Пијан возач во Турција уби поранешен репрезентативец и кошаркар на Фенербахче - Канал 5

Пијан возач во Турција уби поранешен репрезентативец и кошаркар на Фенербахче

Во турскиот град Датча, кошаркарот Илкан Караман (34), играч на второлигашот Чајирова Беледијеси, загина во сообраќајна несреќа од пијан возач.

Пијан возач во Турција уби поранешен репрезентативец и кошаркар на Фенербахче

Караман на врвот на својата долгогодишна кариера беше турски репрезентативец и настапуваше за истанбулскиот гигант Фенербахче.

Неговата трагична смрт ја потврдија неговите поранешни клубови. Како што пишуваат турските медиуми, Караман стоел на тротоар и чекал пријател кој правел нешто на бензинската пумпа, кога го удрил пијан возач кој изгубил контрола над автомобилот.

Несреќниот Караман починал на лице место. Пред 12 години Бруклин Нетс го избраа како 57-ми пик на НБА драфтот, но тој никогаш не играше во најсилната лига на светот. Во својата татковина играше за Тофаш, Пинар, Фенербахче, Бешикташ и други клубови. Со Фенербахче го освои Купот (2013) и Турското првенство (2014).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? 

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.

Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.

Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. 

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“.

Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз.

Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – ​​задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок.

Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. 

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер