Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
2 Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
АвтомобилизамPEUGEOT 3008 & 5008 HYBRIDPEUGEOT ЈА ПРЕТСТАВУВА СВОЈАТА НОВА 48V HYBRID ТЕХНОЛОГИЈАALLURE: Кон 100% електрифицирана гама на PEUGEOT со лансирањето на 3008 и 5008 HYBRID. EXCELLENCE: Мотор PureTech со 136 КС (100 kW) и менувач e-DCS6. ЕМOTION: Повеќе задоволство при возење и помала потрошувачка благодарение на новата HYBRID технологија. 2023 година навистина ќе биде „електрична година“ за PEUGEOT, со презентација на нови модели и нови технологии во својата гама. Ова ќе го вклучи новиот HYBRID систем дизајниран од Stellantis, кој ќе се понуди кај PEUGEOT 3008 и 5008, пред да се појави кај другите модели. Тој ќе го надополни веќе широкото семејство на електрифицирани мотори, вклучувајќи ги plug-in хибридите, 100% електричните и верзиите со горивни ќелии. Системот PEUGEOT 48V HYBRID се состои од новата генерација на бензински мотор PureTech со 136 КС, заедно со нов 6-степен електрифициран менувач со двојно квачило, а и вклучува електричен мотор. Со батерија што се полни додека возите, оваа технологија обезбедува дополнителен вртежен момент на моторот при мали брзини и ја намалува потрошувачката на гориво до 15% (од 126 g CO2/km кај 3008 и од 128 g CO2/km кај 5008). При урбано возење, SUV од C-сегментот опремен со системот HYBRID може да работи повеќе од 50% од времето во електричен режим со 100% нулта емисија. ЕДНОСТАВНО И ТРАНСПАРЕНТНО РАБОТЕЊЕ Возачот е информиран за работата на хибридниот систем преку PEUGEOT i-Cockpit®, а различните режими може да се активираат автоматски. Во секојдневното возење, моторот со внатрешно согорување и електричниот работат заедно или одделно за да ја оптимизираат потрошувачката на енергија. При силно забрзување, електричниот мотор обезбедува дополнителен вртежен момент на бензинскиот мотор при ниски вртежи. За време на забавувањето, бензинскиот мотор се исклучува и електричниот мотор станува генератор за полнење на батеријата од 48 V. Возилото вози исклучиво со електричниот мотор во режим со нула емисија, во град на кратки дестинации и при маневрирање. ЦЕЛОСНО РЕАЛНИ ПРИДОБИВКИ До 15% помалку гориво и од 126 g CO2/km кај 3008 и 128 g кај 5008. Во споредба со неелектричен бензински мотор со споредливи карактеристики, HYBRID моторот овозможува просечна заштеда на гориво од околу 1 литар/100 km кај SUV од C-сегмент (WLTP комбиниран циклус). Оваа заштеда главно се постигнува во град (- 2,5l/100km) и на пат (- 0,7l/100 km), додека потрошувачката на автопатот останува непроменета. Овие перформанси ги импретираат во просечно намалување од 20 g/km на емисија на CO2 (според комбинираниот циклус на WLTP) кај моделите 3008 и 5008. Кога полнењето на батеријата го дозволува тоа, системот HYBRID овозможува стартување, маневрирање (на пример за паркирање) и возење со мала брзина во густ сообраќај во 100% електричен режим. Во урбано возење, PEUGEOT 3008 и 5008 HYBRID можат да се возат повеќе од 50% од времето во електричен режим со 100% нулта емисија. При поголеми брзини (до 145 km/h), моторот со внатрешно согорување запира кога возачот ќе ја пушти педалата за гас при постојана брзина и кога ја намалува брзината. Кога од возачот се бара да ја преземе контролата при мала брзина, електричниот мотор обезбедува дополнителен вртежен момент со еднократно засилување што го компензира времето на одговор на турбото. Ова ќе избегне спуштање на брзината и ќе обезбеди поголема удобност и динамика при возењето. И кога возачот целосно ќе ја притисне педалата за гас, електричниот мотор обезбедува дополнителни 9 kW (околу 12 КС) моќ. ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ НА 48V ХИБРИДНИОТ СИСТЕМ Сите делови што го сочинуваат овој нов мотор се наоѓаат под капакот на моторот, освен батеријата од 48 V, која е инсталирана под предното лево седиште кај PEUGEOT 3008 и 5008. Бензинскиот мотор 1,2 литри PureTech. Ова е нова генерација на бензински мотор PureTech специјално развиен за оптимална интеграција со хибридизацијата: 3 цилиндри и 1199 cm3, Моќност 136 КС (100 kW) при 5500 rpm, Вртежен момент 230 Nm при 1750 rpm, Турбополнач со променлива геометрија за подобрени перформанси на моторот, Дистрибутивен синџир (ниски трошоци за одржување), Работа на циклусот Miller за подобра топлинска ефикасност при согорување, Стандард Euro 6.e. Менувач e-DCS6 (Систем со двојно квачило). Хибридниот мотор PEUGEOT 48V вклучува нов електрифициран 6-степен менувач со двојно квачило без прекин на вртежниот момент, специјално дизајниран за хибридни системи. Во куќиштето на менувачот се сместени и електричниот мотор, инвертерот и ECU, што ја оптимизира големината и тежината на возилото и гарантира одлични перформанси при возење. е-Мотор Синхрониот електричен мотор со постојан магнет, вграден во менувачот, развива максимална моќност од 21 kW (28 КС) и вртежен момент од 55 Nm. Овозможува возилото да вози 100% електрично при потребите за мал вртежен момент и му помага на моторот со согорување да ја намали потрошувачката. За време на забавувањето, моторот делува како генератор за полнење на батеријата од 48V на хибридниот систем. Исто така, го обезбедува главното стартување на моторот со внатрешно согорување со помош на стартерот. Стартер Овој стартер со напојување од 48 V осигурува дека моторот со внатрешно согорување се рестартира преку придружниот ремен. Овозможува брзи и транспарентни стартови. 48V хибридна батерија Литиум-јонската батерија од 48 V има максимален капацитет од 898 Wh и достапен капацитет од 432 Wh. Дизајнирана е да го одржува истото ниво на перформанси во текот на целиот работен век на возилото и доаѓа со оригинална гаранција од 8 години/160.000 km. Батеријата од 48 V е инсталирана под предното лево седиште. Оваа поставка овозможува многу предности во однос на инсталацијата на задните седишта и значи дека: Целиот внатрешен простор е достапен, Целосниот волумен на багажникот се задржува, Загубите на енергија поврзани со должината на каблите се оптимизирани, Задоволството при возењето е зачувано благодарение на правилната распределба на масите (акумулатор во центарот на возилото). Две електрични мрежи Кај PEUGEOT 3008 и 5008 се вградени две електрични мрежи. Нисконапонска 12V мрежа за напојување на опремата на автомобилот и високонапонска мрежа од 48V за напојување на хибридниот систем. Електричната енергија се произведува исклучиво од е-моторот 48V. Конвертор на DC напон се користи за пренос на произведената електрична енергија на 12V мрежа на автомобилот. Специфичен хардвер Моделите на PEUGEOT опремени со новиот HYBRID мотор имаат специфичен дисплеј. Дигиталниот дисплеј покажува 100% електрично возење (брзиномер во сина боја), протокот на енергија во системот, нивото на полнење на батеријата, неговиот статус на работење преку мерач на моќност (Charge, Eco, Power) и процентот на поминато растојание во електричен режим во секое време или на крајот од патувањето. Покрај тоа, овие модели ќе бидат опремени со AVAS (Acoustic Vehicle Alerting System) кој емитува звук за надвор при брзина до 30 km/h за да ги предупреди пешаците и велосипедистите дека возилото се приближува. Овој мотор го заменува PureTech 130 EAT8 и наскоро ќе биде достапен на други модели од гамата на PEUGEOT, како што се 208 - 2008 - 308 - 308 SW и 408. PEUGEOT 3008 и 5008 HYBRID ќе се произведуваат во фабриката во Сошо и ќе се продаваат во Европа во вториот квартал од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMSМинистерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан. Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски силиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, објави на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави. Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник. Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери. Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16