Петрушевски: Извештајот од Анкетната комисија во Собранието, треба да биде доставен до Владата и ЈО - Канал 5

Петрушевски: Извештајот од Анкетната комисија во Собранието, треба да биде доставен до Владата и ЈО

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетната комисија во Собранието. 

Петрушевски: Извештајот од Анкетната комисија во Собранието, треба да биде доставен до Владата и ЈО

Тој нагласи дека суштината не е само водење на дневна политика, туку менување на системот. Затоа, според него, кога веќе во Собранието ќе има Анкетна комисија, тој извештај покрај тоа што ќе се достави до Владата, треба да се поднесе и до Јавното обвинителство, со цел истото понатаму да преземе конкретни чекори.

,,Ние во континуитет велевме дека да почне судењето, да се заврши обвинителниот акт и она кое што беше тогаш разговарано и ќе имаме една Анкетна комисија во Собранието, која што ќе разговара за сите овие теми кои што беа наведени, но вклучително и за други несреќи кои што останале така и кои што исто така заслужуваат утврдување на одговорност“, вели Петрушевски и додава:

,,Суштината не ни е да водиме дневна политика, туку да го менуваме системот. Ни треба една ваква се опфатна анкетна комисија која што ќе ги истражи сите случаи кои што се случиле во Република Македонија“.

Според него, СДС не го испочитува Деловникот, со тоа ги занемари пратениците од власта.

,,Не го испочитуваа Деловникот во делот на составот на таа Анкетна комисија и си предложија број на пратеници, кои што ќе учествуваат во таа комисија, претежно од опозицијата, занемарувајќи ги пратениците од власта, иако членот 124 од Деловник утврдува дека Анкетна комисија се формира согласно пропорционално на бројот на пратениците кои што се застапени во парламентот“, кажа Петрушевски.

Петрушевски посочи дека поднесена е одлука со легитимитет од 75 пратеници кои се потпишани на неа, меѓутоа има и неколку суштински разлика по она кое што беше претходно поднесено од страна на опозициската СДС.

,,Првата е опфатот на несреќите, кое што веќе го коментиравме. Второто е откако ќе заврши со работа таа Анкетна комисија, извештајот покрај до Собранието и до Владата да биде доставен и до ЈО. Тоа го немаше во оваа предлог одлука на СДСМ. Кога веќе Собранието ќе работи една таква Анкетна комисија, на еден таков случај, добро е за правдата во Република Македонија, тој извештај да отиде до ЈО и ЈО да си ги преземе сите чекори кои што треба да ги преземе, не само за Кочани, вклучително и другите кои што се случиле, а кои што останале под превезот на неиспочитување на она кое што значи законска процедура и носење на правда во Република Македонија“, истакнува Петрушевски.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. 

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела.

Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто.

Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден.

Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател.

После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта.

Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен.

Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата.

Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош.

На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси.

Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција.

Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот.

Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни.

Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители.

По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби.

Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата.

Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот.

Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп.

Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. 

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV.

Неочекуван пресврт

Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето.

„Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“

Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат.

@chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼‍♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis

Разочарување на социјалните мрежи

Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

„Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата.

Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“.

@katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte

Се обидоа да ги обештетат

И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија.

„Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер