Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ? - Канал 5

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Јас ќе го повторам барањето, дека овој надзор се прави од интерес на јавноста и на граѓаните и тие треба да ни бидат императив во нашето работење како пратеници, како претставници на народната власт. 

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух, да изврши деласификација или делумна декласификација, се во интерес за да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста.

Она што го очекувам од овој надзор е да не биде дозволен увид во сите документи кои ќе ги побараме, кои агенцијата се разбира смета дека треба да ни бидат достапни, но и оние кои ќе ги побараме на наша барање.

Лично јас веќе имам подготвено околу триесетина прашања кои ќе ги упатам, а се разбира се во интерес на расчистување на овој случај.

Едно од тие прашања кои ќе ги поставам, а за жал ако состанокот ќе биде класифициран, нема да може да ви го дадам јас одговорот, е што се случило со полиграфистот кој се посочува, барем во брифинзите кои ги има дел од јавноста, како клучен, односно тој кој ги спровел полиграфските тестирања. Дали е тој сè уште на работа, дали заминал, дали заминал под притисок итн? Што се случило со шефот на внатрешната контрола, зошто тој бил сменет? Според мои информации, можеби не е вистина, но зошто тој бил сменет непосредно пред да започне оваа внатрешна истрага во агенцијата и така натаму?

Тоа се многу прашања кои, кои како што реков, се во интерес на овој надзор и обезбелоденување на вистината околу овој таканаречен скандал .

Славјанка Петровска – пратеничка на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо се огласи по збогувањето на Меси: Никој не ги очекуваше овие зборови...

Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака по својот последен настап во дресот на „Гаучосите“, а набрзо потоа и Кристијано Роналдо ја коментираше неговата објава.

Кристијано Роналдо се огласи по збогувањето на Меси: Никој не ги очекуваше овие зборови...

Еден од најдобрите свтески фудбалери во историјата, волшебникот со буба мара Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака по својот последен настап во дресот на „Гаучосите“, а набрзо потоа и Кристијано Роналдо ја коментираше неговата објава.

Аргентинецот се осврна на својата репрезентативна кариера и призна дека веќе му недостига носењето на славниот сино-бел дрес.

„Вчера го одиграв последниот натпревар и веќе ми недостига сино-белиот дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Тоа беше неверојатно патување, исполнето со радост и некои тажни моменти, но целосно сум убеден дека вредеше за секој чекор“, напиша Меси.

Тој особено им се заблагодари на своето семејство, пријателите, соиграчите и тренерите кои беа покрај него во текот на кариерата, но не го заборави ниту Диего Марадона.

„Не сакам да го заборавам Диего, кој ја издигна нашата земја таму каде што заслужуваше да биде и кој – како што секогаш велам – беше со нас на секој чекор, овде со нас, но и од небото“, рече Меси. Во емотивна порака, тој им се заблагодари на клубовите за кои настапуваше, како и на Бога, а на крајот повторно им се обрати на навивачите. „Ве сакам многу, ќе ми недостигате и засекогаш ќе бидам благодарен што бевте со нас – и со мене“, заклучи Меси.

А потоа уследи реакција што привлече посебно внимание. Под објавата на Меси се огласи Кристијано Роналдо, неговиот долгогодишен ривал од ерата што го одбележа светскиот фудбал.

„Лео, толку многу години во одбрана на твојата земја и историја што ќе остане засекогаш. Целосна почит за она што го постигна со Аргентина. Поздрав“, напиша Роналдо.

Меси ја заврши кариерата во националниот тим по финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина загуби од Шпанија со 0:1.

Сепак, тој се прости од репрезентацијата и на ревијалниот натпревар против Бенин, на кој Аргентина победи со 3:0. Двајцата беа најголеми ривали во светскиот фудбал повеќе од 15 години, но пораката на Роналдо уште еднаш покажа дека големото ривалство на теренот не мора да значи и недостаток на почит надвор од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„НаТочак“: Решението за БРТ не смее да биде на сметка на пешаците и велосипедистите

„НаТочак“ бара јавноста да го види целото решение пред да започне деталното проектирање на системот што ќе ги промени главните скопски булевари

 „НаТочак“: Решението за БРТ не смее да биде на сметка на пешаците и велосипедистите

Воведувањето на БРТ може да биде важен чекор за Скопје, но не смее да се претвори во изолиран проект за автобуски траси, туку треба да биде дел од интегриран систем со железницата, останатиот автобуски превоз, пешачењето и велосипедизмот, предупредува „НаТочак“.

Иницијативата на 2 октомври достави допис до Град Скопје и ЈСП (целосен текст достапен на линкот) со низа предлози за проектот. Причината за дописот, велат, е што БРТ нема само да пренамени 2 автомобилски во 2 автобуски ленти, туку ќе го промени целокупното сообраќајно решение на дел од главните булевари (пресек на булеварите, подземни инсталации, крстосници).

Еден од најголемите ризици што го посочуваат е начинот на кој ќе се распредели ограничениот простор.

Булеварот „Јане Сандански“, со профил од околу 60 метри, овозможува различни решенија. Но, „Партизански одреди“, „Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ се значително потесни, 30, 40, максимум 50 метри и ја немаат истата комоција.

„Концептот треба да почне од најслабите точки“, сметаат од „НаТочак“, односно од делниците каде просторот е најограничен, за да се избере решение со најмалку штета за останатите видови транспорт.

Особено го проблематизираат решението на „Партизански одреди“, каде во делот кај Буњаковец и Архитектонскиот факултет пешачките и велосипедските површини се со искористен капацитет и веќе се на граница на функционалност.

Според „НаТочак“, доколку таму дополнително се намалат тротоарите за да се обезбеди простор за новиот концепт, пешаците и велосипедистите би можеле да бидат ставени во меѓусебен конфликт.

„Пешачкиот и велосипедскиот сообраќај не се споредна инфраструктура во однос на БРТ. Тие се дел од истиот систем на одржлив транспорт и директно го хранат БРТ“, велат од иницијативата. „Само заедно со таков пакет можеме да дадеме алтернатива на автомобилската доминација“.

Од „НаТочак“ посочуваат дека времето на патување со јавен превоз не е само времето поминато во автобус. Во него влегува и времето потребно за пешачење (или возење велосипед) до станицата, преминување улици и трансфер од една линија на друга.

Затоа бараат станиците на БРТ да бидат добро поврзани со другите автобуски линии и железницата, со кратки и безбедни пешачки врски, усогласени возни редови и интегриран билетен систем.

Десни или леви врати - прашање што го менува целиот профил

Една од клучните дилеми е и позицијата на БРТ во сообраќајниот профил и типот на врати на возилата.

Решението автобусите на БРТ да се движат во најлева лента, а да бидат со десни врати може да има предности, но, според „НаТочак“, мора да се пресмета и што ќе чини тоа решение во простор: нови или проширени жардињери, двојни станици, преместување инсталации (атмосферска, гасовод, топловод…) и можни интервенции во постојните велосипедски и пешачки површини.

Од друга страна, централното поставување на станиците или користењето леви или двојни врати може да има поголеми трошоци за автобусите, но и да овозможи подобро искористување на ограничениот простор и помали трошоци за градежни работи.

Кое решение е подобро, велат, не треба да се одлучува само по принцип „што е подобро за постојните автобуси“, туку врз основа на конкретни податоци за времето на патување, трошоците и последиците врз целиот сообраќаен систем, oсобено пешачката и велосипедската инфраструктура.

Од иницијативата бараат да се објават и различните разгледувани варијанти (повеќе од 2-те кои ги илустрираат), предностите и недостатоците на секоја од нив, како и критериумите според кои е избрана сегашната варијанта и како таа се бодува според меѓународните стандарди.

БРТ како можност за подобар град

„НаТочак“ бара во проектот да се предвидат и услови за идниот развој на системот - меѓу другото, можност БРТ коридорите во иднина релативно лесно да се адаптираат за трамвајски превоз, а сите улици кои се планираат за градежни работи (како на пр. „Цветан Димов“) од старт да ги земат предвид барањата за втората БРТ линија, а не да се прекопува за неколку години.

Бараат и БРТ да има приоритет на семафорите, да се решат конфликтите со останатиот сообраќај и да се обезбеди универзална пристапност на станиците, тротоарите и премините.

Посебно внимание посветуваат на јавниот простор околу станиците, кој според нив не треба да биде само место за влез и излез од автобус, туку квалитетен простор со зеленило, сенка, места за седење, вода, информации и безбедни паркинзи за велосипеди.

Сепак, најголемото барање е транспарентност.

Од „НаТочак“ велат дека јавноста сè уште нема можност да го види целосното избрано решение, туку главно располага со изјави и неофицијални визуелни материјали.

„Не е доволно јавноста да добие само една сликичка од решението и усни раскажувања“, велат од иницијативата, барајќи да се објават напречните профили, анализите, алтернативите и податоците врз основа на кои е избрана конкретната варијанта.

За проект од ваков обем, сметаат, јавната дебата не треба да се случи откако решенијата веќе ќе бидат донесени.

„Ако еден мал ДУП кој засега стотина жители заслужува јавна презентација и анкета, уште повеќе тоа го заслужува проект кој засега стотици илјади жители на Скопје“, велат од „НаТочак“.

Од иницијативата нагласуваат дека не се против БРТ и дека нивната цел е системот да биде успешен и долгорочно функционален.

„БРТ треба да се искористи како можност Скопје да добие интегриран, пристапен и одржлив транспортен систем, а не само нова автобуска инфраструктура. Развојот на БРТ мора да биде пропратен со развој на пешачката и велосипедската инфраструктура, а не нивна деградација“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија: Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Очигледно е дека во СДСМ постои сериозна неусогласеност на ставовите за Барутана.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија: Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Претседателот на СДСМ Венко Филипче јавно порача, дека додека тој е лидер на партијата, во Барутана нема да се стави ниту една цигла.

Во истовреме спорниот нацрт ДУП за Барутана беше донесен пред Советот на Општина Центар и доби поддршка токму од Советниците на СДСМ.

Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Еден пред јавноста, а друг кога треба да се гласа.

Советниците на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,во Советот на Општина Центар имавме јасен став, гласавме против и остануваме доследни на тој став.

Ако лидерот на СДСМ вели денеска дека „Нема да се стави ниту една цигла“, тоа да не остане само уште една политичка изјава и дека се на истата линија со потпредседателот на СДСМ и актуелен Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Затоа денес бареме од Градоначалникот Горан Герасимовски да направи конкретен чекор.

Граѓаните на Центар не барат ниту политички, ниту партиски координации, ниту празни ветувања.

Бараат јасна постапка.

Бараме Филипче, Герасимовски и советниците на СДСМ, во Советот на Општина Центар да ги усогласат ставовите и во интерес на граѓаните кои ги гласале, да се повлече нацрт ДУП-от за Барутана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер