Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица - Канал 5

Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица

Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 15 странски државјанки, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица

Денеска (30.07.2025), во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар.

При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки.

Додека, пак, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, полициските службеници го лишија од слобода А.А.(53) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана.

При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија, од кои 11 во угостителскиот објект во с.Чегране и четири во угостителскиот објект во подрачје на Полициското одделение Галате.

Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жените во перименопауза добиваат стручна поддршка во новото советувалиште на ХЕРА

Новата услуга во „Сакам да знам“ – Водно ќе овозможи советување со гинеколог и индивидуални насоки за грижата за здравјето во периодот на перименопауза.

Жените во перименопауза добиваат стручна поддршка во новото советувалиште на ХЕРА

Жените кои минуваат низ перименопауза ќе можат да добијат стручни информации, советување и индивидуални насоки за грижата за своето здравје во новото Советувалиште за перименопауза на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, кое денеска официјално се отвора во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно. Преку разговор со гинеколог и матичен лекар, жените ќе можат да добијат проценка на своите симптоми и потреби, како и информации за можностите за понатамошна грижа.

Перименопаузата е природен период на премин кон менопаузата, но искуството на секоја жена е различно. Според Светската здравствена организација (СЗО), овој период може да трае неколку години и да влијае врз физичката, емоционалната, менталната и социјалната благосостојба. Пристапот до проверени информации и стручна грижа им помага на жените подобро да ги разберат промените низ кои минуваат и да донесуваат информирани одлуки за своето здравје.

„Грижата за здравјето на жените треба да ги следи нивните потреби во секоја животна фаза. Перименопаузата е период во кој на многу жени им се потребни повеќе информации, разбирање и стручни насоки, а нивните прашања и искуства не секогаш добиваат доволно внимание. Со отворањето на Советувалиштето за перименопауза, сакаме да овозможиме пристап до стручна грижа и простор во кој жените ќе можат отворено да разговараат за своето здравје и да добијат информации за можностите што им стојат на располагање“, истакнува д-р Велимир Савески, претседател на ХЕРА.

Отворањето на советувалиштето е дел од заложбите на ХЕРА за подобрување на пристапот до квалитетна и информирана грижа за сексуалното и репродуктивното здравје во различните животни фази. Во 2025 година, ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) го подготвија првиот национален Водич за перименопауза, заснован на медицина базирана на докази, со насоки за препознавање на промените во овој период и за соодветна грижа за жените.

„Перименопаузата не е период низ кој жените треба да поминуваат со неодговорени прашања или со чувство дека мора сами да се снаоѓаат. Во Советувалиштето за перименопауза, тие ќе можат да разговараат со гинеколог, да добијат проверени информации и насоки приспособени на нивните потреби. Важно е жените да знаат дека постојат начини за ублажување на симптомите и дека заслужуваат да бидат сослушани, информирани и соодветно поддржани“, истакнува прим. д-р Искра Дукова, гинеколог вклучена во работата на Советувалиштето за перименопауза.

Со воспоставувањето на советувалиштето, стручните знаења и препораки се преточуваат во практична услуга преку која жените ќе можат да добијат информации и насоки приспособени на нивните индивидуални потреби.

Редовните смени за советување започнуваат на 21 октомври 2026 година, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно.

За информации и закажување термин, заинтересираните можат да се јават на 070 227 386 или да го користат онлајн-системот за закажување преглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закани за поставени бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија

Десетици основни и средни училишта ширум Србија утрово добиле закани за поставени бомби преку електронска пошта, јавуваат дописниците на РТС.

Закани за поставени бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија

Добиени се закани за поставени бомби во 21 основно и средно училиште на подрачјето што го покрива Полициската управа Краљево.

Од тој број, 18 училишта се наоѓаат на територијата на Краљево, а три на територијата на Врњачка Бања. Учениците се испратени дома, а полицијата врши антидиверзиони проверки.

Закани за поставени бомби добиле и 23 основни и средни училишта во Јабланичкиот округ, потврдија за РТС од Полициската управа во Лесковац. На подрачјето на Полициската управа во Чачак, закани за бомби добиле 20 училишта, додека 17 училишта во Златиборскиот округ исто така примиле такви закани.

Закани за бомби се пријавени и во неколку училишта во Шабац. Полицијата е на терен и врши проверки. Во Расинскиот округ, 14 основни училишта добиле закани за поставени бомби.

На територијата што ја покрива Школската управа во Ниш, четири основни училишта – едно во Куршумлија, две во Алексинац и едно во Ниш – добија закани за поставени бомби.

Екипите за противдиверзиона заштита на Министерството за внатрешни работи (МВР) се на терен, а учениците во Ниш веќе се вратија на настава.

Закани за бомби добија и 27 основни училишта во Севернобачкиот округ: 18 во Суботица, седум во Бачка Топола и две во Мали Иѓош. На подрачјето на Полициската управа Пожаревац, 23 основни училишта добија дојави за поставени бомби.

Екипите за противдиверзиона заштита на МВР се на терен; повеќето проверки се завршени, а учениците се враќаат во училниците. На териториите на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, 20 основни училишта добија вакви закани. Полицијата е на терен и врши проверки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР реагира за Демерџиев и Радуков: Изјавите се навредливи, провокативни и мешање во внатрешните работи

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи.

МНР реагира за Демерџиев и Радуков: Изјавите се навредливи, провокативни и мешање во внатрешните работи

На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Воедно, беше изразено незадоволство и од изјавата на амбасадорот Желјазко Радуков за бугарската телевизија БТВ, која ја оценуваме како директно мешање во внатрешните работи на нашата држава, имајќи ги предвид изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции.

Од наша страна беше посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација.

Во тој контекст, беше укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием.

На крајот од средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер