Пијана жена удри во семејство, кое се враќало од прослава на Божиќ- преживеа само тригодишно дете - Канал 5

Пијана жена удри во семејство, кое се враќало од прослава на Божиќ- преживеа само тригодишно дете

Тригодишно момче трагично остана сираче кога жена возач, наводно возела во спротивна насока, се судрила со автомобилот на неговото семејство додека се враќале дома од божиќна забава, при што загинале неговата мајка, татко и 5-годишната сестра.

Пијана жена удри во семејство, кое се враќало од прослава на Божиќ- преживеа само тригодишно дете

Младото четиричлено семејство било на меѓудржавниот пат 99 во округот Форт Бенд, Тексас, кога нивното возило било удрено од пијан возач кој возел во спротивна насока околу 2 часот наутро во саботата, според канцеларијата на шерифот на округот Форт Бенд, објави Њујорк Пост.

Лизбет Родригез Контрерас, 27, наставничка, и нејзината ќерка, Камила Пења, 5, починале на местото на настанот, соопшти полицијата.

Таткото, Диего Пења помладиот, 26, и тригодишното момче, идентификувано од членовите на семејството како Диегитo, биле итно префрлени во болница со брза помош, но таткото починал од повредите.

Диегито, опишан како „слатко и невино момче“, останал хоспитализиран во критична, но стабилна состојба, според полицијата и вознемирените роднини.

„Во еден миг, Диегито ги загуби луѓето што го сакаа, го штитеа и беа целиот негов свет. Тој моментално прима медицинска нега, е подложен на операција и продолжува да се бори за негово закрепнување“, напишаа скршеното семејство во кампањата GoFundMe, собирајќи пари за сега детето- сираче.

Возачот на другото возило, 27-годишната Маџести Фејт Ли, е префрлен со хеликоптер во болница и лекувана од повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата соопшти дека алкохолот бил фактор во несреќата, а Ли била уапсена во средата и обвинета за убиство од прв степен во пијана состојба, кривично дело и едно обвинение за напад во пијана состојба.

Таа е задржана во затворот во округот Форт Бенд, а нејзината кауција е одредена на 1.050.000 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер