Петрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат
2Петрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат
3Продолжува потрагата по петмина исчезнати во експлозијата во центарот на Атина во која загина жена (ВИДЕО)
КултураПетти филмски фестивал „WatchOut!“ во ТетовоВо организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“, од денеска до петок во градината на Музејот на поранешната Комунистичка партија во Тетово, кој е во составот на Музејот на тетовскиот крај, ќе се одржува петтиот филмски фестивал под отворено небо „WatchOut!“.На годинaшното издание со свои филмови се пријавиле 240 автори од 42 земји од пет континети. По процесот на претселектирање, стручното жири во состав Владимир Ангелов од Скопје, Салајдин Салихи од Тетово, и Урлиј Вигелман од Германија, избрало 27 филмови кои ќе бидат прикажани во четирите фестивалски денови. - Одбрани беа 27 најдобри филмови што аплицираа во три категории во кои имаме доделено награди. Во категоријата анимиран филм наградена е Вале Комбра Каналес со филмот „Ука“ од Шпанија, во категоријата краткометражни филмови награден е Микел Алварињо исто така од Шпанија со филмот „Tunning Oscar“, а во категоријата документарен филм првата награда ја доби Ханис Багашов од Тетово за филмот „Лица“, изјави Александар Стојановски од ЦБС „Лоја“, додавајќи дека првпат на фестивалот награда добива и домашен учесник. Според Бујар Љума, директор на ЦБС „Лоја“, „WatchOut!“ прераснал во добро познат фестивал и уникатен во регионот по својот концепт. - Фестивалот веќе петта година по ред се финасисра традиционално од Институтот „Гете“ во Скопје, годинава и со поддршка на Американската амбасада и партнер организацијата од Германија „Вустроу“. Петта година по ред „WatchOut!“ и шеснаесетта година по ред „Лоја“ ја исполнува празнината во градот на квалитативен начин но, за жал, досега без никаква поддршка од централни или од локални власти, рече Љума. Фестивалот ќе биде отворен вечер во 19.30 часот во Музејот. Во случај на неповолни временски услови, проекциите ќе се одржуваат во просториите на ЦБС „Лоја“ во Тетово. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваРијана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)Ријана продолжува да ја промовира својата линија долна облека Savage X Fenty. Пејачката и претприемачка објави серија нови фотографии на Инстаграм на кои позира во црвен чипкаст ансамбл од свој бренд. На фотографиите, таа носи црвен чипкаст градник и соодветни гаќички. Станува збор за модели во нијанса Timeless Red, а градникот е направен од еластична чипка, нема постава и има прилагодливи ремени и копче на задната страна. Колку чини комплетот? Цените на производите на Savage X Fenty варираат во зависност од членството и тековните промоции. Сличен црвен чипкаст модел од понудата на брендот, кој е означен и како „Rihanna's Pick“ на нивната страница, чини 56,95 евра за клиенти кои не се членови, додека новите членови моментално можат да го купат за 22,78 евра. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Таа постојано ја промовира својата облека на Инстаграм Новите фотографии се само продолжение на промотивната стратегија на Ријана. Таа редовно ги претставува своите колекции долна облека лично, па неодамна објави фотографии во црно-бел сет со огрмушки, како и во жолто летно издание. Пред тоа, таа позираше во неглиже со животински принт и сет од три дела во корално црвена боја со цветен дезен. Нејзините објави редовно го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници. „Токму тоа ни требаше“, е еден од коментарите. Други напишаа: „Го испуштив телефонот! Ни треба предупредување за оваа голема жештина!“ и „Кралицата се врати“.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Уште едно исполнето ветување, нов Центар за услуги за граѓаните на КочаниМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска е во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. Со отворањето на центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење. Во изјавата за медиумите, Андоновски ја истакна важноста на приближувањето на дигиталните услуги до граѓаните, особено до оние на кои им е потребна помош при поднесувањето електронски барања. „Со овој Центар за услуги им го олеснуваме пристапот на граѓаните на Кочани до услугите на институциите. Овде ќе можат да добијат помош за користење на Националниот портал uslugi.gov.mk, да поднесат барање за потребниот документ и полесно да ги завршат своите административни обврски. Нашата цел е дигитализацијата да биде достапна за секого и да носи конкретни придобивки во секојдневниот живот“, истакна Андоновски. Преку новиот центар, граѓаните ќе имаат пристап до електронските услуги достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk, меѓу кои се издавање извод од матичната книга на родените, документи од казнената и кривичната евиденција, како и услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, Фондот на ПИОМ и други институции. Министерот им се заблагодари на градоначалникот Грозданов и на Советот на Општина Кочани за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека заедничкиот ангажман на централната и локалната власт е значаен за подобрување на услугите за граѓаните. „По бесплатните Wi-Fi зони што ги доби Кочани, денес реализираме уште едно ветување кон граѓаните. Благодарност до градоначалникот и до Советот на Општината што ја препознаа важноста на овој проект и придонесоа за неговата реализација. Со ваква соработка создаваме услови граѓаните побрзо и поедноставно да доаѓаат до услугите што им се потребни“, посочи Андоновски. Градоначалникот Влатко Грозданов му се заблагодари на министерот Андоновски за соработката и за исполнувањето на ветувањата кон граѓаните на Општина Кочани, истакнувајќи го значењето на новиот центар за жителите на општината и околината. Во рамки на работната посета, предвидено е министерот Андоновски да оствари средби и со претставници на компании од ИТ-секторот, како и со членовите на СТЕМ-клубот за роботика од Кочани. Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништатПаниката и хистеријата која ја шират Венко Филипче и талогот од СДС очигледно се резултат на состојбата во која е оваа опозициска партија.Дополнително, во целата оваа ситуација е и тоа што Филипче не може реално да расудува. На Филипче ништо не му чини, ниту еден проект, не сака да види било каков напредок во државата, не се согласува со ниту една идеја која има за цел подобрување на состојбата во државата и стандардот на граѓаните. На Филипче ВМРО-ДПМНЕ му е виновно за се, дури и за случувањата во неговата партијата. Ако на Филипче му е единствен начин на делување хистеријата што ја шири, ако се определил само за критика и напад кон се и сешто, дури и кон некогашни сопартијци, членови и носители во минатото на функции, тогаш навистина е на лош пат. ВМРО-ДПМНЕ како партија која сега ја предводи Владата може само да продолжи со грижа за граѓаните, а Филипче добронамерно го советуваме - очајот и нападите да ги остави на страна. На Македонија и треба силна опозиција, а не како што е сега СДС, партија на која ВМРО-ДПМНЕ ѝ е виновна за сѐ, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05