Пи Диди во затвор правел домашна ракија!? - Канал 5

Пи Диди во затвор правел домашна ракија!?

Некогаш мегапопуларниот рапер, сега контроверзен затвореник  Паф Деди моментално отслужува четиригодишна затворска казна за обвиненија поврзани со проституција. 

Пи Диди во затвор правел домашна ракија!?

Како што објавува „TMZ“, тој предизвикал сериозен проблем со раководството на затворот „Форт Дикс“ кога бил фатен како консумира „домашен алкохолен пијалок“.

Според дополнителни извори, рецептот за истиот „домашен алкохол“ е направен од шеќер, Фанта и јаболка; кога сè ќе се измеша, се остава да врие околу две недели, сè додека не стане пијалок во кој Диди наводно почнал да ужива.

Веста, патем, се појави во локалниот печат, среде размислувањата на службениците во затворот со низок степен на обезбедување да го преместат Диди од стариот блок во новиот блок. Сепак, неколку други инсајдери тврдат дека одлуката е целосно повлечена и дека тој ќе остане таму каде што е.

Еден од службениците одговорни за ширењето гласини за споменатиот медиум изјави дека „нема информации за споменатиот инцидент“.

Претставникот на раперот, сепак, значително „застана“ во одбрана на Шон. Имено, тој целосно ја отпишува драмата.

- Господинот Комбс е фокусиран само на прилагодување на новата средина, работа на себе и дневен напредок. Секогаш кога е во прашање позната личност, а за време на неговиот престој зад решетки, ќе има разни гласини, претерани приказни, а повеќето од нив ќе бидат целосно лажни. Ја молиме јавноста за малку доверба, приватност, за да може да се посвети на својот личен раст и достоинство во мир - изјави тој за „Page Six“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер