МакедонијаПетмина пешаци го загубиле животот во сообраќајни несреќи во првите три месеци годинаваВо текот на минатата година животот го загубиле 24 пешаци во државава. Во првите три месеци од оваа година, пак, загинале петмина пешаци, беше кажано на почетокот од денешната јавна дебата што се одржува на Факултетот за безбедност во Скопје, по повод Неделата на пешаците - од 1 до 7 април. Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски рече дека во последните години, безбедноста на пешаците во државава се соочува со сериозни предизвици. - Според статистиките од претходните години, 15 до 25 проценти од вкупниот број загинати лица во сообраќајните незгоди се пешаци. Односно, 20 до 25 пешаци го губат животот на годишно ниво. Изминатата година во Република Македонија, животот го загубиле 24 пешаци. Во првите три месеци од оваа година, животот го загубиле петмина пешаци. Причините за ваквата состојба се недоволната свест и ниското ниво на сообраќајна култура на возачите и пешаците, неадекватна сообраќајна инфраструктура и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот, подвлече Ангеловски. Тој ја најави кампањата „Безбедност на пешаците - одговорност за сите нас“ што ќе се реализира во текот на месеците април, мај, септември и октомври на целата територија на државата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност - Скопје. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека изминатиов период, во рамки на Министерството, интензивно се работело на законски измени. - Факт е дека во изминатава година дена имаме некаде околу триесетина жртви како последица на сообраќајни незгоди, а притоа биле учесници во сообраќајот како пешаци. Вкупниот број на жртви кои се настанати како последица на непочитување на сообраќајни правила, е некаде околу 140 само за последната година. Тоа се катастрофални бројки. Споредено со просекот во рамки на земјите од Европската Унија, особено оние што се на север, сметам дека се катастрофални бројки. Мислам дека процентуално сме најлоши, сподели министерот. Деканот на Факултетот за безбедност, Јонче Ивановски пред присутните рече дека секој во одреден момент е пешак. Како што беше појаснето од организаторите, целта на настанот е да се потенцира важноста на безбедноста на пешаците во сообраќајот, да се истакнат предизвиците со што тие се соочуваат и да се промовира одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот. Тагови: сообраќајот пешаци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизОпра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)Опра Винфри откри дека сè уште смета дека една одлука во нејзината кариера е голема грешка. Во гостувањето во подкастот „Бејби, ова е Кеке Палмер“, таа се потсети на својот единствен музички сингл „Run On“, кој во 1999 година послужи како воведна шпица за 13-тата сезона на нејзиното иконско ток-шоу „Шоуто на Опра Винфри“. Иако со децении беше една од најпознатите телевизиски презентерки во светот, таа признава дека пеењето никогаш не било нејзина работа. Во времето на создавањето на песната, Винфри размислувала дали да продолжи да ја води емисијата или да се сврти кон нови деловни предизвици. Таа рекла дека во тоа време се молела за одговор, а инспирацијата ја пронашла во старата духовна „Run On“, која зборува за фактот дека човек не може да избега од вистината и од сопствените постапки. „Исус ми рече: „Мора да продолжиш“, рекла таа, објаснувајќи зошто одлучила да ја сними својата верзија на песната, според „Пипл“. Призна дека пеењето била нејзина голема грешка Иако во тој момент ѝ се чинеше дека донела правилна одлука, денес таа гледа на таа музичка екскурзија сосема поинаку. „Сфативме дека не можам да пеам, иако земав часови по пеење“, призна таа. Кога Кеке Палмер ѝ кажа дека песната не е толку лоша како што мислеше, Винфри одговори со насмевка: „Го кажуваш тоа само затоа што ме гледаш во очи. Беше доста лошо.“ Подоцна откри дека тоа сепак не е нејзиното најголемо жалење во кариерата. Таа рече дека не жали што го завршила „Шоуто на Опра Винфри“ во 2011 година, туку дека во исто време ја започнала својата телевизиска мрежа, OWN. „Не би ја рестартирала сопствената мрежа и би ја завршила емисијата во исто време. Тоа е единственото нешто за кое жалам“, рече таа, додавајќи дека требало да земе една година пауза пред да се впушти во нов голем проект. View this post on Instagram A post shared by Baby, This is Keke Palmer (@kekepalmerpodcast) Денес, вели дека најмногу ужива во едноставните работи и потивкиот начин на живот. „Кога е дождлив ден, го сакам животот“, рекла таа. Додала дека дождот, каминот, ќебето, кучето и добрата книга ѝ носат најголема среќа бидејќи тогаш нема притисок или очекувања од другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаУтре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени. Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот. Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат Во моментов пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар во близина на селото Трстеник.Со брза и координирана интервенција се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и ставање на пожарот под контрола, објави ноќеска по полноќ на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter