Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
ЖивотПет најдобри намирници за подобро варење и појак имунитет!Откријте ги тајните на ферментираната храна.Суперхрана за совршена кожа, слабеење и спречување на косопаст. Ферментацијата е бавен процес на разградување на одделни компоненти, најчесто јаглехидрати под влијание на карактеристична микрофлора. Овој процес иницира бројни хемиски промени, од кои најзначајна е продолжувањето на рокот на траење на финалниот производ, како и зголемување на бројот на корисни бактерии во храната. Можеби „бактерии“ и „храна“ не се два збора што би сакале да ги слушнете во иста реченица, но овој тип на бактерии е прилично важен за целокупното здравје. Познати и како природни пробиотици, добрите бактерии живеат во дигестивниот тракт и влијаат на речиси сè - од здравјето на дигестивниот систем до имунолошките функции на телото. Овие пет ферментирани намирници го подобруваат варењето и го зајакнуваат имунолошкиот систем, но тоа не е сè. 1. Јогурт - најдобар избор за менталното здравје Истражувањата покажаа дека одредени видови бактерии во јогуртот можат да го подобрат расположението и да ги ублажат симптомите на анксиозност. Природниот јогурт како и кефирот ги содржат овие корисни бактерии и можат позитивно да влијаат на менталното здравје. Затоа, вклучувањето на ферментирана храна во исхраната може да има бројни здравствени придобивки, вклучително и подобрување на менталното здравје. 2. Кисела зелка - најдобар избор за варење Ферментираната сечкана кисела зелка е исто така богата со пробиотици и витамини А и Ц и може да го подобри варењето. Клиничките испитувања покажаа дека може да ги подобри симптомите на синдром на нервозно дебело црево (IBS), па дури и има улога во превенција и третман на ракот на дојка. Ова ферментирано јадење може лесно да се направи дома од само три состојки - зелка, вода и сол, а може да се најде во супермаркетите или продавниците за здрава храна. 3. Кефир - најдобар избор за кожата Кефирот, ферментираното млеко со зрна кефир, исто така има бројни здравствени придобивки. Истражувањата покажаа дека консумирањето кефир може да го подобри здравјето на кожата и да ја зајакне кожната бариера. Исто така, високото ниво на калциум во кефирот може да придонесе за здрави коски, намалувајќи го ризикот од остеопороза. 4. Јапонските нато и темпех - најдобар избор за коските Нато е традиционално јапонско јадење направено од ферментирана леќа, тоа е богато со влакна, калциум, витамин К, железо и калиум, што го прави корисно за здравјето на коските. Слично на тоа, и темпе-то се прави од ферментирана леќа, исто така е богато со влакна и може да го подобри здравјето на цревата и нивото на холестерол. 5. Кимчи - најдобар избор за слабеење и спречување на косопаст Кимчи е едно од најпопуларните јадења во корејската кујна, се јаде како прилог и се состои од солени и ферментирани зеленчуци со зачини. Ова јадење е богато со влакна, витамини А и Ц и корисни бактерии кои се добри за цревната флора. Една студија од 2019 година покажа дека мажите кои консумираат кимчи двапати на ден имале зголемен број на влакна на скалпот по само еден месец. За жал, јапонските и корејските јадења не се толку популарни како традиционалните кујни од регионот, но може да се најдат во рестораните кои служат ваков вид на храна. The 6 cheap ‘superfoods’ that are key to flawless skin, weight loss and help prevent balding #WellnessJourney #HealthyHabits #HealthyLifestyle #HealthyLiving [Video] FERMENTED foods are the bees knees if you want to improve your gut health and… https://t.co/R7RXWbF4J3 — Marta Fernandez (@MartaFGNN) March 24, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter