Пет нови смртни случаи во Србија , вкупно 3105 заразени со коронавирус - Канал 5

Пет нови смртни случаи во Србија , вкупно 3105 заразени со коронавирус

Во Србија во последните 24 часа се тестирани 1893 лица, од кои 238 се позитивни, рече на прес-конференција Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, заменик директор на Институтот Батут.

Пет нови смртни случаи во Србија , вкупно 3105 заразени со коронавирус

Така, вкупниот број на смртни случаи во Србија се искачи на 71.

2107 пациенти се хоспитализирани, а 136 се на респиратор.

Вкупниот број на случаи на инфекција со коронавирус во таа земја се искачи на 3105.

Инаку, во Србија денеска започнува најдолгиот полициски час од воведувањето вонредната состојба, што трае дури два и пол дена, или 60 часа. Полицискиот час започнува денес во 17:00 часотќе и трае до 5 часот во понеделник.

Продавниците, пекарите, аптеките и другите услуги нема да работат во текот на најдолгиот полициски час од вонредната состојба, како што беше случај досега.

Како и досега, на пензионерите им е забрането да ги напуштат своите домови 24 часа, и така ќе биде и овој викенд.

Штом ќе започне полицискиот час, денес во 17 часот, на улиците ќе бидат само оние со посебни работни дозволи. Само оние што треба да работат во ова време можат да се движат со цел да се обезбеди функционирање на секојдневниот живот, но за тоа е потребна посебна дозвола за движење, како и налог од работодавачот.

Сопствениците на миленичиња за време на полицискиот час ќе имаат два периоди за да ги шетаат своите миленици.

Тие можат да ги изнесат домашните миленици секој ден од 11 до 13 часот, а во сабота и недела од 8 до 10 часот само 20 минути, на оддалеченост од 200 метри од местото на живеење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем.

Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа.

За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура.

Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина.

Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Џет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул.

Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*.

Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв.

Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур.

Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето.

Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Не сме нападнати“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.

Рубио: „Не сме нападнати“

„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си.

Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа.

Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД.

Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер