Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
1Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
БалканПетиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во МоскваИзвестителот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас објави на Х дека покренува иницијатива за собирање потписи од други европратеници за петиција.Известителот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас објави на Х дека покренува иницијатива за собирање потписи од други европратеници за петиција со која се повикува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ја откаже планираната посета на Белград. Според него, присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Москва значи поддршка за руските воени злосторства во Украина. Терас, член на парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП), чиј придружен член е Српската прогресивна партија. Кошта треба на 13 мај да биде во еднодневна посета на Белград како дел од неговата турнеја низ Западен Балкан. Во петицијата Терас наведува дека посетата на Кошта на Србија е „многу проблематична“, со оглед на фактот дека Вучиќ вчера присуствуваше на воената парада на рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Терас, европратеник од Естонија, изјави дека „армијата што парадира во Москва е истата армија што продолжува да извршува воени злосторства и да убива Украинци секој ден повеќе од три години“. „Во светот на дипломатијата, ваквите посети (како онаа на Вучиќ) се далеку од чиста формалност. Тие се акти на поддршка. Затоа, присуството на претседателот Вучиќ (на воената парада) претставува одобрување на воените злосторства извршени од Путин и руската армија. Ова го потврдува фактот дека другите лидери кои присуствуваа на тој настан беа претежно од автократии и репресивни режими“, рече Терас. Тој додаде дека таквото однесување на претседателот Вучиќ треба да биде осудено најостро, бидејќи е спротивно на вредностите на Европската Унија и на сè за што се залага блокот од 27 земји. „Вашата посета на Србија би имала сосема спротивен ефект, бидејќи би сигнализирала дека Европската Унија го одобрува однесувањето на претседателот Вучиќ, кое е достојно за презир. Како претседател на Европскиот совет, не треба да изразувате поддршка за некој што поддржува воен злосторник. Вашата посета на Србија би имала токму таков ефект, бидејќи би била демонстрација на поддршка за претседателот Вучиќ. Затоа ве повикуваме да ја откажете вашата посета на Србија“, вели Терас во петицијата. Српскиот претседател за време на вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сака да верува оти Србија ќе добие многу добри и поволни услови за испорака на руски гас во наредните години. Вучиќ за белградските медиуми изјави дека тој и Путин меѓу другото, разговарале за новиот долгорочен договор за снабдување на Србија со руски гас, кој задоволува околу 85 проценти од потребите на Србија за гас. Претседателот на Србија изјави дека имал „долг, отворен, суштински и искрен разговор за сите теми“ со Путин и неговите соработници. Тој додаде дека е задоволен од „резултатите од разговорите и вниманието и начинот на кој претседателот Путин ја прими српската делегација и почитта што ја покажа кон Србија“. Вучиќ рече дека слушнал и од Путин и од кинескиот претседател Си Џинпинг, со кого се сретна v;era, „дека тие работат заедно за да воспостават големи промени и пофер поредок во светот“. Европскиот совет вчера објави дека Кошта ќе биде во Западен Балкан од 12 до 16 мај на турнеја, првично со посета на Србија, каде што на 13 мај ќе разговара со Вучиќ, премиерот Ѓуро Мацут и членови на српскиот парламент. Најавено е дека по Србија, Кошта ќе ги посети Сараево, Подгорица, Приштина, Скопје и Тирана, каде на 16 мај ќе биде ко-домаќин на шестиот самит на Европската политичка унија. Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека за време на престојот на Западен Балкан, Кошта ќе ја нагласи важноста од понатамошно зајакнување на обновениот моментум во процесот на проширување на Европската унија и односите меѓу ЕУ и тој регион. Тагови: Александар Вучиќ москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно и релативно топлоВремето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34