Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна - Канал 5

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

​До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните.

СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна.

Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени.

Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата.

До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното.

Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание.

Ова веќе ја помина секоја граница.

Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две години од трагедијата во Нови Сад: 16 жртви, три судски постапки без пресуда

Денес се навршуваат две години откако 16 лица загинаа, а едно лице беше тешко повредено, кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица во Нови Сад, Србија.

Две години од трагедијата во Нови Сад: 16 жртви, три судски постапки без пресуда

Иако во врска со овој случај се водат три одвоени правни постапки, судењето сè уште не е започнато.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот. Во инцидентот загинаа четиринаесет лица – меѓу кои и четири деца на возраст од 6, 10, 16 и 17 години – додека три други лица беа тешко повредени; двајца од повредените подоцна починаа во болница.

Денес во Нови Сад се одржува комеморативен собир, организиран од студентско движење; други собири се закажани на различни локации низ градот, со почеток уште од 9:30 часот. Во меѓувреме, во Храмот на Свети Сава во Белград, во 9:00 часот ќе се одржи помен што ќе го предводи патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфирије.

Во врска со уривањето на настрешницата, во тек се три одделни постапки – кои ги водат Вишите јавни обвинителства во Нови Сад и Белград, како и Обвинителството за организиран криминал – но, и по две години, судењето за ниту еден од овие случаи сè уште нема започнато.

Обвинението опфаќа 13 лица, меѓу кои се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ; неговата помошничка, Анита Димоски; поранешните директори на претпријатието „Инфраструктура на српските железници“ (*Infrastruktura železnica Srbije*), Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан; како и проектантите и други одговорни лица задолжени за реконструкцијата на Железничката станица.

Во меѓувреме, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против само три лица: менаџер за развој во „Инфраструктура на железници на Србија“, претседател на Комисијата за технички преглед на железничката станица и член на истата комисија. Експерти од оваа област сугерираат дека оваа постапка служи за „попречување“ на предметот што моментално се води во Нови Сад.

Трет предмет води Обвинителството за организиран криминал и тој сè уште е во истражна фаза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер