Петто место за Стефановски во втората трка во Чешка и четврто место во генералниот пласман - Канал 5

Петто место за Стефановски во втората трка во Чешка и четврто место во генералниот пласман

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе втората денешна трка на патеката во чешкиот град Мост ја заврши на петтото место и на крајот во ЕТЦЦ шампионатот е пласиран на 4. место во генералниот пласман.

Петто место за Стефановски во втората трка во Чешка и четврто место во генералниот пласман

Во возбудливото второ возење Стефановски стартуваше како прв, но брзо го загуби лидерското место. Тоа се случи во шестиот круг кога водечката позиција ја презееде Петр Фулин и на чело остана до крајот на трката. Второто место го освои Пламен Кралев од Бугарија.

Во генералниот пласман во ЕТЦЦ шампионатот прв заврши Фулин со 80 поени, пред Норберт Наѓ од Унгарија со 73, додека Стефановски собра 60 поени за четврто место.

Стефановски до последните две денешни трки имаше шанси и за првата позиција во генералниот пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето

Гостивар се уште нема три последователни лабараториски потврди дека водата е безбедна за пиење и приготвување на храна. 

Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето

Краен рок кога ова ќе се случи надлежните не даваат, а најавата дека деновиве низ чешмите ќе протече питка вода останува. Во меѓувреме трае процесот на хиперхлорирање и секојдневно се земаат и испитуваат нови примероци. Премиерот Мицкоски вели очекува што е можно поскоро Гостивар да има бактериолошки целосно исправна вода за пиење, како што посочи, можеби и за првпат во последните децении, а очекува и проширување во истргата за која вели е во тек и одговорноста е веќе лоцирана.

„Очекувам да имаме и проширување во истрагата, одговороноста е лоцирана и се превземаат мерки веќе е обебедена техничка вода за користење сега во мометнот се случува процес на хиперхлорирање кој го вршат екперети од водовод скопје. Секој ден се земаат разни примероци се испитуваат и одиме кон ситуација кога можеби за прв пат во последниве децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење која ќе е бактериолошки исправна... “- Христијан Мицкоски – престедател на Влада.

Состојбата во гостиварско и понатаму е тема на меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата.

И додека за владејачката ВМРО ДПМНЕ - скандалот со водата во Гостивар е како што велат, последница на децениска негрижа на локалната власт, која велат била предводена од СДСМ, ДУИ и Таравари, од опозициската СДСМ и денеска побараа итна политичка и кривична одговорност, јавно објавување на сите анализи, итна интервенција и како што посочија обезбедување чиста вода за сите засегнати населени места.

„ На 11.11.2020 година има извештај од микробиолошка анализа, во кој се вели дека поради зголемен број на колиформни бактерии водата не треба да се користи за пиење. Понатаму, на 01.03.2021 исто така водата не ги задоволува критериумите согласно правилникот за безбедност и квалитет за пиење на вода. 11.07.2022, вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец Гостивар не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. 04.08.2023 исто така вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал.“ - Валентин Манасиевки – портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

„Се уште не се објавува извештај за водата во Гостивар, кој одобри, потпиша и кој гарантира дека „техничката вода“ е безбедна. А Мицкоски и Клековски даваат спротивни изјави. Клековски вели до крај на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие а Мицкоски вели има нова бактерија. Ова е тотален институционален колапс. Резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe.“ - Маја Серафимовска Борозан, СДСМ.

Инаку вчера првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов рече дека резидуалната бкатерија се уште е присутна во градскиот водовод.. според последните информации од здравство состојабата во моментов е стабилна, но во текот на вчерашниот ден регистрирани биле вкупно 60 прегледи. Од министерството велат дека иако на дневно ниво има зголемување сепка вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули кога беа евидентирани речиси 650 прегледи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати мигранти во Шпанија расте!

Најмалку 77 загинати при обид за преминување на границата. 

Бројот на загинати мигранти во Шпанија расте!

Најмалку 77 лица загинаа обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава Сеута, откако дури 50.000 мигранти влегле на оваа мала територија од Мароко, пренесува „Скај њуз“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека станува збор за „повреда на територијалниот интегритет на Шпанија“.

Масовниот прилив на мигранти, кој се случи за само 24 часа, го преплави градот со околу 85.000 жители, предизвика политичка криза во Мадрид и доведе до поделени реакции кај другите земји-членки на ЕУ, вклучително и повици Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната за слободно движење.

Санчез, кој пристигна во Сеута во петокот наутро, изјави дека владата ќе ги искористи сите расположливи средства за да ја гарантира безбедноста на жителите на градот.

Тој за масовното преминување на границата ги обвини „мафиите за трговија со луѓе“, кои ја искористиле одлуката на Врховниот суд на Шпанија.

Судот неодамна пресуди дека лицата пресретнати на море додека се обидувале да влезат во Сеута или во другата шпанска енклава во Северна Африка, Мелиља, не можат автоматски да бидат вратени според посебни правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 30 см подолу и – готови сме: Вучиќ предупредува на нискиот водостој на Дунав

Ако Дунав се спушти уште 30 сантиметри – ние сме готови, ги предупреди своите сограѓани српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Уште 30 см подолу и – готови сме: Вучиќ предупредува на нискиот водостој на Дунав

Евентуалното дополнително намалување на нивото на водата на Дунав може да предизвика голем проблем, изјави Вучиќ.

„Дунав е сè уште пловен по целата своја должина, но на некои места е толку плиток што мораме да градиме премини. Сè што е поврзано со нафтата е пекол за нас. Никаде нема дизел. Што да им кажам на луѓето? Не можете да купите ни еден литар дизел никаде. Нема. Го дадовме од оперативните резерви за да не го извезуваат во регионот“, рече српскиот претседател.

Тој додаде дека Србија ги чува своите резерви. Добро е што ни беа дадени уште 28 дена, 4 недели. „се надевам дека во следните 10 дена ќе разговарам и со унгарскиот премиер и со рускиот претседател – рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер