ВЛЕН: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница?
1ВЛЕН: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница?
3Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
Црна хроникаПијан охриѓанец со 2,48 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка во центарот на градот На 31.01.2026 година во 02:55 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Л.С.(52) од Охрид кој се сомничи дека е сторител на кривично дело по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“.Тој, на пресекот на кеј „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, управувајќи патничко возило „Нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Голф“ со охридски регистарски таблици, кое го управувала Г.А.(22) од Охрид. По извршено алкотестирање, полициските службеници кај Л.С. констатирале 2,48 промили алкохол во крвта по што, веднаш му беа одземени возачките документи и беше исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветни пријава, соопшти СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаВЛЕН: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница?По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Одговор не добивме. Пред трагедијата во која во Тетово загинаа 14 лица, нивниот молк продолжува. Во меѓувреме, се отвораат уште повеќе прашања за начинот на кој Обвинителството дошло до заклучокот да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Ислам Абази, кој денес раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, треба пред јавноста јасно и целосно да објасни како е донесен ваков епилог. Од друга страна, Али Ахмети не може да се однесува како ова прашање политички да не ја засега ДУИ. Трагедијата се случи во периодот кога неговата партија беше на власт, а денес, по пет години истрага, семејствата на жртвите сè уште се соочуваат со голем број неодговорени прашања. Вчера побаравме одговори. Денес бараме уште поголема транспарентност. Затоа што затворањето на една постапка не ги затвора прашањата, а молкот на Али Ахмети не ја затвора политичката одговорност. ВЛЕН ќе продолжи да го држи ова прашање отворено пред јавноста, сè додека не се добијат јасни одговори за 14-те изгубени животи во Тетово. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШтерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против ФилипчеПет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите.Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство. Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита. Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок. Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја. Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи. Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент. Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат? По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник. ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години. Без докази. Без пресуда. Без никакви граници. Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец. Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“. Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби. Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и Орбановите 40% од медиумите. Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите. ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини. Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка. Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО! Прес конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЛишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чНа 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter