Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
1Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
ЗабаваПет типови на мажи – од алфа до омегаМажите во текот на животот се менуваат во зависност од годините и животното искуство.Ниту еден маж не ги одразува чистите особини од одреден тип, туку обично е комбинација на неколку типа. Ова се основните типови на мажи именувани со грчки букви: Алфа мажи - самоуверени, претприемчиви и ги бие глас на „лоши“ Тој е мачо тип, кој зрачи со самодоверба со малку агресија, кој е отворен, многу бара и е многу сексистички! Тоа не значи дека ги објективизира жените, но секако знае дека може да ја добие која ќе посака. А најчесто, сака некој кој е многу попослушен и со малку или без алфа карактеристики. Важат за тешки соработници, бидејќи нивното его нагло расте секогаш кога ќе се покаже дека не се во право. Но, тоа го надополнуваат со својот шарм. Жените нема да добијат никаква утеха или поддршка од алф-маж, а ако жената го изневери партнерот, ќе го изневери со алфа маж. Бета мажи - добри за соработка, иако се прилично интровертни За него обично се вели „фин дечко“. Секогаш е умерен, љубезен и сочувствителен. Тие се многу почувствителни и поемотивни од алфа мажите и се далеку поприземни. Добро ги прифаќаат критиките и се одлични соработници. Она што им пречи на жените е нивната воздржаност и интровертно однесување. Тоа се оние момчиња кои на училиште се тивки, „бубалици“ се и веројатно малтретирани од алфа поединци. Тие израснуваат во безгрижни, емотивни фини момчиња кои по малку се идеалисти! Жените обично претпочитаат бета мажи за животен партнер, особено ако некој алфа маж претходно им го скршил срцето. Иако подраги им се како пријатели, но не и како љубовници. Омега мажи - опуштени, малку ексцентрични и немарливи по природа Во секој филм на Бен Стилер има одличен пример за омега маж кој има навистина невнимателни навики. Тој е многу опуштен, малку мрзелив и се однесува како да не му е грижа за ништо на светот. Тој е донекаде незрел, неодговорен и дефинитивно му недостига амбиција. Омега мажите се многу интелигентни, но тоа не го покажуваат бидејќи им недостасува амбиција. Можат да решат комплицирана математичка задача додека јадат пица и не им е гајле за ништо друго. Како сопрузи, тие се мрзеливи и за сè се потпираат на сопругата, без да сакаат да помогнат во домашните работи. Гама мажи - немирни, забавни и полни со авантуристички дух Гама типот на маж сака да се забавува, но во исто време не ги отфрла своите обврски. Тие се дефинитивно авантуристи и имаат тенденција да станат многу немирни ако се неактивни подолго време. Можно е алфа мажот да созрее во гама маж, бидејќи тие се нивната префинета верзија. Гама мажите се чувствителни спрема спротивниот пол и се многу свесни за потребите и природата на она што жените навистина го сакаат и прават сè што е во нивна моќ за да ги задоволат потребите на својот партнер. Тие секогаш го ставаат семејството на прво место, во која било ситуација и сценарио. Делта маж - повлечен, огорчен и затворен Делта мажите не поминале најдобро во играта на животот. Некогаш биле алфа, па дури и гама тип, но во одреден момент ги погодила трагедија поради која целосно се повлекле од животот. Многу се затворени и повлечени со ставот „навистина не ми е гајле“ и често се огорчени спрема некого или нешто. Поради овие причини, тие не се многу добредојдени на друштвените собири и често се осамени. Делта мажите може да привлечат некого со слични карактеристики. Во друг случај, партнерот може да ги смета за досадни, освен ако не го променат начинот на живот, пишува „Mensxp“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГДодека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски. Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“. Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции. Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт. Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра. Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија. Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот. Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност! Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Тагови: Маја Серафимовска -Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багажДвегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот. Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони. Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата. Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага. Извор: Б92Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter