КултураПетрит Чеку ја воодушеви публиката на Охридско лето Специфичен сензибилитет, експресивност, како и волшебна интерпретација на дела за гитара донесе вчеравечер на „Охридско лето“ косовско-хрватскиот гитарист Петрит Чеку, соопштија организаторите .Посебен и свој, ненаметлив, младиот гитарист со овој концерт што се одржа во предворјето на црквата „Света Софија“ уште еднаш докажа дека со право го заслужува досегашниот епитет „солист со највисоки перформанси“. -Ова е еден од ретките концерти што ги имам за време на пандемијата. Целиот распоред ми е откажан и затоа многу ми значи настапот во Охрид. Ова е еден од трите мои концерти што ги одржав годинава. Овој фестивал многу значи за секој музички уметник и ужива високо реноме во светот на класичната музика, рече Чеку. Изминатите месeци кога заради прогласувањето пандемијата на корона вирус, уметниците беа приморани да ги откажат своите концерти, Чеку ги искористил за создавање нови аранжмани на делата од познатите композитори, а дел од нив ги изведе и пред публиката на „Охридско лето“. -И програмата со која настапив на „Охридско лето“ на некој начин е поврзана со пандемијата. Годинава славиме 250 години од раѓањето на композиторот Лудвиг ван Бетовен а јас направив еден аранжман на неговата најлесна соната за клавир, „Соната фачиле“ бидејќи единствено таа беше соодветна за да се отсвири на гитара.Покрај неа, направив обработка на Моцартовата многу емотивна „Фантазија во d-moll“ што ја изведов пред овдешната публика. Оваа обработка ја работев во деновите кога се случи земјотресот во Загреб, и веројатно во таквата несреќа, утеха најдов во музиката на Моцарт и Бетовен. Покрај овие композиции донесов и една Бахова свита за виолинчело, обработена за гитара. Всушност Баховите шест свити прилагодени за гитара се мојот лајтмотив во животот и без нив не одам никаде, раскажа познатиот гитарист Петрит Чеку. Во вториот дел од концертот во предворјето на црквата „Света Софија“, извонредниот гитарист ги изведе Шубертовите шест песни мајсторски обработени од композиторот и гитарист Јохан Каспар Мерц кој живеел во времето на Шуберт. Публиката која покажа голем интерес за вчерашниот концерт за кој се бараше карта повеќе, уживаше и во праизведбата на „Омаж за Марко Ружџак“ од познатиот композитор и гитарист Горан Листеш. Иако најголемиот дел од концертите на Чеку за годинава се откажани, младиот и скромен музичар од Призрен, од почетокот на пандемијата досега, освен што создал бројни аранжмани за гитара, го подготвува и неговиот нов репертоар. -Не го трошев залудно времето. Се занимавав со обработки за гитара. Направив многу аранжмани за гитари,а првпат за една гитара, зашто вообичаено правам обработки за трио и квартет. Времето го користев за да го вежбам новиот репертоар, а бев еден од првите уметници што одржа онлајн концерт, на 13 март. Сепак, онлајн изведбата и концерт во живо не е исто, и токму затоа ми посебно драго што сум овде, на „Охридско лето“, рече Чеку. Петрит Чеку веќе 18 години живее во Загреб, а предава камерна музика за гитара на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац. Иако концертира насекаде низ светот, како што кажа, секоја пригода ја користи да настапи и во родниот Призрен, а не ретко и со хуманитарни концерти што ја потврдува неговата човечка топлина и сесрдност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотРазоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин При претресот на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази.Голема меѓународна група за организиран криминал, осомничена за управување со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е разбиена во обемна прекугранична операција поддржана од Европол. Операцијата била предводена од германското Јавно обвинителство во Крефелд и полицијата во Менхенгладбах, при што во раните утрински часови на 15 јули беа спроведени координирани рации. За време на операцијата беа претресени десет локации во Германија и три во Холандија, а беа уапсени и неколку осомничени лица. Истрагата е насочена кон девет лица осомничени за набавка на прекурзори – конкретно основни хемикалии – во количини од неколку тони од 2025 година наваму, наменети за нелегално производство на амфетамини, како и за управување со мрежа од тајни лаборатории. За време на претресите на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази кои ќе бидат подложени на форензичка анализа. Полицијата особено се фокусираше на лоцирање на производствените капацитети. Како резултат на тоа, темелно беа прегледани два магацина во германските градови Калденкирхен и Нидеркрихтен; истражителите веруваат дека тие се користеле за производство и складирање на синтетички дроги. На денот на операцијата, Европол ангажираше двајца специјалисти обучени за откривање и демонтирање на лаборатории за производство на дрога. Нивните тимови беа опремени со модерна технологија за откривање хемиски супстанции и обучени за работа во услови на висок ризик, карактеристични за нелегалните лаборатории. Ова овозможи безбедно ракување со опасни материи, како и прибирање клучни докази што ќе се користат во понатамошните правни постапки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДве авионски бомби од Втората светска војна уништени во близина на Дунав во ХрватскаДве авионски бомби, заостанати од Втората светска војна, денес биле успешно уништени во Дунав, во близина на Батина во Хрватска.Поради големата опасност, полициски пиротехничари извршија контролирана детонација на местото на пронаоѓање, додека целата област беше обезбедена со посебни безбедносни мерки, соопшти Полициската управа на Осиек-Барања. Хрватската полиција вчера, околу 10 часот, добила пријава за експлозивни направи на 1.430-тиот километар од реката Дунав. На терен веднаш биле упатени припадници на Регионалната единица за противминско дејствување од Осиек и на Службата за противминско дејствување при Полициската управа. Утврдено е дека станува збор за две авионски бомби од советско производство, опремени со соодветни оклопни детонатори. Според проценката на пиротехничарите, тоа биле експлозивни направи со голема разорна моќ. Секоја бомба тежела околу 150 килограми и содржела приближно 50 килограми експлозив. Поради специфичните детонатори, секое поместување или транспорт претставувало исклучително висок безбедносен ризик. Затоа е донесена одлука бомбите да се уништат на местото каде што биле пронајдени, се наведува во полициското соопштение. Двете бомби се уништени со контролирани експлозии во 11:52 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
ФудбалЗидан се поблиску до клупата на ФранцијаСветската фудбалска легенда, Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на француската репрезентација од Дидие Дешан. За ова веќе неколку месеци се шпекулира и зборува во спортските медиуми ширум светот. По слабото издание и пораз на триколорите во мундијалското полуфинале против Шпанија, се поблиску е денот од се приближуваме кога, и формално, легендарниот ас ќе седне на клупата на Франција. Познатиот италијански фудбалски инсајдер Фабрицио Романо вели дека Зидан ќе ја преземе тренерската функција со потпишување на договорот овој месец и ќе го замени својот поранешен соиграч од славните денови, Дешан. - Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на Франција, за тоа немаше сомнеж уште од ноември, кога беше донесена јасна одлука. Зидан веќе го состави својот стручен штаб, а официјалното потпишување на документите ќе следи овој месец. Тој ќе ја предводи Франција во Лигата на нации, на Европското првенство во 2028 година и на Светското првенство во 2030 година - вели Романо. Со Зидан како играч започна ерата на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“, со Зидан во составот, играа и во финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Во меѓувреме, популарниот Зизу се докажа и на клупско ниво за време на годините на доминација со Реал, со кој освои речиси сè што може да се освои, и тоа во повеќе наврати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09