Петмина граѓани завршиле на Токсикологија со симптоми од труење со диви печурки - Канал 5

Петмина граѓани завршиле на Токсикологија со симптоми од труење со диви печурки

Петорица граѓани за неполна недела завршиле на Клиниката за токсикологија со симптоми од труење со диви печурки. Доктор Чибишев објаснува дека сите тие пријавиле дека јаделе диви печурки и имале болки во стомакот, повраќање и дијареа.

Петмина граѓани завршиле на Токсикологија со симптоми од труење со диви печурки

Според него има два тип на печурки кои даваат труење со различни симптоми во часови по конзумирањето на дивите печурки. Едните даваат нескани ефекти шест часа по конзумирањето и тие труења се полесни и другиот вид на печурки даваат нескани симптоми од 10 до 40 часа и можат да бидат со тешки и фатални последици.

Од клиниката велат граѓаните по добивање на неглагодност по јадење на диви печурки сами да не се лекуваат, туку да дојдат на клиниката бидејќи има тимови кои ја работат проблематиката. Во Македонија има вкупно 10 врсти на отровни печурки што можат да бидат отровни и смртоносни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Либерија се пронајдени речиси четири тони кокаин- уапсени се двајца странци

Властите во Либерија запленија речиси четири тони кокаин, чија вредност се проценува на 317 милиони долари (277 милиони евра). 

Во Либерија се пронајдени речиси четири тони кокаин- уапсени се двајца странци

Тоа е една од најголемите заплени на дрога во историјата на таа западноафриканска земја, пишува Euronews.

Операција во близина на главниот град

Дрогата беше откриена во операција на патот што води до меѓународниот аеродром Робертс, околу триесет километри од Монровија. Уапсени се двајца странски државјани.

Државниот обвинител и министерот за правда изјавија дека заплената разоткрила „организирана, софистицирана, комплексна и добро финансирана мрежа за трговија со дрога“.

Истражителите пронајдоа приближно 3.971 килограм преработени плочки со сомнителен кокаин. Нивната улична вредност беше проценета на 317,7 милиони долари (279,1 милиони евра), додадоа официјалните лица.

Либериската национална полиција објави фотографии од голем камион со отворен товарен простор, кој содржеше вреќи со сомнителна супстанца и други докази собрани по рацијата во вторник.

Претседателот најави решителна борба

Оваа заплена следеше по слична голема операција во јуни. Потоа властите на истиот аеродром пресретнаа 237,6 килограми кокаин скриен во комерцијален товар. Поради тој случај, беа покренати обвиненија против пет мажи и една логистичка компанија.

По најновата акција, либерискиот претседател Џозеф Боакаи вети дека ќе ги „разоткрие и уништи“ мрежите зад трговијата со дрога во Либерија. Тој најави координирана истрага и рече дека „секое лице за кое ќе се утврди дека е одговорно ќе биде целосно одговорно пред законот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Среде бел ден упаднале во градското собрание во Мексико и го убиле градоначалникот

Градоначалник е убиен вчера во мексиканската федерална држава Морелос, откако преживеа претходен обид за атентат на почетокот на годината. 

Среде бел ден упаднале во градското собрание во Мексико и го убиле градоначалникот

Тој е 14-ти градоначалник убиен откако Клаудија Шајнбаум стана претседател на Мексико во октомври 2024 година.

Валентин Лавин Ромеро, член на Зелената партија, сојузник на владејачката левичарска партија Морено, беше ранет кон крајот на јануари кога беше нападнат од вооружени лица на бензинска пумпа покрај автопатот, објавува Гардијан.

Овој пат, напаѓачите влегоа во градското собрание на Темоак, град во близина на Сиудад де Мексико, сред бел ден и го убија Лавин Ромеро пред да избегаат со мотоцикл. Властите сè уште не утврдија мотив ниту ги идентификуваа осомничените, но обвинителството на Морелос вети дека ќе „ги исцрпи сите можности за истрага“.

Наводно, убиениот градоначалник имал врски и со криминалци

Речиси 100 градоначалници се убиени во Мексико од 2006 година, кога тогашниот претседател Фелипе Калдерон ја ангажираше војската во борбата против групите на организиран криминал. Таа одлука на крајот доведе до пораст на насилството поврзано со дрога.

Локалното ниво на власт е најмалку заштитениот дел од државниот систем и токму таму криминалните групи се обидуваат да склучуваат договори со властите со цел да ја консолидираат контролата врз локалните области и бизниси.

Локалните медиуми објавија дека самиот Лавин Ромеро наводно имал врски со локалните криминални групи. Неговата свекрва, поранешна благајничка на градската администрација, била уапсена во септември 2025 година под сомнение за поврзаност со криминалната група „Лос Апарицио“ и учество во киднапирања.

Поставен транспарент во центарот на градот

Во март, активистичката група Народен фронт за одбрана на земјата и водата побара од властите да го истражат Лавин Ромеро за неговата наводна вмешаност во убиствата на двајца активисти, Самир Флорес и Сандра Роса Камачо Флорес.

Отприлика во исто време, три месеци по првиот обид за атентат врз него, во центарот на Темоак бил поставен транспарент, наводно дело на криминална група, обвинувајќи го Лавин Ромеро дека ги штити нивните ривали и барајќи од него да застане на страната на нивните интереси.

Неговото убиство се случува во време кога федералната влада на Мексико презема мерки за сузбивање на корупциските мрежи меѓу локалните власти и криминалните групи како дел од операцијата „Рој“, во која беа уапсени 85 службеници во три федерални држави, вклучувајќи го и Морелос.

Стапката на убиства во Мексико се намали за околу половина во изминатата година, според официјалните бројки, иако безбедносните аналитичари велат дека вистинскиот пад веројатно ќе биде помал. Во исто време, повеќе од 130.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција забрани електрични тротинети за лица помлади од 17 години- казните се огромни

Грција донесе закон за електрични тротинети со кој им се забранува на лицата под 17 години да ги користат, со високи казни за оние што го прекршуваат законот.

Грција забрани електрични тротинети за лица помлади од 17 години- казните се огромни

Забраната, наводно, се воведува во обид да се стави крај на хаосот на патиштата и тротоарите по серијата сериозни несреќи во кои загинаа млади луѓе.

Задолжително осигурување

Лицата под 17 години повеќе не смеат да користат електрични тротинети на јавни патишта, објавува „Катимерини“.

Прекршувањето на забраната носи казна од 150 евра, а компаниите што изнајмуваат тротинети на лица под 17 години се соочуваат со казни до 1.000 евра.

Според новиот закон, правилата се значително построги и за возрасните. Електричните тротинети се забранети на патишта со ограничување на брзината од 50 километри на час или повеќе, а возачите што ја прекршуваат регулативата ќе добијат казна од 350 евра.

Се воведува и нов услов за задолжително осигурување од одговорност кон трети лица, а возењето без осигурување носи казна од 250 евра.

Невнимателното паркирање на тротинети повеќе нема да се толерира. Оние што ги блокираат тротоарите или пешачките премини можат да бидат отстранети, со казна за сопствениците од 40 до 80 евра.

Воведен е и нов регистар

Возачите кои возат без кацига, користат мобилен телефон или носат слушалки се соочуваат со казна од 40 до 150 евра.

За поточна евиденција, се воспоставува електронски регистар, EPHO, во кој се внесуваат податоци за сопственоста на електричните тротинети, техничките карактеристики на возилото и сите други потребни податоци.

Со помош на овој регистар, надлежните органи можат да контролираат и да обезбедат почитување на законските прописи поврзани со електричните тротинети.

Возачите се должни да носат и легален документ за идентификација за да ја утврдат возраста и доказ за осигурување кога возат електрични тротинети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер