3Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии....
АвтомобилизамPEUGEOT 9X8 – ИЗВОНРЕДНОСТ СОЗДАДЕНА ЗА ТРКАВо Bahrain при последната рунда на Светскиот шампионат на долги патеки на FIA 2022 година, PEUGEOT создаде видео во кое е возачот на тимот Peugeot TotalEnergies Gustavo Menezes, користејќи интересен трик .Во Bahrain при последната рунда на Светскиот шампионат на долги патеки на FIA 2022 година, PEUGEOT создаде видео во кое е возачот на тимот Peugeot TotalEnergies Gustavo Menezes, користејќи интересен трик за да го претстави својот нов слоган, „Allure Born to Race“ (Извонредност создадена за трка). Високо над меѓународната патека во Bahrain, американецот скокна со падобран од хеликоптер на полициската авијација на Министерството за внатрешни работи на Bahrain пред да слета на патеката и да замине со хиперавтомобилот 9X8 на PEUGEOT. Ова му овозможи на Menezes да се препушти на неговите две главни страсти - мотоспортот и скокањето со падобран. „Кога го правиш она што го сакаш, ништо не може да те спречи! За време на скокот, Jokke Sommer– вистинска легенда на небото – го сними ова извонредно видео. „Jokke е добар пријател и вистински професионалец, способен за такви луди скокови за какви што никогаш не би се обидел, и имам најголема почит за она што го прави. Тој е еден од најдобрите, па беше вистинска привилегија да можам да скокнам со него“, вели Menezes, професионален тркачки возач - кој се натпреварува во Team Peugeot TotalEnergies # 94 9X8 - и исто така сертифициран за скокање со падобран. Овде американецот ни зборува преку своето спектакуларно хоби исполнето со адреналин. Gustavo, кога почна да се занимаваш со падобранство? „Пред неколку години, се сеќавам дека ме погодија некои видеа што ги видов за скокање со падобран, кои навистина ме поттикнаа да пробам сам - не дека ми требаше многу охрабрување, да бидам фер! Од мојот прв скок во 2019 година, имав доволно среќа да учам од некои од најдобрите инструктори. Сум патувал низ целиот свет и скокнав со падобран над неверојатни места. Го сакам зуењето што Ви го дава скокањето со падобран; тоа е слично на чувството што го добивам кога тргнувам на квалификациски круг во 9X8“. Како тркачки возач, Вашата цел е јасно да победите. Која е Вашата цел кога скокате со падобран? „Во мојот професионален живот, да, мојата мотивација очигледно е секогаш да победувам. Тоа е и цел и најголема награда. Кога скокам со падобран, мојот омилен момент е излегувањето од авион или хеликоптер. Таа дел од секундата кога скокам, оставам сѐ останато зад себе. Точно е истото чувство и адреналинот зуи кога излетувам на трка со 9X8 на квалификации, што е врвен тест за необична брзина во тркачки автомобил. Целосно сте фокусирани на таа единствена цел – искористување на целосниот потенцијал на автомобилот со цел да се помине секоја последен илјадити дел од секунда. Тие се многу слични во тој поглед. Главната разлика во мојот случај е тоа што кога сум во автомобилот, јас сум во конкурентна средина, додека кога скокам со падобран, сѐ е до уживањето. Кога скокате со пријателите, имате визија за тоа како сакате да испадне и кога тоа ќе се оствари, се чувствувате многу задоволувачки“. Тркачкиот возач очигледно треба да тренира, но како да се подготвите за скок со падобран? „Како што би правеле за секоја спортска активност, земате лекции кои Ви овозможуваат да напредувате чекор по чекор. Дознавате за ветрот, распоредувањето на падобранот, како треба да го поставите телото и како да летате. Вежбате во тунел со ветер пред Вашиот прв вистински скок, сам, но поврзан преку радио во Вашата кацига со инструктор кој Ве води низ аспекти како што се надморска височина, аглите што треба да ги заземете и како да го отворите падобранот. Колку долго трае скокот, а што е побрзо – слободно паѓање или забрзувањето на 9X8? „Забрзувањето на 9X8 и брзината кога слободно паѓате се всушност прилично слични и ја достигнувате речиси истата максимална брзина. Времетраењето зависи од висината, што одредува колку време имате помеѓу напуштањето на авионот и распоредувањето на Вашиот падобран. Тоа може да варира од 30 секунди до една минута. Самиот скок бара интензивна концентрација, но кога ќе го отворите падобранот, сè одеднаш станува многу помирно. Способни сте да го погледнете песајжот и сè околу Вас додека спокојно лебдите надолу кон земјата“. Дали е лесно да се најдат границите? „Како спортист, секогаш ги истражувате границите. Се обидувате да го постигнете максимумот со притискање на неуспехот- тоа е белег на најдоброто. Овој трик докажува дека кога уживаш во тоа што го правиш, сѐ е можно...“ За PEUGEOT, Gustavo Menezes совршено ги отсликува клучните вредности и на брендот и на неговите клиенти: емоции и извонредност, поврзани со желбата да се додаде малку извонредност во секојдневниот живот. Phil York, менаџер на PEUGEOT за маркетинг и комуникации, вели: „Кога првпат слушнав за овој трик, морам да признаам, мислев дека е малку луда идеја еден од нашите возачи да скокне од хеликоптер и да слета на тркачката патека, но исто така апсолутно ми се допадна! Филмот покажува како привлечноста е многу повеќе од само збор за PEUGEOT - тоа е вродено во ДНК на брендот. Сакаме да ги поместиме границите и да одиме малку подалеку, но во исто време сакаме да се забавуваме – и токму тоа го постигнавме со овој уникатен филм за моторспорт. Нашиот хиперавтомобил PEUGEOT 9X8 целосно ја одразува нашата филозофија на Allure Born to Race (Извонредност спремна за трка). Би сакал да му се заблагодарам на Gustavo Menezes за изведбата на овој прекрасен подвиг – тоа е идеален приказ за овој спој на возбуда и привлечност“. Со цел успешно да се изведе акробацијата, поддршката и помошта на Светскиот шампионат на долги патеки на FIA, меѓународната патека во Bahrain, одделот за полициска авијација на Министерството за внатрешни работи на Bahrain, мајорот Abdulla Alabsi и Jokke Sommer беа непроценливи. Без нив ништо од тоа немаше да биде возможно. Peugeot и Team Peugeot TotalEnergies ја изразуваат својата искрена благодарност до сите нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
БалканШтрајк во Грција. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати...“Работниците во грчкиот јавен сектор, заедно со неколку синдикати од приватниот сектор, денес одржуваат штрајк на национално ниво, барајќи повисоки плати и поквалитетни јавни услуги – потег што предизвика нарушувања во транспортот низ целата земја. Фериботскиот сообраќај кон островите е прекинат, а работата на метрото е запрена во утринските и вечерните часови. Истовремено, откажани се летови на некои регионални аеродроми, бидејќи на штрајкот им се придружија поморци, како и работници од секторите транспорт и телекомуникации. Штрајкот, организиран од најголемиот синдикат во грчкиот јавен сектор, АДЕДИ, бара повторно воведување на годишните бонуси на плата – кои беа укинати за време на грчката должничка криза – како и зголемување на средствата за здравството и образованието. Се очекува вработените во јавниот сектор, од наставници во училиштата до лекари во болниците, во текот на денот да излезат на улиците во Атина и во другите градови за да протестираат и да ја изразат својата поддршка за штрајкот. Овој штрајк во Грција – трет во последните неколку недели – се совпаѓа со растечкиот бран протести на млади луѓе низ Европа, поттикнати од лошите услови во образованието, зголемените трошоци за домување и падот на животниот стандард. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија...“ „Се бориме за значително зголемување на платите што ќе го надомести губењето на нашата куповна моќ“, изјавија од АДЕДИ. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија, ниту пак катастрофалната состојба во јавното здравство и образованието“, додадоа тие. Грција, една од најзадолжените земји во еврозоната, се опорави од финансискиот колапс кој, меѓу другото, доведе до намалување на платите во замена за пакети финансиска помош во вредност од приближно 280 милијарди евра. Иако во последните години платите се зголемија, а даноците се намалија, многу домаќинства сè уште се соочуваат со тешкотии поради наглиот пораст на кириите и трошоците за живот – ситуација која дополнително се влошува поради повисоките цени на храната и енергенсите, што е последица на војните во Украина и на Блискиот Исток. Премиерот ветува божиќни бонуси и повисоки плати Владата на десниот центар, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис – кој беше реизбран во 2023 година, а напролет го очекуваат национални избори – најави даночни олеснувања и субвенции во вкупна вредност од околу 2,2 милијарди евра за оваа година, со цел да им се помогне на граѓаните со ниски примања и на пензионерите. Тој вети божиќен бонус од 500 евра за околу 700.000 државни службеници, почнувајќи од декември 2027 година, како и просечна месечна плата од 1.800 евра во сите сектори до 2030 година – што претставува зголемување во однос на сегашниот износ од околу 1.400 евра. Извор: Индекс.хрТагови: грција штрајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Бутел: Пуштен е во употреба доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштање во употреба на доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“. Добар ден и од мене. Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. Ќе имаме едносменска настава, како што веќе беше споменато. Ние како Влада продолжуваме да ги реализираме приоритетите, продолжуваме да реализираме тоа што е ветено и во рамките на тие проекти е и овој проект, и уште многу други проекти, повеќе од 1.200 проекти, се реализираат како резултат на онаа Програма, каде што децентрализиравме средства од централниот Буџет кон општините. И размислуваме, бидејќи даде ефект, сето ова да го продолжиме и во годините коишто следат, се разбира во зависност од расположливоста на буџетските средства. Од друга страна би сакал да му честитам на градоначалникот за посветената работа, што ја прави овде во Општина Бутел. Би сакал да се заблагодарам на советниците, на администрацијата, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на министерката, Министерството за образование и наука, на колегите од Владата коишто сите се дел од овој проект којшто навистина додава вредност. И убеден сум дека сите заедно вака мотивирани ќе продолжиме и во периодот којшто следи. Уште еднаш им посакувам многу убави училишни денови на дечињата, а на наставниците им посакувам што повеќе знаење да пренесат на учениците. Ви благодарам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ТенисЈаник Синер се јави од болница Еден од најдобрите свтески тенисери, Италијанецот Јаник Синер успешно се подложи на помал хируршки зафат за подобрување на состојбата на неговата илиотибијална лента. Операцијата ја изврши ортопедскиот хирург, професор Лас Лемпаинен. Италијанскиот тенисер сега ќе го започне процесот на рехабилитација во соработка со својот медицински тим. „Во текот на изминатите неколку месеци, мојот тим и јас направивме сè што можевме за да ја санираме повредата без операција. Иако првично имаше многу охрабрувачки напредок, моето колено, за жал, не реагираше онака како што сите се надевавме. Затоа, денес се подложив на помал хируршки зафат за да ја подобрам состојбата на мојата илиотибијална лента. Навистина ми недостасува теренот, а сега ќе го започнам процесот на закрепнување заедно со мојот тим“, изјави Јаник Синер. Се проценува дека периодот на рехабилитација ќе трае три месеци. Синер нема настапено на терен уште од 12 јули и финалето на Вимблдон, на кое победи. Во 2026 година тој одигра шест финалиња и победи на сите шест. Редоследно триумфираше на турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим и Вимблдон, каде што го одигра и последниот натпревар во сезоната.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter