АвтомобилизамПежо со предизвик: Ако „уловите“ маскиран Е-3008 низ Европа, добивате награда (ВИДЕО)Peugeot ја најави премиерата на новиот E-3008 за септември, а дотогаш по европските патишта ќе се возат камуфлирани модели.Во текот на летото, Peugeot лансира предизвик на социјалните мрежи со цел да го промовира токму овој модел. Имено, сѐ што од вас се очекува е да „фатите“ камуфлирана копија, да ја фотографирате и потоа да ја објавите на социјалните мрежи со озборувачкиот хаштаг #CamoCatxh и да го означите @Peugeot. Конкурсот трае до 15 август. Веќе паднаа првите улови, а автомобилите се снимени во Швајцарија. Во секој случај, ако сте љубители на Peugeot и електрични возила, вреди да се потрудите. Да потсетиме дека Peugeot претходно ја откри внатрешноста на новиот E-3008, во која доминира голем екран од 21 инчи. Погледот однадвор ја открива купе-формата и нешто почистите линии. Новини се и поистакнатите пластични облоги на браниците, а најверојатно и префинетоста на светлата. View this post on Instagram A post shared by Peugeot (@peugeot) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзборниот законик и европската перспектива во фокус на партиските обвинувањаПо вчерашните прозивки на премиерот Христијан Мицкоски, и лидерот на СДСМ Венко Филипче, партиските штабови и денеска продолжија со меѓусебни обвинувања за Изборниот законик и европскиот пат. На три дена до истек на крајниот рок од исполнување на реформската агенда, од владејачката партија ја повторија нивната позиција дека опозицијата треба да пресече што побрзо и да постигнат договор за нов изборен законик за да се заокружи списокот на обврски. Велат условот за дијаспората останува ист, во спротивно доколку останат старите изборни правила, од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека одговорноста нема да е нивна. -Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората. Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ. - Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Од опозициската СДСМ пак им забележуваат дека целосно кренале раце од евроинтеграциите на Македонија. Потврда за тоа биле изјавите на премиерот Мицкоски, за кој од партијата на Филипче велат дека бара изговори и алиби за неуспех во испорака на вистински реформи. -Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата. - Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ Дали ќе има договор до среда за Изборниот законик најверојатно ќе се знае утре по понеделничката собраниска координација на партиите. Од Левица најавија дека утре ќе се состанат со останатите опозициска партии за да ги усогласат ставовите за Изборниот законик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре ден „Д“ за имињата на улиците на Тетово и за судбината на општинскиот совет Ќе има ли расплет за преименувањето на тетовските улици на утрешната седница на општинскиот совет? Откако Уставниот суд ја поништи одлуката од 2007ма година за која Општина Тетово не добила согласност од Владата за менување на имињата, сега пред актуелниот состав е нова иницијатива од ДУИ. Во неа повторно се предлагаат имињата кои беа во осопорената одлука, но дел се сосема други улици, па затоа предлогот го третираат како целосно нов и очекуваат да биде прифатен од советниците. Од партијата на Ахмети за Канал 5 велат дека тој потег не би предизвикал распуштање на советот, иако според Законот за локална самоуправа, Советот се распушта ако повторно го донесе прописот кој претходно бил поништен или укинат со одлука на Уставниот суд. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи оценува дека неизвесно е дали воопшто оваа точка ќе биде ставена на дневен ред за да се расправа и гласа, а според него неизвесно е како тоа ќе се рефлектира при евентуални нови избори за совет. -И истите се обидуваат од тоа да профитираат, односно ДУИ што ја има направено грешката во минатото, да се обидат да ја поправат но за политичка цел. Но од тоа што вчера видовме дека имаше многу мал број кои излегоа на тој протест, се разбира дека двете структури ќе тактизираат за одлуката утре, но топката е во Влен кои ќе одлучуваат дали ќе одат на предвремени избори за советот на Тетово или не.- Љуљзим Фаризи – политички аналитичар Протестниот марш против одлуката за променетите имиња на улиците кој синоќа се одржа во Тетово беше во организација на ДУИ. Учесниците носеа пароли „Историјата не се брише и улиците зборуваат албански“, Ова е Тетово, а не Белград“, „Титовлен“, пораки кои на крајот ги залепија на влезот од општинската зграда. Денеска од Уставен се огласија преку писмена реакција- да не се политизираат одлуките на судиите, судот нема да подлегне на политички притисоци. -Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка. - велат од судот. Освен во Тетово, иницијатива за промена на улици со имиња на борци на ОНА има и во Чаир, Командант Тели и Зекирија Хасани. Советот дал согласност, но засега нема одговор дали имало и Бадентерово мнозинство, како што налага законот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБрза помош: Во просек по тројца повредени возачи на тротинети на скопските улициПотрес на мозок, повреди на клучната коска, скршеници на раце и нозе, гребаници по лицето.Со вакви повреди најчесто во болница се завршува по пад од тротинет, а Итната медициска помош во просек периодов има по три случаи дневно. Млади луѓе и по забава во кафеана ноќе, се качуваат на тротинет, и бидејќи се во алкохолизирана состојба често завршуваат со посериозни повреди, алармираат од Итната медицинска помош. И движење од 25 км на час може да биде смртоносно, а потрес на мозок е често бидејќи ретко кој носи заштитна кацига, вели д-р д-р Елена Карева Пиловска. При губење на свест по пад од тротинет, треба да се побара итна медицинска помош. Ако лошо се падне особено на глава во наредните 72 часа е неоходна внимателност, бидејќи симптомите може да се манифестираат и подоцна. Д-р Пиловска појаснува дека граѓаните што ќе затекнат лице кое паднало од тротинет треба да знаат дека ако има сомнеж за повреда на р`бетот не смее да се поместува. За ваквите случаи да станат минато се смени и законот, а измените наскоро треба да стапат на сила. Па, малолетниците нема да смеат да користат тротинет, ниту да се возат по двајца, а ако бидат фатени, родителите ќе треба да праќаат најмногу 275 евра казна, а тротинетот ќе им биде одземен. Максимална дозволена брзина на движење ќе биде 20 км на час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook