Петрески: Не очекувавме позитивен резултат против Вардар - Канал 5

Петрески: Не очекувавме позитивен резултат против Вардар

Вардар рутински го совлада Пелистер со 28:34 на гостувањето во Битола во заостанатиот натпревар од третото коло на плејофот.

Петрески: Не очекувавме позитивен резултат против Вардар
Европскиот шампион и покрај отсуството на неколку стандардни ракометари од почетокот на натпреварот воспостави контрола на теренот и на паузата замина со предност од 14:22.

„Црвено-црните“ и во вториот дел ја продолжија доминацијата и натпреварот го завршија во своја корист со конечни 28:34.

- Не очекувавме позитивен резултат против Вардар, туку сакавме само да одиграме максимално и да ги увидиме нашите грешки. Потребно ни е доста работа, како во одбрана, така и во нападот и во полуконтрата. Се надевам дека понатаму ќе ги отстраниме недостатоците и ќе почнеме да играме како што треба. За нас најважните натпревари следат во понатамошниот дел, а тоа се домашните средби со Охрид, Еурофарм Работник и Пролет, изјави по натпреварот тренерот на Пелистер, Томе Петрески.

Капитенот на Пелистер, Васко Димитровски, во името на клубот им подари икона од заштитникот на градот Нектариј Битолски на ракометарите на Вардар за пласманот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.

Натпреварот во Битола беше одложен поради четвртфиналето во ЛШ со Кил, кое заврши во корист на Вардар, кој ќе ја брани шампионската титула на завршниот турнир во Келн./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна на историски минимум, прекинат речниот сообраќај

Нивото на водата во реката Рајна во Германија се спушти на ново најниско ниво – соопшти денес тамошната Агенција за внатрешна пловидба (WSV) – поради што сопствениците на товарни бродови се принудени да ја прекинат пловидбата.

Рајна на историски минимум, прекинат речниот сообраќај

Нивото на водата во реката Рајна во Германија се спушти на ново најниско ниво – соопшти денес тамошната Агенција за внатрешна пловидба (WSV) – поради што сопствениците на товарни бродови се принудени да ја прекинат пловидбата на јужните делници од реката.

WSV објави дека пловната длабочина кај Кауб, во близина на Кобленц, изнесува 15 сантиметри, што е под претходното најниско забележано ниво од 25 сантиметри во 2018 година, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, реката е за околу еден метар подлабока од пловната длабочина, комерцијалната пловидба низ Кауб е практично запрена, а веќе не е можно да се резервираат пратки со товар на Рајна во близина на Кауб.

Ниското ниво на водата по овогодишниот топлотен бран и оскудните врнежи значи дека товарните бродови можат да пловат низ реката со само 20 проценти од својот товар, што ги зголемува трошоците за сопствениците на товарот.

Пловниот сообраќај на северниот тек на реката продолжува, но големи количества товар се пренасочуваат кон патниот транспорт, а некои германски власти ги ублажија забраните за движење на камиони за време на викендот.

Аналитичарите оценија дека рекордно ниското ниво на водата во Рајна може да го ограничи економскиот раст на Германија, токму во моментот кога таа покажуваше првични знаци на закрепнување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Ќе направите грешка ако го избркате Инфантино“

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Џани Инфантино треба да остане на чело на ФИФА.

Трамп: „Ќе направите грешка ако го избркате Инфантино“

Во последните недели, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е на удар на критики од фудбалските навивачи ширум светот – има такви што му замеруваат за низата контроверзни одлуки што ги донесе, има такви што тврдат дека им прави отстапки на Американците поради пријателството со Доналд Трамп, а има и такви што повеќе не сакаат да го гледаат.

Можеби заминувањето на првиот човек на ФИФА е поблиску отколку што очекувавме. Најпрво реагираше УЕФА, која има моќ да води „војна“ против Инфантино, а потоа слични вести пристигнаа и од други делови на светот.

Сепак, има и такви што го поддржуваат Инфантино – тоа е неговиот пријател Доналд Трамп, кој одлучи јавно да застане во одбрана на својот соработник во пресрет на организацијата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

„ФИФА би направила огромна грешка ако, од која било причина, воопшто размисли за смена на претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастичен, предмалку го предводеше најуспешното Светско првенство – и тоа убедливо – што некогаш се одржало. Без него, тоа никогаш повеќе нема да биде толку успешно или профитабилно! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседателот DJT“, напиша актуелниот американски претседател и голем пријател на Џани Инфантино, контроверзниот Доналд Трамп.

Доналд Трамп смета дека заминувањето на Џани Инфантино од челната позиција во ФИФА би било лош потег за таа организација, бидејќи таа повеќе не би била истата.

Ова е интересно, со оглед на тоа што сè уште не се знае кои би можеле да бидат кандидатите што би го наследиле човекот кој веќе најави дека ќе се бори за четврт мандат на чело на најважната организација во светот на фудбалот.

„Ако тој си замине, ФИФА нема да биде истата“, заклучи Доналд Трамп со својата карактеристична самоувереност, дури и кога зборува за теми што воопшто не му се блиски. Оние што внимателно ги следат јавните настапи на актуелниот американски претседател веќе го знаат образецот според кој тој зборува – секогаш цврсто верувајќи дека е единствениот човек во светот што го има вистинското мислење. Швајцарскиот адвокат Џани Инфантино е на чело на ФИФА од 2016 година, кога го наследи Сеп Блатер како најмоќен човек во светскиот фудбал. Пред тоа, Инфантино со години работеше во УЕФА, на различни позиции. Меѓу другото, тој учествуваше во креирањето на Европското првенство со 24 екипи и турнирот што се играше низ цела Европа во 2021 година, како и во проширувањето на Светското првенство на 48 екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава.

Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија..

ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава..

Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер