Петрушевски: Куманово не смее да падне во рацете на Мартин Костовски - Канал 5

Петрушевски: Куманово не смее да падне во рацете на Мартин Костовски

СДС продолжува со старата матрица и со истите луѓе. За Куманово, како кандидат за градоначалник го нудат Мартин Костовски, кој е дел од структурата која со години ја туркаше Македонија во погрешна насока.

Петрушевски: Куманово не смее да падне во рацете на Мартин Костовски

Неговото кандидирање е уште една потврда дека Зоран Заев сè уште ја води партијата од сенка, а Венко Филипче е само најобичен пиун. Во СДС нема промени, нема реформи.

Потсетуваме на сериозниот преседан што го направи Костовски, како директор на Службен весник, со објавувањето на Законот за двојазичност без потпис на Претседателот на Републиката. Со тоа директно постапил спротивно на Уставот и законите на државата. Оваа неуставна постапка резултирала со кривична пријава.

Исто така, постојат основани сомненија дека за да обезбеди поддршка за т.н. француски предлог, тогашниот министерот Бујар Османи ја вработил сопругата на Костовски во МНР. Ова претставува класичен пример на тргување со влијание и политички пазар.

Мора да потсетиме за инцидентот од 2017 година, кога со 1.47 промили алкохол во крвта, Мартин Костовски физички нападнал учесник на протестите „За заедничка Македонија“. За ваквото однесување, кое е срамно за секој граѓанин, а не пак за јавна личност, поднесена е кривична пријава за насилство.

Многу важно, кумановци заслужуваат одговор, како е можно со чиновничка плата од 50 до 60 илјади денари, Мартин Костовски да започне изградба на зграда во центарот на Куманово? Градбата е стопирана од градежната инспекција поради сериозни неправилности.

Дополнително, неговото поставување за претседател на ОО СДСМ во Куманово токму од Заев, веднаш по неговото доаѓање на лидерската позиција во 2013 година, е уште еден доказ дека вистинскиот лидер на СДС е Заев, а не Венко Филипче, кој само формално ја носи титулата претседател.

Каков капацитет поседува Костовски кажува и фактот дека во 2021 година, кога по дебаклот на локалните избори и на самиот Зоран Заев му стана јасно дека треба да се повлече од лидерската позиција во СДС, тој започнува акција за собирање на потписи за поддршка на Зоран Заев да остане претседател.

И конечно, во кумановската чаршија за Костовски велат едно, познат е по семејни вработувања и згрижување на блиски лица. Без резултати. Без дела. Само слепа партиска послушност, лични интереси и џабе потрошен четиригодишен пратенички мандат, по кој и понатаму ужива финансиски привилегии преку апанажа.

Куманово не смее да падне во рацете на човек со вакво минато.

Куманово заслужува чесност, отчетност и визија, работи кои Мартин Костовски не може да ги понуди.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

Британската Кралска ковачница за пари објави комеморативни монети во чест на 50-годишнината од постоењето на легендарната англиска хеви-метал група „Ајрон мејден“ (Iron Maiden).

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

На тој начин, бендот им се придружува на другите изведувачи кои се нашле на официјална паричка. Во серијалот „Музички легенди“ на Кралската ковачница се прославија и „Квин“ (Queen), Елтон Џон и Дејвид Боуви. Изработен од уметникот пријател на „Ајрон мејден“ - Алберт „Акирант“ Квирантес, дизајнот на новите монети ја прикажува маскотата на составот - „Еди“, во динамична поза, но има и многу скриени детали.

- Дизајнирањето на паричката на „Ајрон мејден“ беше еден од највозбудливите проекти во мојата кариера... Сокрив неколку референци во дизајнот што вистинските обожаватели ќе уживаат да ги откријат, вклучувајќи суптилни алузии на класични уметнички дела од албуми и нивните најомилени песни, изјави уметникот.

Ребека Морган, одговорна за специјални монети во Кралската ковачница, истакна дека „Ајрон мејден“ се бестрашните пионери во музиката.

- Веејќи го знамето на Британија низ целиот свет половина век... Нивната креативна визија, моќните настапи и посветената публика им обезбедија место како еден од највлијателните британски бендови. Оваа монета е совршена фузија на „метал и метал“, па очекуваме дека ќе се покаже како колекционерско парче коешто ќе биде многу барано и од нумизматичарите и од страсните рок фанови, нагласи таа.

Монетите се достапни за купување од Кралската ковачница од 8:00 ч. утрово, во златни, сребрени и брилијантни изданија. Чинат од 18,50 фунти (за брилијантната монета од 5 фунти којашто ќе биде за вон оптек) дo 29,50 фунти за парчките во боја. Колекцијата вклучува и златна монета од 200 фунти, којашто чини 6.940 фунти.

Блумберг: Русите произведуваат значително повеќе дронови благодарение на кинески компании

Компанијата Аеро-ХИТ тврди дека до 2025 година ќе достигне производствен капацитет до 10.000 беспилотни летала месечно, со планови за развој на понапредни модели.

Блумберг: Русите произведуваат значително повеќе дронови благодарение на кинески компании

Русија значително ги прошири своите капацитети за беспилотни летала за војната против Украина благодарение на кинеските компании кои официјално негираат соработка со Москва, покажува истрагата на Блумберг, заснована на интерни документи на руската компанија Аеро-ХИТ и преписка со руски владини претставници.

Аеро-ХИТ, релативно непозната компанија со седиште во градот Хабаровск, на Далечниот Исток, започна да работи со кинески фирми во 2022 година, откако Русија започна целосна инвазија на Украина, со цел масовно производство на беспилотни летала за употреба на линијата на фронтот.

Компанијата тврди дека до 2025 година ќе достигне производствен капацитет до 10.000 беспилотни летала месечно, со планови за развој на понапредни модели.

Според документите добиени од Блумберг, Аеро-ХИТ од почетокот на 2023 година соработува со инженери од кинеската компанија „Аутел“ за локализација на производството на дронот Аутел EVO Max 4T во Русија. Основата на арсеналот на Аеро-ХИТ е дронот Велес, модел на FPV базиран на кинескиот Аутел EVO Max 4T, што првично беше дизајниран за цивилна употреба.

Неговиот отпор кон електронско војување го направи ефикасен на бојното поле. Цената на еден дрон е околу 650.000 руски рубли, што е приближно 7.105 евра.

Во јуни 2024 година, Министерството за финансии на САД воведе санкции врз Аеро-ХИТ откако неговите дронови беа употребени од руските сили во Херсон за напад врз украински цели. За да ги заобиколи санкциите, Русија користи посредници од други сектори како што се земјоделството, логистиката и угостителството, наведува Блумберг.

Иако Кина официјално тврди дека не испорачува оружје на ниту една страна во конфликтот, документите укажуваат на вмешаност на инженери од Харбинскиот институт за технологија (ХИТ), кинески универзитет тесно поврзан со кинеската војска и под санкции на САД.

Во 2024 година, рускиот претседател Владимир Путин го посети ХИТ за време на службеното патување во Кина, по што соработката помеѓу ХИТ, аеродромот во Хабаровск и компанијата Комакс, која управува со аеродромот, беше дополнително зајакната. Комакс е во сопственост на Константин Басјук, поранешен оперативец на КГБ и руски сенатор за окупираниот дел од Херсонскиот регион.

На крајот на 2023 година, фабриката во Хабаровск произведуваше помеѓу 200 и 300 дронови месечно, а во март 2024 година, руското Министерство за одбрана планираше да нарача 5.000 „ФПВ“ дронови од моделот „Велес“.

Во светлината на овие настани, украинскиот претседател Володимир Зеленски на 27 мај изјави дека Кина ја запрела продажбата на дронови на Киев и други европски земји, а сепак ги испорачува на Русија, што дополнително го комплицира конфликтот во регионот.

Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека царините ќе стапат во сила на 1 август и оти повеќе нема да има продолжувања.

Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување

- Немаше промени до овој датум, ниту пак ќе има промени. Со други зборови, сите пари ќе доспеат за плаќање почнувајќи од 1 август 2025 година, напиша тој на Truth Social.

Трамп додаде дека некои земји за кои се воведуваат царини вчера биле писмено известени, додека други ќе добијат официјално известување во текот на денот.

Трамп извести најмалку 14 држави за новите царински стапки кои ќе стапат во сила на 1 август, со напомена дека таквата царинска политика би можела да се промени со договор во областа на трговијата.

За Јапонија и Јужна Кореја е одредена царина од 25 отсто. Иста висина на царина е одредена и за Малезија, Казахстан и Тунис.

На Јужна Африка и Босна и Херцеговина им се воведени царини од 30 отсто, на Индонезија 32 отсто, на Бангладеш и Србија 35 отсто, на Камбоџа и Тајланд 36 отсто, а на Лаос и Мјанмар 40 отсто.

Трамп во писмата ги предупреди земјите против воведување реципрочни мерки, велејќи дека САД во тој случај ќе одговорат со воведување нови царини.

Трамп во април најави основна царинска стапка од 10 отсто за повеќето земји и дополнителни царини кои се движат до 50 отсто.

Подоцна го одложи стапувањето во сила на новите царини до 9 јули за сите освен за оние земји на кои им беше одредена стапка од 10 отсто.

притисни ентер