3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ЖивотПет работи што денес се вообичаени, а пред 6 години не можевме ни да ги замислимеЕден корисник на Reddit постави прашање, што е она што денес е вообичаено, а би нè шокирало пред само шест години? Прашањето поттикна лавина одговори за тоа колку светот се промени од 2020 г. Самиот автор на објавата истакнува дека нормализацијата на вештачката интелигенција, од генерирање слики до обични разговори со асистентите на вештачката интелигенција, е нешто што тогаш би звучело како дистопија, но денес е само „уште еден отворен „таб“ во прелистувачот“. Многумина се согласија и ги споделија своите забелешки за тивките промени што го преобликуваа нашиот секојдневен живот. Свет проткаен со вештачка интелигенција Судејќи според коментарите, многумина не можат да поверуваат дека вештачката интелигенција во денешно време е толку развиена. „Видеоисечоци генерирани со вештачка интелигенција. Сè уништија. Гледам некое инспиративно или застрашувачко видео или што и да е, и се покажува дека не е вистинско. Цртаните филмови барем не делуваат дека се реални. Овие видеа ме навлекуваат да поверувам во нешто што е лажно. Дури сум видел познати личности или рабини како пренесуваат мудрост, а содржината всушност ја напишал некој 16-годишник без животно искуство. Го мразам до срж ова и сакам да видам што всушност прават горилата, но не лажните горила.“ „Завчера, сестра ми ми кажа дека нејзиниот сопруг има „адвокат вештачка интелигенција“ со кого се консултира по телефон за неговиот бизнис. Ѝ реков дека тоа е ужасна идеја.“ „Луѓе кои своите размислувања им ги препуштаат на прославен генератор на предвидливи текстови и со тоа дозволуваат да им пропаѓаат сопствените вештини. Тоа во иднина многу скапо ќе ги чини, а јас веќе си спремив пуканки.“ Нови економски стандарди Пред шест години, многумина не можеа ни да замислат колку ќе бидат високи трошоците за живот во 2026 година. „Еднособен стан за 1.000 евра во полош дел од градот“, напишал еден корисник, на што друг се надоврзал: „Полошо е што 1.000 евра месечно сега се дури и доста евтино во многу градови“. „Неделни сметки за намирници - 250 евра. Плаќаш 2,50 евра за кесичка брашно што порано чинеше 99 центи“. Социјални и политички тензии Геополитичката ситуација - од Украина до Гренланд – денес е исто така за многумина неверојатна. „САД отворено расправа за инвазија на Гренланд“, напишала една личност како нешто што најмногу ја изненадува за 2026 година. „Редовно гледам на Фејсбук објави на белите супремацисти, вистински расистички карикатури. Тоа е нешто што не можевте да го видите порано освен ако намерно не сте ги посетиле тие нацистички страници, а сега луѓето го објавуваат масовно. А ако ги пријавите? Ништо не се случува“. „Бесрамноста кај американската власт. Некогаш можеше да се предизвика скандал со тоа што ќе се посочи лицемерието, двојните стандарди и селективната примена на законот. Денес, владата дури и не се труди да го крие тоа. Секој ден се носат сè повеќе закони кои можеби се неутрални на хартија, но очигледно се спроведуваат само против политичките непријатели.“ Други наведоа „јавни расистички испади“ и појавата на „маскирани мажи кои ги земаат луѓето од улица и исчезнуваат со нив“. Промени во работата и здравствената заштита Во 2020 година се случи пандемијата на коронавирус, која животите на многу луѓе ги преврте наопаку. Единственото добро нешто што го донесе беше работата од дома. „Целосна работа од дома и состаноци со исклучени камери. 2020: „Дозволено ли е ова воопшто?“ 2025: „Ве молам не ја вклучувајте камерата.“ „КОВИД. Моментално сум болен дома. Работам во болница. Сега не им е гајле. Ако не отидам во среда, ќе го изгубам додатокот за годишен одмор. А во 2020 година, ми платија две цели недели отсуство од работа.“ Големи промени во размислувањето „Технолошката индустрија која е бесрамно проавторитарна и отворено зла. Уште во 2020 година, знаевме дека Цук и Тиел ќе ги прават овие работи, но мислевме дека Гугл, Амазон и останатите барем ќе се преправаат дека им е грижа и дека не се отворено злобни. Погрешивме. Отфрлањето на еколошките цели, отворената продажба на оружје за геноцид, јавното напуштање на програмите за разновидност, а да не го спомнуваме отвореното прифаќање на масовни отпуштања. Тоа апсолутно ни ги отвори очите.“ „Дека луѓето ќе се свртат против вакцинирањето. Тоа е како да се лутите на пеницилинот.“ „Контрола од страна на државата. Џорџ Орвел нè предупреди за ова пред неколку децении.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook