Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето
2Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЗдравјеПетнаесет кохлеарни импланти вградени на пациенти на Клиниката за уво, нос и грлоПетнаесет кохлеарни импланти им се вградени на пациенти на Универзитетската клиника за уво, нос и грло. Средствата годинава првпат ги обезбеди Фондот за здравствено осигурување. Неопходен е неонатален скрининг кај децата, кој ќе овозможи рана дијагностика на оштетувањето на нивниот слух. Трошоците за вградувањето на кохлеарните импланти, пост-оперативниот период и периодот на рехабилитација кај децата кај кои се утврдува можност за ваков вид интервенција ги покрива Фондот. Ова денеска на прес-конференција го истакна раководителот на Одделот за аудиологија и отонеурологија на Клиниката, проф.д-р Марина Давчева Чакар, која претседава со 17.Европскиот балкански конгрес за кохлеарни импланти и врвни технологии на слушни помагала, што се одржува во Скопје. Таа посочи дека 20 до 25 пациенти секоја година чекаат да им бидат вградени кохлеарни импланти и ако многу чекаaт за да им бидат вградени децата стареат, а возраста е основен предуслов за бенефитот од кохлеарната имплантација. – Горди сме што во нашата држава се спроведува една од најсовремените методи за третман на глувите и на лицата со тешко оштетување на слухот. Просечната возраст на која децата со оштетување на слухот се идентификуваат на Клиниката е две ипол години. Во големите светски центри има еден месец интрахоспитален скрининг, уште еден скрининг пред излегување од болница и дијагностика има на третиот месец по раѓање, а интервенција има на шестиот месец после раѓањето. Ако детето се имплантира после двегодишна возраст шансите се намалуваат за правилно развивање на јазикот и говорот и тие деца значително ќе се разликуваат од нивните врсници кои слушаат и говорат, рече проф.д-р Давчева Чакар. Таа појасни дека нивните досегашни искуства покажуваат дека децата имплантирани пред 18-месечна возраст имаат шанси за побрзо развивање на говорот и јазикот, за побрзо препознавање на звуците од околината и побрзо развивање на комуникативните вештини. – Ако детето не слуша кога е родено секој месец и изгубен. Неонаталниот скрининг ќе ни овозможи што порана идентификација и дијагностика. Имаме еден апарат за скрининг на бебињата на Клиниката. Но, на скрининг не подлежат сите бебиња. И бебе нормално родено и бебе кое не е родено предвремено може да има тешко оштетување на слухот. Мојата студија покажува дека наследната глувост како да го зема приматот за причината за тешките оштетувања на слухот. Ако е така скринингот треба да биде универзален не само за бебиња кои се предвремено родени и се со висок ризик, туку да ги опфати сите деца. Подобро е детето се имплантира во првите месеци, истакна проф.д-р Давчева Чакар. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во државава нема неонатален скрининг на слухот на новородените деца и тоа значи дека не можат да имаат точен увид колку деца имаат тешко оштетување на слухот, колку деца се глуви и колкава е годишната потреба за кохлеарни импланти. Хирургот Бесим Зекири, кој е дел од тимот на Клиниката за уво, нос и грло, рече дека вградувањето кохлеарни импланти е современа и безбедна хирушка постапка и дека е многу е битно кога родителите кои ќе забележат кај своите деца оштетување на слух или намален слух да отидат кај матичниот лекар или на Клиниката каде навремено ќе се постави дијагноза и ќе бидат третирани хирушки, а потоа и ќе бидат рехабилитирани. Претставникот на австриската компанија MED-EL, која е водечки провајдер на системи и импланти за слух во светот, Евалд Турнер истакна дека државава во изминатите неколку години постигнала значителен напредок во спроведувањето на програмата за вградување кохлеарни импланти за слух. – Вградувањето имплант уште од рана возраст ми овозможи одлично да го користам слухот и да комуницирам со околината без никакви пречки, истакна 19-годишната Катерина Мутовиќ, ученичка во средното медицинско училиште во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возењеСите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБазенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањетоМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош, кој Општина Карпош го предаде на користење на Националната пливачка федерација (НПФ).Станува збор за објект кој започна да се гради од поранешната Агенција за млади и спорт, но беше оставен недовршен. Со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбеди средства за негово доизградба, а во јуни годинава новиот објект беше предаден на владение на Општина Карпош. Со предавањето на базенот на НПФ се прави значаен исчекор кон воспоставување нов модел на управување со спортската инфраструктура во кој националните спортски федерации ќе имаат активна улога во управувањето со спортските објекти, со цел нивно поефикасно користење и создавање подобри услови за развој на спортот. Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека пливањето е меѓу приоритетите на Министерството и Владата, нагласувајќи дека соработката со локалната самоуправа и Пливачката федерација е важна за враќање на овој спорт на местото што го заслужува. „Министерството за спорт, во соработка со Општина Карпош и со претседателот на , оди чекор понатаму, со цел пливањето да го вратиме онаму каде што заслужува – да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт. Во таа насока е и овој чекор, со кој за првпат Националната пливачка федерација ќе стопанисува со базени. За почеток, станува збор за два базена. И за другите базени, кога ќе ги довршиме, ќе најдеме соодветен договор со градоначалниците за и тие да ѝ бидат предадени на НПФ. Федерацијата ќе добие и финансиска поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за да може правилно да стопанисува со овие објекти и тие да бидат максимално искористени за развој на пливањето. Нашата заложба е спортските објекти што ги гради државата да бидат стопанисувани од националните федерации кои имаат квалитет и капацитет тоа успешно да го реализираат“ - истакна министерот Ристовски. Министерството за спорт, со поддршка од Владата и во соработка со општините и националните спортски федерации, продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и со создавање услови за поголема искористеност на спортските објекти, развој и унапредување на спортот во Македонија. Министерство за спортТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минатоМинистерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра. „Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски. Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови. Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар. Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08