3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
МакедонијаПетрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и ФилипчеТепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори.СДС влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори. Вчера јавноста беше сведок на почетокот на планот на Филипче, кој е правен пред месец дена во Дубаи, на средба со Заев. Тоа е периодот кога кажавме дека Венко Филипче шест дена беше тајно во Дубаи. Советникот на Филипче, Аки Акиов кој вчера повреди вработена во општина Кочани и физички се закануваше на советници, е човек од најголема доверба на Зоран Заев. Еве фотографија од советникот на Филипче, тепачот од Кочани и Зоран Заев. Да го погледнеме видеото како советникот на Филилче, удри жена, најјак работник. Ова ли е иднината која ја нуди Венко Филипче? Тепање и страв? Ова е добро позната тактика на Заев, која сега ја применува Филипче, а тоа е внесување на страв и паника кај народот од локални тепачи, кои се закануваат и сеат страв. Филипче дословно го спроведува планот на Заев, а како дел од истиот е и декларативното осудување на настанот. Наместо лицемерни пораки, еве го предизвикуваме Филипче да побара неговиот тепач од Кочани, Акиов да си поднесе оставка од советот во Кочани и јавно да се огради лично тој. СДС сака да направо хаос во Кочани, каде локални силеџии ќе го плашат народот и држат во грч. Ова семе на злото кое беше посеано вчера во Кочани, има за цел да покрене лавина на насилие. А како масло на огнот се секојдневните прес-конференции на кои се шират лаги и се лиферуваат пораки на омраза и етикетирање. СДС се прочитани, а нивниот план е исечен во корен. Филипче е разоткриен. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Петрушевски: СДС уште еднаш покажа дека е партија која е против градба на железница, против градба на болници и други капитални проекти Прашање: Како ги коментирате ставовите на СДС за изградба на пругата? Одговор: Прес само колку нешто да кажат. Без докази, без наводи, само гола реторика. Тотално без идејни. Останува дека СДС е партија која е против градба на железница, против градба на болници и други капитални проекти. Во СДС очигледно има отворен конкурс за пишување соопштенија, а изборот го прави некој што е на одмор или на целодневна седенка во кафеана, или пак постои интерен натпревар за недоветни и чудни кадри на кој често победува истиот човек, секако со врски и додворувања кај двоецот што го води СДС, Заев Венко. Не сме зачудени што нема сдсмовец кој не се срами од неговата партија и раководството заради што во континуитет ни приоѓаат со изрази и една реченица, на кое дереџе падна ова СДС. Толку од одговорот. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКомпани се враќа на клупата на Баерн: Се чувствувам доброБелгискиот тренер Винсент Компани се враќа на клупата на европскиот фудбалски гигант Баерн Минхен по едномесечно отсуство поради здравствени проблеми. Белгиецот изјави дека се чувствува добро. „Беше многу интензивно. Во тој момент, тоа беше ново искуство. Кога ќе погледнам наназад, сè помина совршено. Добив поддршка и од клубот и од лекарите. Многу сум благодарен. Се обидувате брзо да пронајдете внатрешен мир и да ги чекате резултатите. Тоа беше позитивен процес; сите тестови покажаа добри резултати. Морам да кажам дека сум во многу добра здравствена состојба – направивме многу прегледи и сè беше во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и пресреќен сум што сум повторно со тимот“, изјави Компани за веб-страницата на клубот. Во петок, Компани ќе го предводи Баерн на натпреварот од 10. коло во Бундеслигата против Келн. Минатиот месец, за време на еден тренинг, Компани имаше здравствен проблем поради кој пет дена помина во болница. Тој се лекуваше од иритација на мозочните обвивки – воспаление на ткивото што ги опкружува мозокот и 'рбетниот мозок.Тагови: Баерн М. Компани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТрагичен крај на холивудски актер: Почина откако го удри автомобил пред домот во Лос АнџелесХоливудскиот актер Лари Поиндекстер починал синоќа, на 66-годишна возраст, неколку дена откако бил удрен од автомобил додека ја преминувал улицата во населбата Студио Сити во Лос Анџелес, каде што и живеел. Според медиумските извештаи, актерот бил во болница и чекал операција поради скршени ребра, кога ненадејно починал. Поиндекстер е роден во 1959 година во Далас. Неговиот татко, Х. Р. Поиндекстер, бил дизајнер на осветлување и сценографија, добитник на наградата „Тони“, а мајка му, Сју Ен Ердман, била оперска пејачка. Првата телевизиска улога ја добил во 1982 година во една епизода од серијата „A New Day in Eden“, а првата улога во сапуница ја остварил во 1984 година, кога го толкувал ликот на Бен Велч во осум епизоди од серијата „Days of Our Lives“, пренесува „Entertainment Weekly“. Во 1980-тите години, Поиндекстер се појави во поединечни епизоди од сериите „Happy Days“, „CHiPs“, „Silver Spoons“ и „Growing Pains“, пред да го толкува ликот на Џастин Мур во 23 епизоди од серијата „Santa Barbara“ во 1986 година. Меѓу другите улоги, тој се појави покрај Семјуел Л. Џексон и Колин Фарел во филмот „С.В.А.Т.“ (S.W.A.T.) од 2003 година, а имаше и мала споредна улога во филмот „Повторно 17“ (17 Again). Тој, исто така, настапуваше и во театар; зад себе Поиндекстер ги остави сопругата, кастинг-директорката Керол Крицер, и нивните синови близнаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и козиСогласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест. Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци и кози, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook