Петрушевски: ДКСК да ги испита случаите околу луксузните одмори на Николовски и Рашковски

Дали Љупчо Путерот трошел по 1 илјада евра дневно во Дубаи, а Рашкоски по 1350 евра дневно во Мексико, како со обична плата до патувања од илјадници евра?

Како со службеничка плата до милионски одмор треба да одговорат Љупчо Николовски и Драги Рашковски?

Платите на Николовски и Рашковски се околу 60.000 денари, односно 1.000 евра.

Доколку се истражи, одмор во Дубаи за 3 дена чини околу 3000 евра за двајца со авионски билети. По оваа аналогија би значело дека Николовски Путерот трошел 1.000 евра на ден. Тој хипотетички за еден ден ја потрошил цела своја месечна плата, а за три дена три месечни плати. И тоа под услов Николовски да не трошел пари на други работи.

Се поставува прашањето колку пари има Николовски па да може да одвои 3.000 евра за три дена шетање, или илјада евра дневно?! Ако оваа нашата претпоставка не е точна тогаш го повикуваме јавно да ги објави трошоците за ова патување.

Уште поголема дилема во јавноста фрла луксузниот одмор на Драги Рашковски во Мексико. Одмор во Мексико за 15 дена, според цените кои може да се проверат со мало истражување чини 20.000 евра, со вкалкулиран хотел и авионски превоз. Платата на Рашковски би требало да е околу 60.000 денари, односно 1.000 евра, па така за одмор од 20.000 евра, Рашковски ќе треба да работи 2 години, без да јаде нешто во тие 2 години, туку само да штеди за одмор. И тоа само за 15 дена луксузирање, за време на кои ќе троши по 1.350 евра на ден.

Колку пари треба навистина да поседува Рашковски за да си дозволи одмор од 20.000 евра?! Дали Рашковски има други приходи кои не ги пријавил во неговиот Анкетен лист и со тоа ги прекршил и законите.

Јавноста е особено заинтересирана од каде му пари за толку луксузен одмор на Рашковски, особено ако се земе предвид дека неговото име се вртеше во неколку афери со милионски криминали, како „Леонардо" , „Сар Хемс" и „Шик Јелак".

Ја повикуваме ДКСК да ги испита случаите околу луксузните одмори на Николовски и Рашковски, но и надлежните органи како УФП и ЈО, од чии пари се платени одморите, и како се заработени тие пари?!

Ги повикуваме и Рашковски и Љупчо Николовски путерот да си поднесат неотповиклива оставка, пред се како чин на морална одговорност. Одмор од над 20 илјади евра не се евтини одмори.

Не може врвот на власта да плива во раскош, додека народ нема леб да јаде. Одговорност ќе има.

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер