Костадиновски: Потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката
2Костадиновски: Потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката
3ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија
МакедонијаПетрушевски: Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговориВрховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово .Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово. 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година. 4 милиони евра заработил Заев за да му овозможи на прорускиот бизнисмен Дака да гради бетонска џунгла, се вели во аудио снимките на кои Дака и посредникот на Заев, Кичеец разговараат во детали. Затоа, СДС, Заев и Филипче се должни да одговорат дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра? Кога станува збор за криминал и корупција, СДС, Заев и Филипче се спремни да направат се, само да го наполнат сопствениот џеб. ЈО мора да ги истражи овие сомнежи. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛевандовски се претстави во МЛС со два голаРоберт Левандовски ги постигна своите први два гола во МЛС и го предводеше Чикаго Фајр до победа од 2:1 над Шарлот, на својот прв домашен натпревар за новиот клуб.Полскиот напаѓач пристигна во Чикаго од Барселона летово, а на своето деби пред домашната публика веднаш покажа зошто е доведен. Шарлот прв поведе со голот на Пеп Биел, кој погоди по асистенција на Идан Токломти. Левандовски израмни во 20-тата минута со спектакуларен удар од далечина, а во 68-мата минута го комплетираше пресвртот со прецизен удар во долниот лев агол и ѝ донесе победа на домашната екипа. Со тоа, Чикаго ја забележа својата деветта победа сезонава, покрај шест порази и две нерешени средби, а натпреварот имаше и дополнително значење бидејќи тимот играше на својот стадион за првпат по повеќе од два месеци. Шарлот се обиде да израмни во завршницата и имаше корнер во судиското надополнување, но домашниот тим ја задржа минималната предност. Ова беше трет последователен пораз на гостите во дуелите со Чикаго.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на РепубликатаЗа многу години Илинден! Да живее Македонија!По повод големиот празник 2-ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник на АСНОМ, на највозвишениот идеал за Македонија, на борбата за слобода, рамноправност и достоинство. За многу години Илинден! Да живее Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКостадиновски: Потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон РепубликатаПо повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка:По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка: Почитувани граѓани, Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и жртвата на генерациите кои ги поставија темелите на македонската државност. Идеалите на илинденците и на асномската генерација нè обврзуваат да создадеме просперитетна, современа и правна држава, во која институциите ќе постапуваат одговорно, а граѓаните ќе имаат доверба дека нивните права и слободи се сигурно заштитени. Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и јакнењето на правната држава. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот.. Само доколку секој од нас ја чувствува таа должност, уставните права и слободи ќе бидат вистински заштитени, а правната држава ќе биде наша заедничка реалност. Денес повеќе од кога било, потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката. Илинденската идеја не завршува со освојувањето на слободата. Таа продолжува со обврската да ја чуваме истата. Мирот и слободата се неразделни, а праведното општество може да постои само таму каде што владее правото и секој ја презема својата одговорност кон државата и кон Уставот. Нека ни е честит и вековит Илинден – Денот на Републиката! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook