МакедонијаПетрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евраФилипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана за времето на Петровска, во спротивно ќе сметаме дека сака само да лаже и да ја замајува јавноста.Венко Филипче пред некој ден прозборе за криминал во редовите на СДС вреден 37 милиони евра и го снема. Филипче како личност која сака во Европската унија по секоја цена, сака европско обвинителство треба да им помогне на надлежните институции за почеток на јавното обвинителство и да им ги даде сите расположливи информации. Доколку Венко Филипче не го стори тоа, и ова јавно изразување на сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра кој го поврзува со поранешната министерска Славјанка Петровска, а сега актуелна пратеничка и дел од платформата 12.05, ќе го разбереме како уште една лага во низата лаги кои ги кажува во јавноста. И во оваа прилика го прашуваме Филипче од кога имал информации за овој скандал во Министерството за одбрана, а во кој е вклучена Петровска, зошто сега излегува со информации во јавноста и дали има намера да ги достави информациите до јавното обвинителство или и ова ќе остане на ниво на замајување на јавноста. Филипче треба да излезе во јавност и да каже доколку знае и други вакви и слични случаи во редовите на СДС, бидејќи само така може да се оди кон ЕУ, а не со лажење и манипулирање на јавноста. Филипче е на потег да се вклучи и реално во борбата со корупција како клучен услов за членство во ЕУ. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: „Дурмо турс“ Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter