АвтомобилизамPEUGEOT 208 RALLYМеѓународен спортски и комерцијален успехPeugeot Sport ја прославува продажбата на 802-рото возило на PEUGEOT 208 RALLY (R2 и RALLY4). Овој модел е најпродаваниот автомобил на брендот и референца кај рели автомобилите со погон на две тркала. Ајде да го погледнеме патот до овој меѓународен и единствен успех на овој модел. PEUGEOT 208 R2 е првиот модел на PEUGEOT 208 „RALLY“, лансиран во 2012 година. Овој автомобил со економичен погон на две тркала им овозможува на клиентите да се натпреваруваат на рели патеките со високо ниво на перформанси. Овој модел брзо го најде своето место на пазарот бидејќи PEUGEOT е референца за рели со децении. 208 R2, како и неговиот наследник 208 Rally4, се базирани на серискиот модел 208 кој е најпродаваниот автомобил во историјата на Peugeot Sport, а моделот Rally4 брзо се искачува на рангот! 208 Rally4 беше лансиран во 2018 година и е заснован на последниот сериски модел на PEUGEOT 208 кој ја отелотворува неговата естетска надворешност. 208 Rally4 се натпреварува низ целиот свет, а особено во Европа, Латинска Америка и Блискиот Исток. Според Mayeul Tyl, менаџер на Peugeot Sport Racing Shop, успехот на овој автомобил е благодарение на вредностите на трките на клиентите кои се во срцето на DNK на брендот: перформанси, доверливост и издржливост. Тој е економично возило што е клучен елемент за неговиот успех меѓу возачите и тимовите. PEUGEOT 208 Rally4 го зачува квалитетот на исклучителната шасија од својот лидер и се направи чекор напред во перформансите и доверливоста на својот мотор. Почнувајќи од самиот почеток при лансирањето на проектот Rally4, тимовите на Peugeot Sport ги користеа квалитетите на патниот мотор EB2. PEUGEOT 208 Rally4 е автомобил со кој едноставно се управува, кој бара малку напор за да се постават саканите поставки. Овој модел ги задоволува потребите на сите клиенти кои ќе управуваат со автомобилот, од возачи, инвеститори до механичарите. PEUGEOT 208 Rally4 сега поседува повеќе од 75% од пазарниот удел ширум светот и за François Wales, менаџер на Peugeot Sport, овој модел и неговиот успех е добра насока за промоција на брендот PEUGEOT и особено на серискиот модел 208. На Блискиот Исток и Латинска Америка, PEUGEOT 208 Rally4 е добра маркетиншка алатка со силно влијание за зголемување на видливоста на брендот благодарение на промотивните акции, настаните, изложбите и секако меѓународните првенства во кои е вклучен автомобилот. За да се исполни меѓународниот успех на 208 Rally4 во Аргентина, PEUGEOT отвори „станица“ за производство, зголемувајќи го производството на тие пазари и давајќи им на клиентите од Латинска Америка можност да купат автомобил произведен во нивната област и така да ја поддржат локалната индустрија. Благодарение на естетскиот изглед на автомобилот, близок до серискиот модел, клиентите лесно можат да се идентификуваат со него. Учеството на натпревари со погон на две тркала, зад управувачот на 208 Rally4, им овозможува на младите возачи да ги започнат своите кариери на натпреварувачки шампионати каде што можат да научат многу и тоа во моќен и светски познат автомобил. Благодарение на овој автомобил, неколку возачи успеаа да го достигнат највисокото меѓународно ниво и сега претставува референца за помош за развој на млади таленти. Благодарение на глобалниот успех на PEUGEOT 208 R2, а потоа и на Rally4, како и на неговата признаена технологија, Peugeot Sport е повеќе од кога било референца за погон на две тркала во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter