АвтомобилизамPEUGEOT го претставува својот нов дизајн на изложбениот простор на Саемот за автомобили во Париз 2026 Новиот дизајн кој ќе биде претставен на изложбениот простор ги одразува вредностите на брендот, истакнувајќи го задоволството при возење, францускиот шарм и визијата на PEUGEOT за иднината.Смел, интерактивен и модуларен изложбен простор, кој премиерно ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Париз 2026 и ќе се применува на сите меѓународни и локални настани на кои учествува брендот. Во Хала 4, на простор од речиси 1.300 m², каде ќе бидат претсавени и ќе имаат светска премиера двата концептни автомобили заедно со PEUGEOT POLYGON Concept. Простор посветен на перформансите каде бида и новиот PEUGEOT E-208 GTi, легендарниот PEUGEOT 205 GTi и PEUGEOT 9X8, кој се натпреварува во FIA Светскиот шампионат во издржливост (FIA World Endurance Championship), како и целокупната гама на PEUGEOT. Прес-конференцијата на PEUGEOT ќе се одржи на 12 октомври во 10:10 часот, пред отворањето за јавноста што ќе трае од 13 до 18 октомври 2026 година. НОВ ПОТПИС НА PEUGEOT Спектакуларен, веднаш препознатлив и имерсивен, овој архитектонски концепт е замислен да стане препознатлив потпис на PEUGEOT за неговите најзначајни автомобилски настани, без разлика дали се меѓународни, национални или локални. Овој нов потпис ја истакнува амбициозната цел: да се создаде искуство со брендот кое буди емоции и љубопитност и го приближува секој посетител до производите, иновациите и визијата на PEUGEOT. Концептот е модуларен дизајн и е создаден за да се приспособува на различни формати на настани, притоа задржувајќи моќен и доследен идентитет. ТРИ СВЕТА ВО КОИ МОЖЕТЕ ДА ГО ДОЖИВЕЕТЕ PEUGEOT Спектакуларен простор замислен како доживување Сместен во Хала 4, изложбениот простор на PEUGEOT со површина од 1.291 m² е организиран во неколку јасно дефинирани целини. Над секоја од нив се издигнува впечатлива црна конструкција која го врамува просторот и создава силен визуелен идентитет, насочувајќи го вниманието кон изложените возила. Во централниот дел на изложбениот простор, две посебно уредени зони посветени за најновите модели ги истакнуваат возилата поставени на подиум, надополнети со впечатливи визуелни елементи. Претставен на 12 ноември 2025 година, PEUGEOT POLYGON Concept има свој посебен простор. Два симулатори со Hypersquare® ќе им овозможат на посетителите да откријат нов, поинтуитивен и поагилен начин на управување и од прва рака да ја искусат визијата на PEUGEOT за иднината на i-Cockpit®. Задоволството при возење и перформансите се во центарот на вниманието Во преден план е и спортското уживање во возењето. Новиот PEUGEOT E-208 GTi ќе биде изложен покрај својот култeн претходник, PEUGEOT 205 GTi, во рамките на презентација што го поврзува спортското наследство на брендот со неговата современа визија за перформанси. Друг простор ќе го истакне учеството на PEUGEOT на FIA Светскиот шампионат во издржливост (FIA World Endurance Championship) со PEUGEOT 9X8. Овој Hypercar е олицетворение на високите стандарди, иновациите и експертизата на PEUGEOT SPORT на една од најпрестижните автомобилски натпреварувари во светот. Светлосна патека низ целата гама Широките патеки ги поврзуваат различните светови, создавајќи флуидна рута истакната со светлосна линија. Таа ги води посетителите низ целата гама на PEUGEOT: 208, 2008, 308, 308 SW, 408, 3008 и 5008. Оваа сценографија ги комбинира архитектонската впечатливост, прегледноста и високото ниво на изведба. Таа создава природна поврзаност меѓу концептните автомобили, моделите со високи перформанси и сериските возила, овозможувајќи јасна и кохерентна интерпретација на светот на PEUGEOT. Секоја целина е дизајнирана да ги истакне возилата, истовремено поттикнувајќи откривање, интеракција и лично искуство. На тој начин, изложбениот простор станува вистинско место за средба меѓу брендот, неговите иновации и публиката. ЖИВОПИСЕН ИЗРАЗ НА ВРЕДНОСТИТЕ НА PEUGEOT Овој нов концепт на изложбен простор дава конкретен израз на трите вредности кои го обликуваат идентитетот на PEUGEOT: DRIVING SENSATIONS (Чувства при возење), FRENCH CHARISMA (Француски шарм) и DESIGNED TO LAST (Дизајнирано да трае). Driving Sensations (Чувствата при возење) се изразува преку итензивно доживување, непосредна емотивна врска со возилата и откривање на технологии создадени за искусување на ново ниво на задоволство при возење. Францускиот шарм се отсликува преку смела архитектура, моќната естетска визија и презентација која ги обединува елеганцијата, спектаклот и емоцијата. Designed to Last (Дизајнирано за да трае) е олицетворение преку висококвалитетен, модуларен концепт, наменет за приспособување и реализација на различните саеми за автомобили на кои учествува PEUGEOT. Во Париз, PEUGEOT претставува амбициозна визија во рамките на саемскиот простор: место кое оди подалеку од едноставното изложување на возила и ја оживува секоја димензија на брендот. ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА PEUGEOT НА САЕМОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ПАРИЗ 2026 PEUGEOT официјално ќе го претстави својот нов изложбен простор на прес-конференцијата на 12 октомври во 10:10 часот. Јавноста потоа ќе има можност да го открие целосното ново искуство со PEUGEOT од 13 до 18 октомври 2026 година, во Хала 4 на Paris Expo Porte de Versailles.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00