се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување и развивање на нови проекти од повеќе општествени области, со акцент на создавање на млади лидери, кои би придонеле за прогресивна и напредна иднина на младата популација, во интерес на граѓаните.

Во прилог на излагањето за капацитетот на Општината, присутните имаа можност да проследат видео – презентација за индустриската зона Новини и Речица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Министерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите.

Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.

СДСМ:  Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра.

Арамијата Мицкоски ги одби.

Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните.

Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните.

Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи.

Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните.

Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците.

Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата.

Тоа е арамиска власт.

Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување.

Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер