Пет од седум пациенти на Инфективната клиника излекувано со крвна плазма - Канал 5

Пет од седум пациенти на Инфективната клиника излекувано со крвна плазма

Седум пациенти од Клиниката за инфективни болести примиле плазма. 

Пет од седум пациенти на Инфективната клиника излекувано со крвна плазма

Плазма може да даруваат луѓе кои го прележале Ковид 19 на клиниката за трансфузиологија. Доктор Илир Демири од инфективната клиника објаснува, дека кај пациентите кои примеле плазма делувала и дала добри резултати кај пет пациенти, а двајца кои биле во тешка здравствена состојба починале.

Кај пациентите седум дена по примањето на плазмата состојбата многу се подобрила.

Досегашните искуства покажале дека плазмата треба да ја примаат пациенти кои се во категоријата на средно и средно тешки пациенти.

Кај лесно заразените пациенти со Ковид 19 најчесто се дава витаминска терапија во поголеми количини на витамин Ц.

Докторите велат дека засега бројките на пациенти кои донираат плазма се скромни. Дел од оние кои сакале да донираат немале доволно антитела. Инфектолозите со апел до оздравените пациенти да донираат плазма, бидејќи може да спасат живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски од Париз: инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет

На саемот „EUROSATORY 2026“, македонската делегација одблиску се запозна со новите достигнувања на полето на воената технологија.

Мисајловски од Париз: инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (15 јуни) престојува во Париз, Франција каде присуствуваше на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, а оствари средба и со Елен Конвеј-Муре, потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили во францускиот Сенат.

На средбата со сенаторката Конвеј-Муре, министерот Мисајловски се осврна на инвестициите во армијата, видливи преку стабилното зголемување на средствата наменети за одбрана кои оваа година достигнаа 2,18 проценти од бруто-домашниот производ, од кои 32,5 проценти се наменети за набавка на нова и софистицирана опрема за македонската Армија.

„Македонската Влада силно инвестира во зацврстувањето на одбраната и безбедноста на земјата, а со тоа и на колективната одбрана на Алијансата. Со зголемувањето на одбранбениот буџет и набавката на нова, модерна и софистицирана опрема, вклучително и системите за против-воздушна одбрана Мистрал 3 од Француската Република, несомнено придонесуваме кон посилно НАТО и побезбедни граѓани“, рече министерот на средбата.

Мисајловски на средбата нагласи и дека потенцијалот за развој на одбранбената соработка со Франција е навистина голем, особено во контекст на заедничките обуки и вежби, како и размената на експертиза во доменот на одбраната.

На саемот „EUROSATORY 2026“, македонската делегација одблиску се запозна со новите достигнувања на полето на воената технологија, што е од исклучителна важност имајќи го предвид активниот процес за модернизација и опремување на Армијата.

Министерство за одбрана

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и топло

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Утре променливо облачно и топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Ќе преовладува топло време. Во среда на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

ВМРО–ОКГ со денешната реакција целосно го потврди скандалот што денеска го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.

СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

Сега прашањето е кој во ВМРО ќе одговара?

Факт е дека Антикорупцискиот тим на СДСМ веќе објави тендерски шеми вредни над 100 милиони евра, во кои едни исти, омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините.

Факт е дека три фирми се издвојуваат по бројот и вредноста на добиените тендери: Ленди Груп со 74 тендери вредни 17,6 милиони евра, Пирамид билдинг солушнс со 51 тендер вреден 16 милиони евра и Масев со 93 тендери вредни 18 милиони евра.

Факт е дека зад овие фирми се појавуваат едни исти проектанти и надзорни компании – МГ Проект и МБМ Архитекти.

Во Кисела Вода и Илинден, каде работи Ленди Груп, надзорот го врши МГ Проект.

Во Аеродром и Гази Баба, каде работи Пирамид билдинг, клучните договори за надзор ги добива МБМ Архитекти.

Во низа општини и институции каде работи Масев, повторно се појавуваат истите две фирми како проектанти и надзор.

Дополнително, токму во периодот кога ВМРО–ОКГ има апсолутна власт и се реализираат средствата од унгарскиот кредит, МГ Проект склучува договори вредни 2,4 милиони евра, а МБМ Архитекти договори вредни 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти.

Ова се факти, договори, бројки и јавни податоци, сите во времето на ВМРО.

Затоа прашањето останува:

Кој ќе одговара за оваа бизнис-шема за испумпување пари на граѓаните?

Јавното обвинителство повеќе нема простор за молк.

АКТ на СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите сознанија и докази за злоупотребите и бара целосна одговорност – од прв до последен инволвиран.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер