Петровска: Советничката листа на СДСМ е гарант за развојот на европско Тетово

Денеска сум со вас и помеѓу вас да ја побарам вашата поддршка за советничката листа на СДСМ и коалицијата бидејќи знам дека тоа е патот до европскоТетово, рече Славјанка Петровска, членка на ЦО на СДСМ.

Два аргументи даваат најдобар одговор на прашањето зошто во Советот на градот треба да има што повеќе советници од СДСМ и коалаицијата.

1. За да се запре она што не треба да се прави и да се поттикнат проекти кои се од корист за сите вас.

2. За да поминат проектите за кои сите вие се согласувате дека му се потребни на градот, а градоначалникот не ги почнува или воопшто ги нема во својата програма.

Такви се проектите за изградба на нов мултифункционален Спортски комплекс, и конечно Парк во Тетово затоа што тетовчани и тетовчанки тоа го заслужуваат.

Јас можам да ве повикам на овој начин да ја дадете поддршката на моите колеги бидејќи доаѓаме од иста партија и коалиција, а во партијата од каде доаѓаме она што сме го ветиле го реализираме.

Вие сите знаете колку многу добија војниците од Тетово, Вашите сограѓани кои застанаа во армискиот строј и ја чуваат нашата држава.

Знаете дека Законот за служба во Армијата стоеше заглавен во Собранието повеќе од една година,блокиран од опозицијата, со решенија на кои сите припадници на Армијата меѓу кои и Вашите сограѓани чекаа со нептрпение. Но, со посветеност и истрајност предложивме нов, уште подобар текст на Законот и тој се усвои во Собранието.

Се што ветив сега се реализира – војниците и офицерите на кои минатите 4 години месечните приходи им пораснаа за повеќе од 50% сега со Законот добија уште едно покачување, право на користење на средства од над 9000 денари за станарина ќе има секој војник веднаш штом ќе стапи во редовите на Армијата, условите за пензионирање се уште поповолни, правото за исплата на отпремнина е износ од две просечни плати но не помалку од 1 000 евра за секоја година помината во Армијата.

Сега секој војник кој и служел на државата ќе може да земе отпремнина од околу 20 000 евра.

Следната година, започнуваме со реконструкциа на објектите на тетовската касарна, и подготвуваме проект за Центар за обука во зимски услови на Попова Шапка.

Ова е само мал дел од сето она што нашите војници и офицери го заслужуваат. Ова не се само зборови, ова се реални чекори,.

Затоа бидете уверени дека напредокот на Тетово, европско Тетово може да биде реалност само доколку советниците на СДСМ и коалицијата ја добијат вашата довеба и можноста да бидат вашиот глас во Советот и да ги спроведат своите идеи за доброто на Тетово – на дело.

На 20 гласајте за број 1, за европско Тетово.

Новиот претседател на Аргентина: Почнуваме со шок-терапија

Новиот екстремно десничарски претседател на Аргентина вети економска „шок терапија“ за време на неговиот инаугурациски говор.

Хавиер Милеи ги предупреди Аргентинците дека земјата нема пари и повторно се обврза на програма со остри мерки за штедење. Популистичкиот аутсајдер извојува ненадејна изборна победа во ноември со радикални ветувања за реконструкција на болната економија на јужноамериканската нација.

Инаугурацијата се одржа вчера во Буенос Аирес. 53-годишникот на церемонијата рече дека ќе ја смени децениската декаденција со длабоки кратења на трошоците наменети за намалување на огромните јавни долгови и намалување на инфлацијата, која сега е повеќе од 140%. „Заклучокот е дека нема алтернатива за штедењето и нема алтернатива за шок-терапијата. Знаеме дека на краток рок ситуацијата ќе се влоши, но потоа ќе ги видиме плодовите од нашите напори“, рече Милеи, како што е соопштено од Би-Би-Си.

Новиот претседател брзо се издигна од релативна анонимност до највисоката функција во Аргентина на десничарска платформа која се залага за ограничување на правата за абортус, либерализација на законите за оружје и негирање на климатските промени, меѓу другото.

За време на кампањата тој често беше фотографиран како ракува со моторна пила, а неговите изјави многумина ги споредуваа со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

За време на кампањата, тој рече дека ќе ја замени валутата на Аргентина со долар и ќе ја укине централната банка на земјата, заедно со голем број владини оддели. Иако претседателот на таа земја има големи овластувања, Милеи се соочува со голем број проблеми. Тој најверојатно ќе се соочи со опозицијата во Конгресот на Аргентина, каде што неговата коалиција на мали десничарски и слободарски партии има само малцинска застапеност.

Останува да се види како новиот претседател ќе ѝ пристапи на работата во пракса. Некои политички коментатори забележаа како тој усвоил поумерен тон по неговата изборна победа. Од друга страна, само неколку часа по преземањето на функцијата, Милеи потпиша указ за намалување на бројот на министерства од 18 на девет, исполнувајќи го клучното ветување.

Меѓу гостите на церемонијата на полагање заклетва беше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се состана со неколку латиноамерикански лидери додека се обидува да ја зајакне глобалната поддршка за руската инвазија. Присутен беше и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Бредли Купер продава сендвичи на улица во Њујорк, го посетија неговите славни манекенки (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Бредли Купер е снимен како работи и продава сендвичи во центарот на Њујорк.

Актерот во подготовката и продажбата на сендвичи му помогнал на својот пријател Дени ДиЏиампиетро, ​​сопственик на пицерија во Филаделфија, а сите пари отишле во хуманитарни цели.

Пред камионот со храна се појавиле некои познати пријатели на актерот, а меѓу нив и неговата поранешна партнерка Ирина Шајк. Покрај неа го посетила и манекенката Џиџи Хадид со која актерот наводно сега е во врска.

Во Германија почна судењето на мајка на три деца- убила жена од љубомора и избегала во Турција

Во Германија во тек е судењето на Салија К.(50), која е обвинета за убиство на Јасмина Т. со соучесник во 2011 година, бидејќи стапила во романтична врска со тогашниот партнер на Салија, Ибрахим.

По бруталното убиство Салија со двете деца побегна во Турција и дури годинава е предадена на германските власти.

Повеќе од 13 години по убиството на Јамина, Салија, која е мајка на три деца, се најде на суд во Дортмунд.

Таа е обвинета дека го планирала и извршила страшното убиство на младата Јамина со соучесник, кој претходно бил осуден на доживотен затвор, само затоа што тогаш имала односи со партнерот на Салија.

Голото тело на Јасмина било пронајдено на паркинг во Холандија, а две години подоцна за нејзиното убиство на доживотен затвор е осудено нејзиното поранешно момче Адем И.

Утврдено е дека во 2011 година Адем и Салија смислиле план да ѝ се „одмаздат на Јасмина за неверството“. Имено, Јасмина започнала врска со партнерот на Салија, Ибрахим К., кој тогаш имал 35 години. Најпрво за 1.000 евра ангажирале насилници, кои со дрвени стапови во дворот брутално го претепале Ибрахим и му ги скршиле коските.

После тоа имало план да ја киднапираат Јасмина и да ја силуваат, за да ѝ „докажат дека е к**ва“.

„Планирале да ја силуваат за да ја обесчестат и да ја означат како к**ва. Според обвинителството, обвинетиот ја нападнал жртвата, ја врзал и ја одвлекол во продавница. Мажите кои требало да ја силуваат чекале таму. Кога одбиле тоа го направиле пред камери, Адем и Салија ја однеле жртвата во нејзиниот стан“, рече обвинителката денеска на судењето.

Потоа, како што изјавил, решиле да ја убијат Јасмина бидејќи нивниот првичен план за одмазда пропаднал.

Во нејзиниот стан, додека била врзана со сајли, ја претепале, а потоа ја задавиле“, рече обвинителот.

За време на судењето Салија цело време молчела. Треба да сведочи и претходно осудениот Адем И.

притисни ентер