Петрушевски: СДС повторно ја користи трагедијата за политичка пресметка - Канал 5

Петрушевски: СДС повторно ја користи трагедијата за политичка пресметка

Но првпат институциите приведуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност.

Петрушевски: СДС повторно ја користи трагедијата за политичка пресметка

СДС повторно се обидува трагедијата во Кочани да ја искористи за дневно-политичка пресметка, по шаблонот на нивната добро позната некрофилска политика што ја практикуваа и во минатото.

Додека институциите, јавноста и целата држава се обединети околу вистината, одговорноста и почитта кон жртвите, СДС одбира да напаѓа – не затоа што имаат аргументи, туку затоа што се исплашени од сопствените тефтерчиња.

Оние што денес поставуваат прашања, седум години не понесоа никаква одговорност за трагедии како Ласкарци, Беса Транс, Модуларната болница и десетици други случаи каде единствено „виновни“ беа кабли, шасии и неименувани несреќи. Тогаш, не само што немаше приведени, туку и Обвинителството беше под директна партиска контрола.

Да потсетиме, токму ова обвинителство и судство е дел од мрежата тефтерчиња на Заев и Ахмети, кои ги вработуваа и унапредуваа луѓето не по заслуга, туку по партиска подобност. Сега, кога тие истите луѓе работат професионално, СДС го доведува тоа во прашање.

Кога СДС зборува за селективна правда, треба да одговори и зошто никој не беше одговорен за смртта на 14 пациенти во модуларната болница во Тетово? Зошто ниту еден министер не поднесе оставка по трагедијата во Бугарија со автобусот на Беса Транс? Зошто обвинителството тогаш громогласно молчеше додека државата тонеше во корупција? Одговорот е еден: затоа што се беше под нивна целосна контрола во функција на грабеж на Македонија.

Истовремено, СДС во паника се обидува да го оцрни министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност – двајцата клучни личности кои целодневно, со посветеност, во координација со другите институции, ја водат постапката за утврдување на одговорноста за трагедијата во Кочани.

Сметаме дека сите прашања поставени од СДС треба да добијат одговор, но одговорот не треба да биде напишан од платениците на Заев и Филипче во СДС. Одговорот секојдневно го даваат фактите, доказите и институциите – на начин што нема да го понижи разумот на граѓаните, туку ќе ја зајакне нивната доверба!

И уште нешто – ВМРО-ДПМНЕ гледа на ова не како на политичка битка, туку како на историски момент за ресетирање на системот. За првпат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност. Ако СДС не го препознава тоа, тогаш или не го разбира времето во кое живееме, или – што е поверојатно – сака повторно да го врати старото време на селективна и заробена правда.

Овој пат, нема враќање назад!

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Од АМСМ денеска информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост Папата Франциск, што ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.

Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск

Со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

На последното испраќање на Папата на плоштадот Свети Петар, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, најавено е присуство на бројни светски лидери - претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200.000 верници.

Папата Франциск на негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

Дневен хороскоп за 26. април 2025 година

Дневен хороскоп за сабота, 26. април 2025 година. 

Дневен хороскоп за 26. април 2025 година

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир.

Кариера

Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Здравје

Поработете на методите за релаксација.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро.

Кариера

Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Здравје

Најдете пет минути за пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите.

Кариера

Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Здравје

Во секој случај, следува подобрување.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет.

Кариера

Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите.

Здравје

Излезете на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво.

Кариера

Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо.

Здравје

Забавувајте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација.

Кариера

Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив.

Здравје

Мала кашлица.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста.

Кариера

Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Здравје

Конечно имате позитивен став.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа.

Кариера

При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени .

Здравје

Немојте да бидете алчни .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни.

Кариера

Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Здравје

Посетете стоматолог.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина.

Кариера

Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Здравје

Разведрете ги другите со хумор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро.

Кариера

Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите.

Здравје

Зголемена енергија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални.

Кариера

Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат.

Здравје

Емотивни фрустрации.

притисни ентер