Пет стихозбирки во потесен круг за наградата „Браќа Миладиновци“

Пет книги од пријавените 34 автори влегоа во потесен круг за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор издадена меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.


Жирито задолжено за доделување на оваа награда ги издвои во потесна селекција делата: „Лични податоци“ на Владимир Илијевски, „Кожа“ од Наташа Сарџоска, „Полнотија“ на Јован Стрезоски, „Моите веди“ на Вера Чејкоска и „Поврзи ги точките“ на Николина Андова-Шопова. Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ ќе биде соопштен на 23 август.

Наградата „Браќа Миладиновци“ е востановена во 1963 година како признание за најдобра поетска книга меѓу два фестивала. Таа е најголема национална награда за поетско творештво во Република Македонија, со која Струшки вечери на поезијата повеќе од половина век ги наградува поетските дострели на македонските творци во секоја измината година. Прв добитник на оваа награда беше Матеја Матевски за книгата поезија „Рамноденица“.


Педесет и третите Струшки вечери на поезијата свечено ќе бидат отворени на 21 август со традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ“ и палење на фестивалскиот оган.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер