Пет суптилни знаци дека ви се заканува срцев удар – Повеќето луѓе ги игнорираат додека не биде доцна! - Канал 5

Пет суптилни знаци дека ви се заканува срцев удар – Повеќето луѓе ги игнорираат додека не биде доцна!

Раното препознавање на симптомите е клучно.

Пет суптилни знаци дека ви се заканува срцев удар – Повеќето луѓе ги игнорираат додека не биде доцна!

Кога ќе се спомене срцев удар повеќето луѓе замислуваат силна болка во градите и ненадеен колапс. Меѓутоа, реално, ова заболување е многу поподмолно и стихијно. Инфарктот не мора секогаш да изгледа како сцена од филм. Неретко му претходат нејасни симптоми кои лесно се припишуваат на уморот, стресот, годините, или проблеми со варењето.

Проценките покажуваат дека секој петти инфаркт е „тивок“, што значи дека лицето воопшто не сфатило дека го доживеало, сè додека оштетувањето на срцевиот мускул не се открие дополнително, на рутински преглед.

Проблемот е во тоа што луѓето често го одложуваат одењето на лекар бидејќи симптомите не личат на „вистински“ срцев удар. А, всушност, минутите во таквите ситуации се пресудни.

Ненадеен и необјаснив умор

Еден од најчестите и најзанемарени знаци е големиот умор. Не станува збор за вообичаена исцрпеност по напорна недела, туку ненадејно чувство на омалаксаност која не поминува и после одмор. Луѓето кои преживеале инфаркт често се присетуваат дека пред тоа со денови чувствувале дека немаат сила ни за наједноставни активности, како одењето до продавница.

Причината лежи во тоа што срцето, како резултат на намален проток на крв, мора да работи засилено за да го снабди организмот со кислород. Дополнителниот напор го исцрпува телото. Овој симптом е почесто изразен кај жените, кои често состојбата ја припишуваат на хормонските промени или стресот.

Болка надвор од градниот кош

Уште еден подмолен симптом е болка која не се јавува во градите, туку на други места во горниот дел од телото. Непријатноста може да се почувствува како притисок или тапа болка во долната вилица, вратот, рамењата, грбот, особено помеѓу лопатките, па дури и во стомакот.

Причина се сложените нервни патишта кои на мозокот му испраќаат збунети сигнали за местото на настанок на болката. Ако таквата непријатност се појавува без јасна причина, доаѓа и поминува или се засилува при напор, тоа може да биде сериозен предупредувачки знак.

Симптоми слични на дигестивни пречки

Мачнина, чувство на тежина во желудникот, повраќање или болка слична на киселина, овие знаци често погрешно се толкуваат како проблеми со варењето. Сепак, овие симптоми може да бидат ран знак за срцев удар, особено кај жените.

Срцето и дигестивниот систем делат одредени нервни врски, па организмот понекогаш го меша потеклото на тегобите. Ако овие симптоми се појавуваат одненадеж и се проследени со потење, слабост или вртоглавица, неопходно е да побарате лекарска помош.

Краток здив

Чувството дека не можете да земете доволно воздух, дури и кога мирувате или при помал напор, може да биде знак дека срцето не пумпа доволно крв. Недостатокот на воздух често се јавува заедно со умор, или непријатност во градите, но може да биде и единствен симптом. Луѓето често го толкуваат како лоша кондиција или анксиозност.

Ладна пот и вртоглавица

Ненадејното препотување без очигледна причина, особено ако е проследено со чувство на слабост, мачнина или несвестица, може да укажува на сериозен срцев проблем. Ладна леплива пот е еден од често потценетите знаци на предупредување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.

Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.

Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.

Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.

На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.

Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.

Во исто време нема реакција на обвинителството.

Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.

Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.

Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?

Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.

Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.

На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.

Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.

Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер