Петти ден по ред опаѓа бројот на новозаболени во Црна Гора

Бројот на новозаболени од коронавирус во Црна Гора постојано се намалува од 3 април, кога е забележан најголем број случаи во еден ден - 37, соопшти Црногорскиот институт за јавно здравје.

Во последните 24 часа се регистрирани три нови случаи и тестирани се вкупно 167 заболени лица. Вчера од 315 тестирани, коронавирус е потврден кај 8 лица.

Сепак, црногорските здравствени власти веруваат дека е рано да се релаксираат.

"Ова е четврти или петти ден по ред како бележеме помалку случаи и ситуацијата е таква што некој ќе помисли дека успеавме во нашиот план и го потиснуваме ширењето на епидемијата. Не смееме да се опуштиме и да го следиме бранот на оптимизам ", рече епидемиологот од Институтот за јавно здравје на Црна Гора Сенад Бегиќ.

Во Црна Гора, потврдени се 252 случаи на инфекција со коронавирус од 17 март, кога е забележан првиот случај, а две лица починале од ефектите на Ковид-19.

„Во Црна Гора во моментот се лекуваат 41 пациенти, а четворица се на респиратор. Седум пациенти ќе бидат отпуштени од болницата до крајот на неделава“, рече директорот на Клиничкиот центар на Црна Гора, Јевто Ераковиќ, истакнувајќи дека сите пациенти освен оние кои се прикачен на респиратор, се со стабилно здравје.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, кој ја посети општината Тузи, која е веќе две недели во целосна изолација, изјави денеска дека овие мерки биле оправдани, и дека одговорниот став на граѓаните потврдува дека жителите покажале целосна одговорност.

Општина Тузи, со население помалку од 15.000, во еден момент беше центарот на инфекција со коронавирус во Црна Гора, а властите ја ставија во целосна изолација што даде резултати и го запре ширењето на вирусот во областа.

притисни ентер