Петта Розова прошетка - кампања за борба против рак на дојка

На плоштадот „Македонија“ во Скопје и низ цела Македонија, вечерва се одржува петтата кампања за борба против рак на дојка „Напред розово“, што ја организира здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со здружението „Интегритет Алфа и Омега“ и Амбасадата на САД во Македонија.

Претседателката на „Борка“ Биба Додева, нагласи дека целта на кампањата е да се подигне свеста за навремени прегледи и дијагоноза за да може повеќе жени успешно да бидат излекувани од оваа болест.

- Оваа болест не познава дискриминација, не бира ниту по вера, ниту по политичка партија, ниту пак по пол. Во Република Македонија годишно мажи од рак на дојка заболуваат околу 1 процент односно околу 7 до 9 мажи, изјави вечерва Додева.

На настанот присуствуваа и министрите за здравство и за внатрешни работи Никола Тодоров и Гордана Јанкулоска, како и американскиот амбасадор Пол Волерс.

Тодоров информираше дека во Министерството за здравство има посебна програма за заштита од малигни заболувања, во чии рамки е и програмата за скрининг за рак на дојката.

- Секоја жена што сака да се прегледа тоа да може да го направи бесплатно, рече министерот Тодоров, додавајќи оти Република Македонија е една од ретките земји што тоа го овозможува, а во регионот стоиме најдобро во однос на бројот на жени кои имаат извршено прегледи од вкупната женска популација во земјава.

Според Тодоров, Министерството за здравство прави сериозни напори и е фокусирано на превенирање за што е можно порано откривање на оваа болест.

Централниот настан од годинашната кампања, насловена „Напред розово 2013 - чекори против ракот на дојка“, опфати прошетка низ центарот на Скопје со повеќе од 1.500 учесници, по која ќе следува музички хепенинг со настап на жени диџеи.

Пешачејќи три километри, посочуваат од „Борка“ се испраќа порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Како и во минатите години преку продажба на розови производи (маици, алки и други предмети) се собираат средства за реализација на годишните активности на здружението „Борка“ - обезбедување психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на Клиниката за онкологија и торакална хирургија од волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС-линија за помош и поддршка.


Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер