Петнаесетгодишниот Александар го искачи Титов врв иако се соочува со цистична фиброза - Канал 5

Петнаесетгодишниот Александар го искачи Титов врв иако се соочува со цистична фиброза

Петнаесетгодишниот Александар Јосифовски од Тетово се искачи на Титов врв и покрај тоа што се соочува со цистична фиброза, хронична болест поради која е потребно постојано лекување и одржување на кондицијата.

Петнаесетгодишниот Александар го искачи Титов врв иако се соочува со цистична фиброза

Заедно со неговите родителите Мирјана и Драгољуб, како и искусниот планинарски водич Зија Јонузовски, средношколецот успеал за 3 часа и 30 минути да стигне од Попова Шапка до највисокиот врв на Шар Планина.

Поради цистичната фиброза, Александар постојано вежба и се обидува да одржува добра кондиција. Есенва заедно со родителите процениле дека е подготвен за големиот потфат и успешно го реализирале.

– Секој ден се подготвуваше и имаше голема желба да се качи на Титов врв. Може да се каже дека е најголемото негово доживување да се искачи на Титов врв. Овие деца најмногу страдаат од белите дробови, затоа што е мултисистемска болест и ова искачување за нас е огромен успех што значи дека стабилно стоиме со болеста, изјави мајката Мирјана, додавајќи дека во земјава има 120 деца кои боледуваат од оваа болест, од кои тројца се во тетовскиот регион.

Семејството се обидува колку е можно повеќе Александар да биде во природа и така да го одржува имунитетот и добрата состојбата на белите дробови. Имаат викендица во планинското село Отуње и секој момент го користат да бидат на планина.

-Основната болест е заболување на панкреасот. Компликација е намалување на капацитетот на белите дробови. Дневно прави 4-5 инахалации за да се одржуваат белите дробови со разни лекарства. Се што правиме физичка активност за белите дробови е придонес плус.

Александар вози велосипед, игра баскет и прави сам кондициони тренинзи со трчање, вели мајката на тетовскиот средношколец Александар, инаку ученик во средното стручно економско училиште „8 Септември" во Тетово.

Цистичната фиброза кај Александар е откриена уште кога има осум месеци. Сите кои се соочуваат со оваа болест потенцираат дека е потребна поголема свесност за оваа состојба како и да се овозможи да се одобри нов лек за третирање на цистичната фиброза.

-Треба да се регистрира една врста на лекови во Македонија што се вика Трикафта за да се подобри состојбата на луѓето со цистична фиброза. Во Европа се користи и е во напредна фаза на лечење. Пример во Словенија е регистриран лекот и се користи. Се надевам дека како што и околните земји го имаат и во Македонија ќе се донесе и ќе се одобри. Тој лек ќе помогне во соочување со цистичната фиброза и со обидите на луѓето да живеат што подолго. Во светот 60/70 години е животен век на луѓе со цистична фиброза, додека кај нас е околу 50 и тоа е најболната точка. Со леков многу би се подобрила состојбата, објаснува Мирјана.

Цистична фиброза спаѓа во ретките болести и претставува наследна генска состојба, двајцата родители се носители, но не се знае што е причината да се активира. Воедно е нарушување на хлорите, таканаречена солена болест. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.

Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.

Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.

Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.

На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.

Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.

Во исто време нема реакција на обвинителството.

Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.

Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.

Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?

Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.

Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.

На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.

Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.

Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер