Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
1Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
2Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
АвтомобилизамPeugeot слави производсво на 500,000 примероци од Peugeot 3008 SUV и 1,000,000 примероци од Peugeot 308На 27 ноември 2018 година, десет илјади вработени во фабриката на PSA Sochaux го прославуваат произведувањето на 500,000 примероци од PEUGEOT 3008 SUV и 1.000.000 примероци од PEUGEOT 308. Овие две возила се произведуваат во фабриката Sochaux и тОд неговото лансирање во октомври 2016 година, PEUGEOT 3008 е вистински успех за Брендот Ова е третото најдобро продавано возило во Франција во 2018 година и со тоа PEUGEOT е лидер во категоријата SUV во Европа заедно со моделите 2008, 3008 и 5008. PEUGEOT 3008 е исто така лидер во сегментот C-SUV за потрошувачите на B2B и на второ место во сите категории на патнички автомобили регистрирани во Франција. PEUGEOT 3008 има добиено шеесет и три светски награди, вклучувајќи ја и престижната награда "Автомобил на годината" во март 2017 година. Поизведени се повеќе од 1.000.000 возила ширум светот од 2013 година и со тоа PEUGEOT 308 е лидер во сегментот C во Франција во 2018 година. Исто така е лидер во С сегментот за В2В потрошувачите и на трето место во сите категории на патнички автомобили регистрирани во Франција. PEUGEOT 308 има добиено повеќе од четириесет светски награди, вклучувајќи ја престижната награда "Автомобил на годината" во март 2014 година. PEUGEOT 308 и 3008 беа развиени од страна на проектните тимови од Sochaux R&D и тестирани на патеките на “Центарот за експериментирање Sochaux / Belchamp”. За да се задоволи побарувачката од овие две возила сега се проиведуваат по 860 примероци на ден од 308 и повеќе од 1000 примероци на ден од 3008. Овие две глобални возила се продаваат секаде каде што е присутeн брендот PEUGEOT. Sochaux треба да произведе скоро 500.000 возила оваа година, а од своето основање оваа фабрика има произведено повеќе од 23 милиони автомобили, главно за брендот Peugeot. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општинатаДенеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво. Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо. Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век. Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други. Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница. Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во БрвеницаПочитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови. Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и СедларцеДенеска остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија. Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook