Петар Богојески и Умејр Мухамеди во „Само Вистина“ - Канал 5

Петар Богојески и Умејр Мухамеди во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Петар Богојески и Умејр Мухамеди.

Петар Богојески и Умејр Мухамеди во „Само Вистина“

Драги пријатели, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Умејр Мухамеди и Петар Богојески.

Етнички или економски теми, што преферираат граѓаните, а што дел од политичарите?

Идеали или интереси, што го мотивира Таравари да оди во опозиција, кој го поддржува, а кој и нему ќе му заврти грб?

Ако „претходните“ не ги средија институциите, дали „сегашните“ прават доволно?

Како да излеземе од состојбата на „летаргија“ и да го возобновиме руинираниот систем?

Еу интеграции, втора лига или нешто трето, дали среде тектонските геополитички поместувања, сме на правата страна?

Што ќе значи новото задолжување од новите стратешки партнери?

Вечерва Александар Видиновски со Умејр Мухамеди и Петар Богојески, веднаш по централните вести.

Петер Сијарто во посета на Македонија, потврдена поддршката за евроинтеграциите

Разочарани сме што Брисел и западно европските држави постојано поставуваат пречки на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, порача шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Петер Сијарто во посета на Македонија, потврдена поддршката за евроинтеграциите

Разочарани сме што Брисел и западно европските држави постојано поставуваат пречки на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, порача шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто по средбата со неговиот македонски колега Муцунски. Потенцираше дека Унгарија останува еден од најгласните и најпосветени поддржувачи на евроинеграциите на Македонија и дека работат на тоа земјава што поскоро да ги започне суштинските преговори со ЕУ, но порача дека не е само блокадата од Бугарија, туку дека ситуацијата е покомплексна.

И покрај тоа што се уште нема потврда за еветуална средба меѓу македонски и бугарски претавници во Хаг, Муцунски вели дека земјава и понатаму ќе инсистира на комуникација и добрососедство со Бугарија, но дека тоа не значи отстапка од позициите. Порача и дека Македонија нема да дозволи да биде погазена и понижена на патот кон ЕУ.

Посетата на Сијарто во земајва беше заокружена со потпишуавње на Договор за стратешко партнерство меѓу двете Влади кој ќе озвоможи унгарски претпријатија да учествуваат во изградбата на поректи од областа на сообраќајот, градежнштвото и телкомуникациите во земјава. А во рамки на посетата беше потпишан и Меморамдум за соработка во образованието со кој секоја година по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студирање во Унгарија.

YouTube video

Светот на раб на нова војна, Израел изврши воздушен напад врз Иран,Техеран возврати со дронови

Рано утрината над 200 израелски авиони навлегоа на иранска територија и го извршија најголемиот напад врз исламската република во последните неколку децении при што биле погодени 100 локации.

Светот на раб на нова војна, Израел изврши воздушен напад врз Иран,Техеран возврати со дронови

Мета беа иранските нуклеарни и воени постројки, а погоден бил и нуклеарниот комлекс Натанз кој е клучна постројка за збогатување ураниум.

Неколку минути по нападот, во 3.30 часот по локалнио време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека почнала, операцијата насловена „Исправен Лав“ чија цел е да се неутрализира егзистенционалната закана за Израел, односно иранската нуклеарна програма. Порача дека ова е само почеток.

Освен стратешки позиции ликвидирани се дузина истакна ирански воени лица и научници.

Меѓу убиените се началникот на Генералштабот на вооружените сили, Мохамед Багери, командирот на Централниот штаб Хатам ел – Анбија и командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Хосеин Салами и најмалку шестмина нуклеарни научници.

Техеран експресно одговори повеќе од 100 дронови но без да причини значителна штета на израелска територија. Врховниот лидер ајаталохот Али Хамнеи најави жесток одговор.

Ционистичкиот режим си подготви горчлива судбина која дефинитивно ќе ја доживее, се вели во неговото соопштение.

Дел од Иранците сметаат дека Израел треба да се соочи со одговор.

-Тие сакаат да ја одземат нашата нуклеарна способност, тоа е неприфатливо. Премногу граѓани работеа напорно за тоа. Ние го постигнавме тоа самите, и сега тие сакаат да ни го одземат“.

-Колку долго време треба да живееме во страв? Тие убија многу универзитетски професори, и одат да преговараат. За што ќе преговараат? Што остана?

По првичната воздржаност, и пораките дека Вашингтон знаел но не бил дел од операцијата, американскиот претседател Трамп, попладнево експлицитно го предупреди Иран дека ќе се соочи со уште побрутални израелски напади ако не постигне договор за својата нуклеарна програма, чија нова рунда разговори со Вашингтон продолжуваат утре во Оман.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти дека не регистрирала зголемено ниво на радијација по ударите врз нуклеарните постројки и апелираа дека ваквите комплекси не смеат да бидат мета на напади.

-Ги повикувам сите страни да покажат максимална воздржаност со цел да се избегне понатамошна ескалација. Повторувам дека секоја воена акција која ја загрозува безбедноста на нуклеарните постројки ризикува сериозни последици за луѓето од Иран, регионот и пошироко,- изјава, Рафаел Марино Гроси – ген. директор на МААЕ.

Светските медиуми јавуваат дека во неколку изралски градови, граѓаните масовно купуваат залихи на храна и вода, во исчекување на напади од Иран.

Муцунски: Ние сме секогаш за мир

Ние сме секогаш за мир, а за Резолуцијата за Газа бевме воздржани поради тоа што делови од неа не соодвестуваа со меѓународното право, вели Муцунски.

Муцунски: Ние сме секогаш за мир

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна дека македонската надворешна политика е секогаш за мир во однос на сите конфликти во светот, а за резолуцијата за прекин на огнот во Газа во Генералното собрание на Обединетите нации земјава гласала воздржано, поради одредени недоречености во самиот текст, кои, како што посочи не соодвестуваат со основните принципи на меѓународното право и, пред се, во неа не се дефинира што всушност претставува Хамас.

-Ние сакаме мир, насекаде во светот, за сите конфликти. Нашата надворешна политика е така поставена и даваме свој инпут како мала држава за мир меѓу Украина и Русија, жалиме за развојот на состојбата на Блискиот Исток, исто така сакаме мир меѓу Израел и Палестина. Но, кога ќе видите една таква резолуција, таа има своја содржина и во однос на содржината на каква било резолуција ние поставуваме наш политички став. Во неа ќе видите аргументи, кои се спротивставени со основните принципи на меѓународното јавно право, истакна Муцунски.

Тој посочи дека во резолуцијата немало јасна дефиниција за Хамас, за тоа што значи и како дејствува оваа организација, за која, рече дека за него, без дилема, е терористичка.

[Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна оти тој не може да каже дали ќе има средба со претставници на Бугарија на маргините на Самитот на НАТО во]

-Во истата резолуција ќе видите недоволно јасно дефинирање на тоа што е Хамас. На пример за мене нема никаква дилема дека Хамас е терористичка организација, којашто изврши убиство на територија на Израел, но кога нема јасно дефинирање за дејствијата на Хамас, за организацијата, што правела, не можеме да застанеме позади една таква резолуција, рече Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега, Петер Сијарто во врска со Резолуцијата за прекин на огнот во Газа, која беше усвоена со 149 гласови, 12 држави гласа против, а 19 беа воздржани.

Тој напомена дека македонските позиции во однос на кое било прашање во ОН се гледаат низ призма за заштита на нашите интереси.

-Не сме против мир во Палестина, сакаме мир, бидејќи мирот значи благосостојба, стабилност за нашите држави и за нашите народи, но кога некој дава оценка за што е гласано му препорачувам да прочита зошто точно сме гласале воздржано, додаде Муцунски.

притисни ентер