Пет оригинални подароци за 8-ми Март што сигурно ќе ја воодушеват секоја жена! - Канал 5

Пет оригинални подароци за 8-ми Март што сигурно ќе ја воодушеват секоја жена!

За Денот на жената, повеќето луѓе, особено мажите, ќе се одлучат за цвеќе, бонбониера, парфем, можеби парче накит или некој сличен подарок што обично им се подарува на дамите.

Пет оригинални подароци за 8-ми Март што сигурно ќе ја воодушеват секоја жена!

Меѓутоа, ние ви нудиме пет малку поразлични предлози за подароци што би ја израдувале секоја жена за 8-ми Март.

1. Ваучер за спа-центар

Многубројните обврски на работа или околу семејството честопати не им оставаат на жените доволно време да се посветат на себеси. Затоа ваучер за спа-центар е вистински подарок што би ѝ дал можност на жената барем неколку часа да не размислува на обврските што ги има, туку да се фокусира на себе. Бројните спа-центри нудат различни програми - од масажи до разни програми за релаксација и разубавување. Што и да одберете, вашата дама ќе ви биде благодарна.

2. Фризер и маникир

Без разлика дали некоја жена редовно посетува фризер и маникир, ваков ваучер како подарок сигурно би ја изненадил. Можеби ќе ја поттикнете да ја промени фризурата или бојата на косата, да изгледа и да се чувствува поубаво, помладо и што е најважно, сакано. Задоволната жена е убава жена, без разлика на возраста, физичкиот изглед или моменталната емотивна состојба, а ваквиот подарок е соодветен без оглед дали се работи за мајка, сопруга, девојка или пријателка.

3. Излет

Излет во природа или викенд далеку од градот е уште една можност за вашата дама да се опушти и одмори од секојдневните обврски. Ако немате пари за скапо пакување, секогаш можете да најдете винарија за дегустација на вино или некоја поблиска дестинација за која нема да ви требаат многу пари. Ваквиот подарок е добар бидејќи и вам ќе ви дава можност за нови возбудливи спомени што вечно ќе ги паметите.

4. Куќна помошничка на еден ден

Многу жени сонуваат да имаат жена која би им помагала во домашните работи. Доколку немате можност редовно да ангажирате помош низ домот, најдете некој што ќе ѝ помогне и ќе ѝ го олесни животот на саканата дама барем еден ден. Куќната помошничка може да заврши многу работи, од чистење на прозорците до пеглање на алиштата. Ваков подарок секако не е вообичаен, но верувајте, би ја израдувало секоја жена, особено онаа со бројни деловни и семејни обврски.

5. Вечера со пријателките

Дружењето е исклучително важно за секој човек, но за жал, сè почесто немаме доволно време, па најчесто се откажуваме од времето поминато со пријателите. Секојдневното темпо, кое најчесто вклучува бројни работни обврски, земање на децата од градинка или училиште, приготвување оброци за семејството, не им остава простор на повеќето жени да поминат време со пријателките. Затоа почестете ја вашата сакана дама токму со едно такво дружење со пријателките, каде ќе може да ужива во храна, пијалок и разговор со своите пријателки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. 

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ЈП ПОЦ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер