Петмина повредени од Кочани се во критична состојба, деветмина од утре на домашно лекување - Канал 5

Петмина повредени од Кочани се во критична состојба, деветмина од утре на домашно лекување

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека пациентите од трагедијата во Кочани кои се лекуваат во македонските болници се во стабилна состојба, а првите исписи се очекуваат во текот на утрешниот ден... 

Болница

Петмина од повредените пацинети во пожарот во Кочани, кој се лекуваат надвор од државава и натаму се во критична состојба, информираше министерот за здравство Арбен Таравари. Останатите се стабилни, но состојбата на сите пациенти се следи. Во државава во моментов има 55 пациенти, а надвор од Македонија 115. Таравари вели од оние 55 кои се лекуваат во државава, кај 9 се прават последните прегледи и анализи и би требало во текот на утрешниот ден да бидат пуштени на домашно лекување. За оние кои се во странство пак, веќе е подготвен протоколот кој ќе биде доставен до министерството за надворшени работи , и оваа недела се очекува враќање на пациенти во клиниките во земјава.

„Во протоколот предвидовме 72 часа за пациентите кои што се враќаат во државава значи да бидат најавени, очекуваме среда или четвроток да се вратат привте пациенти....Протоколите се надевам ќе бидат објеавени. Ќе имаме специјални екиппи кои ќе работат со пациентите/ ќе се придржуваат на информациите за состојбата на пациентите. Нормално ќе има споецијална екипа, специјални возила што ќе ги пречекаат, првата тријажа ќе биде направена во болницата од каде се испуштени. А после ќе се сместуваат каде што треба...“

На клиника има 27 пациенти, 10 се хоспитализирани во клиниката Св. Наум Охридски, исто толку има и во ГОБ 8ми септември, и 8 пациенти се лекуваат во приватните болници во земјава. На 6 од десетте пациенти кои се лекуваат на универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, како што информираше директорот на клиниката им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници.

„Во однос на актуелната здравствена состојба на пациентите од болницата од која што доаѓам, а тоа е Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, во моментов се хоспитализирани 10 пациенти, од кои на шест е веќе направена трансплантација на кожа заради тоа што тие беа пациенти со највисок степен на изгореници, односно трет степен. Кај останатите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела според плановите кои што ги имаме, иако морам да повторам дека ситуацијата е многу флуидна и може да се смени од час во час, се планираат првите испусти за дома...“

Таравари вели најтешките пациенти кои се лекуваат надвор од Македонија се во Србија, Бугарија и Грција, и според него со оглед на состојбата, тоа се пациенти кои најдоцна би се вратиле во државава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско!

Максо пред гостиварци: ќе разговараме со Бугарија, не отстапуваме од македонскиот идентитет. Отчет. Две години работа. И само една љубов - тендери. 

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско!

Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Сега се чувари на идентитетот. Свој немаат.

Имаат здружение на далечинско. Сателит на арамијата. Столче, тендер, глас во Собрание.

Идентитетот го потврди Фон дер Лајен, директно, во Скопје: Европа ве чека со вашиот јазик и вашата култура.

Сиљановска рече: заштитени се македонскиот идентитет, јазикот и културата. Преспанскиот договор арамијата го нарече ремек-дело. Тимчо рече дека НАТО е најдобрата работа за земјата.

Па сега ЗНАМ ги повторува речениците на арамијата, во град во кој веќе дванаесет недели нема документ дека водата е чиста и безбедна за пиење. 5.000 луѓе се отруле, а дел од нив завршиле во болница.

Максо го чува идентитетот како плац за Лидл.

Нека објаснат во Гостивар што чуваат. Идентитет што не е на маса, или партиска каса што е на маса.

Нека кажат колку чинеше столчето. Нека кажат како и зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми, а другите ги нарекуваат предавниции.

ЗНАМ не е отчет. Тоа е филм што веќе го гледавме. Предавство со датум. Втората верзија бара клучеви за 1,6 милиони евра.

Првиот пропадна.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Државната Корејска централна новинска агенција (KCNA) на Северна Кореја објави дека Северна Кореја вчера спроведе вежба за лансирање стратешки ракети со среден дострел, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска е клучна и дека развојот на стратешко оружје е неопходен за да се заштити националната безбедност и стабилност во сегашната геополитичка средина.

„Мора да продолжиме да вложуваме одговорни и непрестајни напори за непријателот постојано да може да ја препознае сигурноста и смртоносноста на нашите стратешки офанзивни средства“, го цитираше KCNA Ким, додавајќи дека тоа е средство за одвраќање.

Можеби станува збор за ракета Хвасонг-16

KCNA објави дека ракетата, лансирана на североисток, погодила цел на 1.000 километри оддалеченост во Источното Море.

Јужнокорејската војска претходно соопшти дека во четврток наутро детектирала лансирање на балистичка ракета од областа Вонсан во Источното Море и дека ракетата прелетала повеќе од 700 километри.

Експертите веруваат дека може да станува збор за хиперсонична балистичка ракета со среден дострел Хвасонг-16, повикувајќи се на извештаите на севернокорејските медиуми дека ракетата можеби ја променила својата траекторија на ниска надморска височина за време на летот. Државните медиуми објавија фотографии на кои се гледа Ким како го надгледува лансирањето со својата ќерка Џу-ае и сопругата Ри Сол-ју.

Тројца јужнокорејски војници се повредени во експлозија на мина

Лансирањето се случи во време на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров по експлозијата на мина во демилитаризираната зона (ДМЗ) минатиот месец, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници.

Јужнокорејската војска ја обвини Северна Кореја за поставување мина што експлодираше на 21 септември, нарекувајќи го чинот „очигледно“ кршење на договорот за примирје со кој заврши Корејската војна од 1950 до 1953 година. Сеул побара извинување од Пјонгјанг и одговорни мерки, додека Северна Кореја негираше одговорност, обвинувајќи ја Јужна Кореја за фалсификување на резултатите од истрагата и предупредувајќи за „безмилосна“ одмазда доколку се преземат соодветни мерки.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско.

Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер