Петрова: „Е-фактура“ е заеднички проект со стопанството, што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност - Канал 5

Петрова: „Е-фактура“ е заеднички проект со стопанството, што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност

Пилот-фазата на имплементација почна на 1 јануари оваа година.

Петрова: „Е-фактура“ е заеднички проект со стопанството, што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност

Проектот за е-фактура претставува долгорочна инвестиција, која ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на денешниот настан организиран од Сојузот на стопанските комори на Македонија, каде што деловната заедница се запозна со процесот на воведувањето е-фактура.

Таа пред бизнис-секторот потсети дека пилот-фазата на имплементација почна на 1 јануари оваа година и дека во тек е периодот на подготовка, во кој, како што нагласи, активно се вклучени и софтверските компании што развиваат фактурирачки решенија, како и економските оператори со сопствени ERP-системи.

Според директорката, техничката документација за пристап до системот е објавена и јавно достапна, со цел навремено приспособување и развој на API-канали за комуникација со платформата „Е-фактура“.

Таа најави дека клиентската и веб-апликацијата ќе бидат објавени во вториот квартал годинава по што ќе почне тестирањето со малите и средните компании, кои немаат сопствени системи и ќе ги користат бесплатните решенија што ги обезбедува УЈП.

Пред бизнис-заедницата директорката потенцира дека развојот на „Е-фактура“ се одвива во партнерство со стопанството бидејќи проектот ќе влијае врз секојдневното работење на компаниите. Таа посочи дека дигитализацијата ќе доведе до значително намалување на административниот товар, автоматизација на процесите, укинување на рачните активности и побрзо архивирање и следење на фактурите.

Системот ќе отвори можности за дополнителна дигитализација, како автоматско книжење, подготовка на налози за плаќање и користење на податоците за аналитички и деловни цели.

Од аспект на УЈП, проектот значи добивање структуирани податоци во реално време и подобрена даночна усогласеност. Податоците ќе се вкрстуваат со постојните бази - даночни пријави, финансиски биланси, банкарски и царински податоци, што, како што беше истакнато, ќе овозможи побрзо откривање и корекција на евентуални отстапувања.

Петрова појасни дека наместо контроли по неколку години, системот ќе обезбеди навремени и автоматизирани реакции, што, според неа, е во интерес и на компаниите бидејќи ќе овозможи побрзо и полесно коригирање грешки.

Директорката на УЈП порача дека платформата „Е-фактура“ ќе придонесе за сузбивање на сивата економија и нелојалната конкуренција преку обезбедување дигитална трага за сите деловни трансакции во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Товарен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“.

„Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами.

Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот.

Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута.

ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец.

Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар.

Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер