Петрушевски: ДУИ 20 години бира судии, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус

ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, и како одлучува Уставниот суд, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус, за да го одвлечат вниманието од јавноста од тоа што 20 години ја крадеа државата.

ДУИ 20 години ги краде Албанците и Македонците, а секогаш се повикува на Албанците кога треба да краде или кога се спречени во тоа, како сега.

Стравот на ДУИ е затоа што доаѓа време за одговорност на нивните криминални функционери, кои додека продава патриотизам дебело се нафатирале, а граѓанинот Албанец и Македонец се иселил.

ДУИ се демаскирани, сите гледаат дека нивното политичко делување последните неколку месеци е само во насока на заштита на политичките криминалци кои ја ограбија државата.

Наместо да седат на ладно, подобро ќе биде да се реформираат како партија, зошто бргу од денес доаѓаат локални избори, да не им се случи уште поголемо изненадување.

Владата нема да дозволи никаква опасност по мирот. Институциите се на висина на задачата и заедно со нашите меѓународни партнери разменуваат информации, ја следат состојбата и ќе делуваат според потребата, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Осум лица го загубија животот во пожарот во Домот за стари лица во белградската општина Бараево

Осум лица го загубија животот во пожарот што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета.

„Пожарникарите спасија 13 лица од пожарот, од кои седум беа преземени од Итната медицинска помош, додека на останатите лица им беше овозможено алтернативно сместување“, посочи Чаушиќ.

Тој нагласи и дека натамошна истрага за причините за пожарот ќе спроведе Вишото јавно обвинителство.

Ракометрите на стартот на главната мундијалска фаза утре од 15-30 против Австрија

Македонската ракометна селекција е меѓу 24 најдобри репрезентации на 29 Светски шампионат.

Црвено жолтите со победа, реми и пораз во групата Д против селекциите на Гвинеја, Унгарија и Холандија ја завршија првата фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Пред избраниците на Лазаров е главната мундијалска рунда, која нашиот тим ќе ја игра во за нас среќниот Вараждин во Хрватска.

Пред македонските ракометари се нови три средби. Главната рунда ја стартуваме утре од 15-30 часот против тимот на Австрија, два дена подоцна во истиот термин во Арената Вараждин ќе ги одмерите силите со селекцијата на Катар, а последниот меч во втората рунда го играме во сабота од 20-30 часот против еден од главните фаворити за златото трофејната Франција.

Во трите средби од групата Д македонските ракометри покажаа дека може рамноправно да играат против секој ривал дури и против селекциите од светскиот вврв. Посакуваме во истор светло да ги одиграат и дуелите во главната фаза.

Македонскиот тим предводен од најдобриот стрелец во досегашниот тек на Мундијалот, Филип Кузмановски е подготвен за нови успеси.

ПОЦ: За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар денеска апелираа до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

притисни ентер