Петровска: Одлуките за донација за Украина се класифицирани од безбедносни причини - Канал 5

Петровска: Одлуките за донација за Украина се класифицирани од безбедносни причини

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО, и сме дел од колективниот систем на безбедност. 

Петровска: Одлуките за донација за Украина се класифицирани од безбедносни причини

Од безбедносни причини тие се класифицирани, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Од првата одлука до сега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Тие содржат внатре детали што и каков вид на опрема и во која количина се донира. Од првата одлука кога ја донесе Владата на својата седница на предлог на Министерството за одбрана, во јавноста беше искомуницирано и соопштено дека носиме одлука за донација и во сите три случаи се следеше тој пример, притоа информацијата која што беше споделена експресно со јавноста е дека донесовме одлука за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија. Детали не беа соопштени од безбедносни причини, но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина, рече Петровска на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод претстојното одбележување Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.

Во однос на коментарите и шпекулациите во јавноста кои настанале околу одлуките на Владата, таа нагласи дека е тоа е одлука на суверена и независна држава.

-Одлуката која ја донесе Владата апсолутно претставува одлука на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО и сме дел од колективниот систем на безбедност, но Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена независна и самостојна држава – Украина е нападната треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност. Од тие причини мотовирани ја донесовме одлуката за поддршка на Украина во опрема и вооружување, затоа што Украина е државата коа што беше нападната и која што се брани од агресија, појасни Петровска.

Таа потврди дека дел од таа донација се и тенковите, при тоа не кажа во колкав број и која количина. Тие не се веќе дел од формацијата на Армијата, оти вели, не се потребни и особено нагласи дека при носењето на политичките одлуки апсолутно било земено предвид мислењето и првенствено бил консултиран Генералштабот на Армијата, како одговорни за гарантирање на борбената готовност на нашата држава.

-Сите барања кои се однесуваат на донација од каков било вид или каков било вид на отуѓување на опрема која ние ја поседуваме, апсолутно се во координација со ГШ на Армијата и по нивни добиени позитивни мислења дека таа опрема е неперспективна, непотребна на нашата армија, се отуѓуваат во соодветна постапка или во случајот со тенковите со донација. Така што ги демантираме апсолутно сите шпекулации дека со оваа донација или која било друга претходно, се нарушува борбената готовност на нашата Армија, изјави министерката за одбрана Петровска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“.

Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата.

Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот

​Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб.

Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот

Лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници.

Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува здравствениот систем, недостигот на медицински кадар.

Владата донесе одлука да го откочи процесот и да овозможи вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Со ова се заокружува предвидената бројка од 600 приватни специјализанти од кои првите 300 веќе се вработени.

Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници надвор од Скопје, како и дефицитарните медицински профили.

Тоа значи дека ќе го јакнеме здравствениот систем таму каде што има најголема потреба. Процесот ќе продолжи преку обновување на повикот и изразување интерес од кандидатите кои останаа надвор од првиот бран на вработување. И ова е сериозна поддршка за младите лекари. Но уште поважно ова е инвестиција во иднината на македонското здравство.

Граѓаните од Штип, Тетово, Кичево и другите градови и региони мора да имаат пристап до специјалистичка здравствена услуга во своето место, а не да бидат принудени за секој преглед или интервенција да патуваат во Скопје.

Со вработувањето на овие специјализанти им даваме перспектива на младите лекари, но истовремено обезбедуваме и посилни јавни здравствени установи низ целата држава.

Паралелно со решавање на кадровскиот дефицит обезбедивме и раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи.

Овој раст е резултат на договорите што Владата ги потпиша со репрезентативните синдикати и е предвиден како долгорочен процес. Само во 2024 година средствата за плати во здравството се зголемија за 10% додека за 2025 година беше предвидено дополнително зголемување од 5% а за тековната 2026 година од 5 до 7%.

Средствата за плати во здравството за следната 2027 година предвидено е да се зголемат за уште 5 до 7% додека за 2028 година од 7 до 10%. Тоа значи дека во периодот опфатен со договорите растот на платите во здравството ќе надмине 40%.

Особено внимание посветуваме на медицинските сестри и средниот медицински персонал кои секојдневно се на првата линија во грижата за пациентите кои на крајот од 2024 година добија нето покачување од 3850 денари.

Нашите здравствени работници заслужуваат подобри услови за работа, повисоки плати и сигурна професионална перспектива, затоа што здравствените работници се инвестиција во здравјето на секој граѓанин. Со конкретни мерки, чекор по чекор Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради здравствен систем со повеќе лекари, повеќе специјалисти, подобро платени здравствени работници и поквалитетна здравствена услуга.

YouTube video

Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео18+: Брутално ликвидиран израелски криминалец среде бел ден

Еден од најопасните израелски криминалци, 40-годишниот Јанис Јушваев, е убиен викендов додека напуштал бензинската станица во близина на Цезареја. 

Видео18+: Брутално ликвидиран израелски криминалец среде бел ден

Јушваев, кој беше семеен човек и татко на три деца, убиен е во момент кога земјата се соочува со растечки проблем со организираниот криминал.

Неговото убиство е снимено од безбедносните камери, пренесува „Телеграф“. На снимката се гледа како убиецот се качува по скалите кон влезот додека двајца мажи излегуваат.

Откако тие поминуваат, Јушваев излегува и почнува да се симнува по скалите. Тогаш убиецот му приоѓа одзади и пука во задниот дел од неговата глава. Јушваев паднал на земја, а напаѓачот побегнал пеш. Полицијата го опиша Јушваев како водач на криминална организација поврзана со заедницата на Евреи од Кавказ.

Со години тој избегнувал осуда бидејќи полицијата не успевала да собере доволно докази за да го поврзе со пукања, бомбашки напади и палење возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер