Пијана репортерка на ЗОИ се тракала по снег (ВИДЕО) - Канал 5

Пијана репортерка на ЗОИ се тракала по снег (ВИДЕО)

Видеото од преносот во живо на австралиската новинарка Даника Мејсон од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина стана вирален хит на социјалните мрежи.

Пијана репортерка на ЗОИ се тракала по снег (ВИДЕО)

Мејсон се приклучи на телевизиската програма на Канал 9 видливо под дејство на алкохол, а по еден неповрзан говор, заврши тркалајќи се во снегот.

За време на нејзиното вклучување во програмата, Мејсон изгледаше необично весело. Зборуваше за цените на кафето и спортските настани, во еден момент споменувајќи ги игуаните, пред да се фрли на грб и да се стркала во снегот.

„Цената на кафето овде е всушност во ред... Мораме да се навикнеме на американските цени... Не сум сигурна за игуаните? Каде води ова? Најчесто, одиме на спорт, има многу работи што се случуваат дома...“ рече Мејсон.

Извинување за непрофесионалното однесување

Недолго откако видеото стана вирално, репортерката потврди дека била под дејство на алкохол и се извини за своите постапки. „Преземам целосна одговорност, тоа не е нивото на професионализам што го очекувам од себе. Добро сум, само веројатно сум малку засрамена“, изјави Мејсон за Би-Би-Си.

Таа објасни и како погрешно ја проценила ситуацијата. „Не требаше да пијам, особено во овие услови. Ладно е, сме на голема надморска височина, а не помогна ниту тоа што не вечерав. Искрено ми е жал и им благодарам на сите за пораките што ги добив“, заклучи австралиската новинарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово

Пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски..

По седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово

По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија.

„Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски.

Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, противпожарните екипи од Скопје и Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев. Во моментов активни се четири пожари, кај Студеничани и Зелениково и околината, Македонски Брод, кај Тамјмиште и Дарда општина Кичево и општина Гостивар кај село Горна Ѓоница., потврдуваат ЦУК..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер