3Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаПетрушевски: Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијатаСДС денес уште еднаш покажа дека за нив нема ништо свето – ни болка, ни сочувство, ни национална трагедија.Додека целата држава жали, тие се служат со подмолни политички калкулации. Наместо да покажат државнички дух, СДС одбраа да поставуваат прашања за кои и самите добро знаат дека се дел од активна истрага, предводена од институции што работат со целиот капацитет и со огромна свесност за големиот интерес на јавноста и општеството за брзи, но праведни резултати. Сепак, ценејќи ја јавноста и настојувајќи по секоја цена да го оттргнеме и најмалиот сомнеж, јасно истакнуваме дека Владата и органите за истрага од првиот момент реагираа – има веќе голем број на приведени лица, а истрагата продолжува со несмален интензитет. И тоа, за разлика од минатото, со обиди за откривање на целосната вистината, а не со алиби-објаснувања за „кабли“ и „шасии“ како главни виновници за трагедиите што во минатото ни се случуваа. СДС прашува: „Зошто не се притворени началници, командири, инспектори?“ Ова не е судење со толпа. Правдата не е циркус, туку процес. Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. Главната дилема е – зошто истото судство, истото обвинителство, создадено во времето на СДС и ДУИ, денес работи со поголема посветеност? Одговорот е јасен: Затоа што Владата денес не се обидува да сокрие, туку да расчисти. Не се издаваат наредби по телефон, не се читаат имиња од тефтерчиња и не се прикриваат трагедии со смешни извештаи. Да потсетиме – за време на трагедиите со Беса транс, Ласкарци, модуларната болница – немаше ниту еден притворен функционер, ниту едно поднесено обвинение. Виновни беа „каблите“, „возачите“, „времето“ – и никогаш системот. Затоа што системот беше под заштита на Заев и Ахмети. И денес, голем дел од човечката инфраструктура во судството и обвинителството е сè уште составен дел од таа мрежа. Станува збор за кадри кои беа поставувани по познати тефтерчиња, кои имаа партиска лојалност, а не професионален интегритет. Но, за разлика од порано, денешната власт не им наредува како да постапуваат, туку бара правда – без разлика кого ќе допре. СДС говори за „селективна правда“, но токму тие се симболот на таа селективност. Не можат да го извадат народот на улица со лаги, затоа што народот добро памети. И токму затоа сега сакаат да го претворат гневот во политичка стратегија, да го насочат револтот кон Владата, надевајќи се дека повторно ќе се вратат на власт преку улица – а не преку избори. Апелираме до јавноста: ова не е битка помеѓу партии. Ова е битка за правда. И институциите ќе ја истераат до крај. Ќе има одговорност – и индивидуална и институционална. Но, нема да има дозвола за манипулација, за злоупотреба на жртвите, и за ново сценарио за дестабилизација во момент кога државата се обидува да застане на нозе. На самиот крај, ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство со сериозност да ги земе предвид сите укажувања на јавноста и медиумите, и секаде каде што постојат реални аргументи и докази за инкриминираност и евентуална одговорност – без разлика на личноста, функцијата или партиската припадност – да постапи соодветно, брзо и во согласност со законот. Се надеваме дека СДС и ДУИ имаат доверба во обвинителството кое самите го избраа, и ги повикуваме – како што ја имаа таа доверба при неговиот избор – така и сега да се обратат таму, а не преку прес-конференции и политички маневри. Ние ги охрабруваме сите институции да постапуваат строго според законите и моралните начела, без милост кон никого што има директна или индиректна одговорност. Истовремено, очекуваме дека никој нема да создава интриги и манипулации со истрагата со цел Владата да биде нападната, бидејќи сме уверени дека ова мора да биде заедничка битка против нечесните – без оглед на партиска припадност, функцијата или етничката основа. Вистинските критики ги почитуваме, и апелираме до институциите да ги земат сериозно, да ги анализираат, и доколку постои основ, да постапат веднаш и доследно. Ова мора да биде пресвртница од која нема враќање – момент кога општеството ќе се издигне и ќе постави нови темели врз вистински вредности. Во спротивно, државата ќе пропадне. Но веруваме дека со одлучност, посветеност и чесен пристап – Македонија ќе победи. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден. Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“. Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт. На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир. Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот. Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата. Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето. Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“. Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна. Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател. Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди. Таа е осудена на две години затвор. „Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки. „Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.Тагови: кокаин мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
СветМистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле. Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат. Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“. Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот. View this post on Instagram A post shared by Fox News (@foxnews) „Барале вредни предмети“ Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција. Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот. Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот. Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.Тагови: Њујорк канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook